Ама во ниту еден пост ниту бев дрска, ниту те навредив. Само кажав дека луѓе коишто изневериле не го сакале доволно партнерот. И, оние кои оставиле стерилен партнер исто така не го сакале доволно, и никој неможе да ме убеди во спротивното. Кога човекот што сум го избрала за животен партнер, без разлика на се го сакам и ќе го сакам исто па дури и повеќе од претходно и никогаш нема емоциите да ми ослабнат или да ми се сменат доволно за да посакам да го оставам, и сметам дека така и треба во суштина да биде. Затоа што бракот не е шала и не е за определено време, затоа пред да се склучи треба добро да се размисли за истиот. Затоа денес има премногу разводи дури и после една година брак, што е претеризам според мене.
Знаеш колку огромни љубови познавам кои згаснале? Причини најразлични. И да, биле вистински љубови. Во животот можеш и повеќе пати да сакаш и да имаш вистински љубови. Ама ај, млади сте, па мислите дека се знаете и се сте виделе На темава, ја кажав погоре случката на која бев сведок. Мене ми е одвратна постапката да оставиш некој само затоа што е стерилен, ама... тоа сум јас. На крајот ако некој те остави (или сака да те остави, сеедно) заради стерилитет, подобро да го направи тоа. Ти направил услуга за да најдеш нешто подобро. Убаво би било пред брак да се кажат работите и ставовите за да знаеш на што си, ама не секој знае што би му се случило во иднина и како би изреагирал (освен @CameliaMiller )
Темава ме инспирира да го прашам дм за ова, знаејќи дека тој е човек што многу сака да има деца. Што ќе направиш ако сум стерилна, дали ќе мислиш да ме оставиш? Тој рече дека никогаш стерилитетот не е причина за развод и дека љубовта треба да дојде пред се. Дека ако не може да има со мене деца не сака да има со ниедна друга. А замислете е човек што ептен сака деца да има. Го познавам многу добро и знам дека она што ќе го каже е вистина. И јас никогаш не би го оставила ако е стерилен бидејќи како што кажав тој е единствената причина што сакам воопшто да имам деца. Па и не е стерилитетот единствена болест. Се' може да се случи недајбоже. Тогаш треба да крениме раце од партнерот и да бараме друг пошто "сакаме да се оствариме со здрав човек"? Таквите луѓе не заслужуваат да ги сака некој? Епа не може така бе, јас не почитувам такви луѓе што бегаат кога станува тешко. Се знае дека никогаш не сакале вистински. Ако си го сакал партнерот ќе го сакаш секаков, и во такви моменти баш најмногу се докажува дали има љубов или не. И да, чувствата кај големите и вистински љубови не се менуваат, кој што сака нека каже.
Do ragjanjeto Na deteto ljubovta kon partnerot e najgolema, vecna , plafon vo emociite. Potoa ne postoi sustestvo Na planetata zemja pa I spostvenata majka ja sakate pomalku, koe Ke go sakate poveke Od sopstvenoto dete. Daj Boze , devojki da si doziveete, so pomalku maka da dojdete do Nov zivot , sonce koe Ke vi go gree srceto. A Sega mozete da me osuduvate, ili da plukate Na mene no nekogas Ke me razberete. Ubav nedelen den I prosetajte vo priroda.
Животот е непредвидлив се може да се случи. На една возраст размислуваме на еден начин на друга возраст другачие. Ако некој се решил да се раздели од партнерот заради таа причина не значи дека не го сака ами едноставно со него не се осеќа целосно исполнет. Ако некој и покрај сите препреки и маки остане со партнерот не значи дека го сака повеќе од другиве што се разделиле ами стиснал заби и решил неговиот живот да има поинаков тек од останатите. За дете сеуште не сум размислувала. Приоритет ми е да имам партнер кој ќе ме исполнува во секој поглед и со кого ќе имам партнерство и заедница а на крај заеднички живот. Не можам да кажам децидно дека ако наидеме на таков проблем би се разделила од него но не можам да кажам дека и би останала по секоја цена со него. Не знам емоциите какви ќе ми бидат за 10 години од сега и желбата за дете каква ќе ми биде за 10 години од сега. Од друга страна не дај Боже и да имам репродуктивен проблем не би сакала партнерот да го врзам за себе по секоја цена ако знам дека нему желбата за дете му е цел во животот која сака да ја оствари за да се осеќа комплетен.Не дискутираме за стан или за кола ами за нов живот. Од друга страна доколку не можеме да имаме деца, а живее во некој затуцан и закоравен свет каде испод част му е посвојување или инвитро обиди тогаш дефинитивно се разделувам од него.И тоа нема никаква врска со љубовта која ја гаеме еден према друг туку со различни размислувања и себичност која ете не била ставена на тапет на самиот почеток од врската или бракот. Животот не е црно-бел па лесно да се каже -Ја не би ова или ја не би ова. Секој реагира различно во дадена ситуација и различно се носи со предизвиците на истиот. Љубовта нема никаква врска со тоа, ами размуот и емотивниот склоп на една личност. А сите ние сме различни индивидуи и никој не е меродавен да суди за одлуките и постапките на другите.
Ако сме млади незначи дека сме глупави и дека поима немаме од работите. Да, млада сум ама знам дека со партнерот сум од љубов и дека тоа ќе трае цел живот и дека без разлика на се нема да дојде до разделба ни од моја ни од негова страна. Лично јас во променливи чувства и половична љубов не верувам.
Иви... помисли на некој што го сакаш повеќе од себе. За кого би извадила срце, бубрег, би го дала животот... може да е мајка или брат или дечко... Е љубовта кон детето е многу поголема. Љубовта кон дечко или маж е неспоредлива. Некој да го лишиш од таква љубов е тажно. И нема да ја сфатиш се додека не го земеш детето у рака. За детето сите би ги множела со нула. Затоа не викај дека знаеш се. Сите така викаат ама додека не се случи не знаат. Мнооогу е поинаков животот после раѓање дете. До толку што не знаеш што битно имало у твојот живот пред детето.
Иви има две деца. Не е дека не знае што е љубов кон дете. Еве јас не знам, а денес, ако веќе морам да бирам меѓу дм и дете, го бирам дм. Не се осеќам неисполнето, океј ми е.
Баш затоа што имам две деца со човекот што го сакам најмногу. И да, јас неможам да правам такви споредби, поинаква е љубовта за дете, поинаква за родител, за маж, за брат/сестра, за секој од нив имам посебна љубов. И замисли, за маж ми би дала и бубрег и срце и живот зошто е толку голема мојата љубов кон него. И да, само со него сакав деца да имам, сигурна бев во тоа и пред да почнеме да правиме планови за деца. Зошто знам дека никој нема да ме чува, цени, сака и почитува повеќе од маж ми.
Стерилитетот може да го уништи бракот,поготово ако една жена да копнее и плаче за потомство,тешко ми е да поверувам дека некоја свемирска љубов ке може да го надмине тој копнеж и желба. Може само да ја потисне.А љубовта не е доволна една несрекна и тажна личност да ја држи во брак.
Во многу случаеви деца се прават за да се задржи бракот и живеат несреќно партнерите, се мачат. Имав блиски што направија дете и бракот им висеше на конец, па направија второ во знак на помирување и на неполна година на малото се разведоа. Сега децата ги чуваат баба и дедо а мајката и таткото си бркаат своја работа зошто се млади и на крај страдаат децата. Други направија две деца, ама мажот паралелно имал девојка и две вонбрачни деца, жената дознава и се разведуваат. Затоа, љубовта е најбитна според мене. Деца створени во брак со љубов само ја надополнуваат среќата, а во брак каде што има стерилитет а има голема љубов успева и не завршува со развод и имаат многу похармоничен и исполнет брак од парови што прават деца зошто само едниот партнер сакал, бил очаен за дете.
Има доста мажи што се водат на тоа дека сакаат здраво дете што ќе биде нивна крв ,и ако партнерката не може да им го даде тоа ќе се разведат или ќе идат со други и слично. За мене лично стерилитет не е причина за брак. Со модерна медицина , посвојувања итн итн, ова го гледам како проблем што има решение, не сум затрескан по тоа "моја крв , мое дете", така да тоа мене ни би ми било причина да се разведам. Се разбира , вака сега размислувам иако не сум бил во таква ситуација, али верувам дотолку бидам дека ќе останам на истото.
Еве јас сум во оваа состојба. Брачни партнери, кои што повеке години се борат стерилитет. Лубовта мегју нас поголема од почекотот на врската, слога преголема, стамбено и материјално обезбедени, но фали дете. Ни ин витро помогна, ниту лекување во странство, ништо. По секоја постапка само разочарување и болка. Јас му велам да си најде друга, барем тој да е срекен, тој ми вели дека јас сум неговата срека, и остава на мене што да правиме понатаму, дали да живееме без деца или да присвоиме. Болката ми уште поголема што два пати останав природно бремена но имав спонтани абортуси. И што сега ???? Многу големо прашање
Многу ми е жал мила... Посвојте си....зошто да не.. Или не се откажувајте од инвитро А зошто да го молиш да замине кога те сака? Кога се толку многу сакате и почитувате и сте години и години заедно зошто вака му правиш и си правиш себе си.. Едноставно ќе се помириш дека тоа е така ќе најдеш простор ете даизлегувате по дома да се забавувате и слично Крај краева па и да си посвоите едно детенце ако можете зошто да не?! Не го туркај од себе си мила.. Ако се сакате и почитувате тоа е доволно! Животот многу е тежок за жал тежок во буквална смисла на збор. Мораме да ги надживуваме тешките работи. Мораме
Жал ми е што се соочувате со вакви проблеми. Но, мене ме интересира, зошто ти мислиш дека ќе го 'казниш' ако остане со тебе? Тој не е бебе, па да не знае да одлучи, што и како сака. Чим сака да биде со тебе, толку е. Нема потреба да мислиш дека не е среќен
Искрено, многу ме плаши тоа присвојување на дете. Најпрво тоа што многу време се чекало, потоа тоа шетање по државните институции и одговарање на недолични прашања кои таму се поставуваат. И на крајот ке ти дадат дете од осум, девет месеци, и еве од утре ти си му мајка. Не е баш така едноставно. А за мое да родам, не ми се верува веке. Ние пет години сме нон-стоп по болници. Не сме паузирале ниту месец дена. И јас имав нада до пред некое време, но повеке не Кога една работа, не бидува, НЕ БИДУВА.
Ова првпат си го напишала и толку!! Веќе да не го помислуваш а ниту пак гласно да го изговориш. Извини што сум директна, но бракот не е само да постои заради деца, треба поинаку да размислуваш. Вниманието, почитта и љубовта го сочинуваат бракот. Оваа идеја ни на крај на листата не ја споменувај. Можеш да паузираш од борбата, може и тогаш ќе има успех. Вака само се уморуваш и стигнуваш до дното. Постои психолог, па и заедно да посетете не е лошо-има ефект, има начини како да се надмине овој тежок период. Развод-не доаѓа во предвид, во никој случај за овој проблем. Не ми се лути, знаеш дека од искуство зборувам, не сум лаик во оваа проблематика. Но мора да си психички подготвена за најубавата работа во животот. Еден ден ќе се смееме за овие мисли, затоа нека стојат тука запаметени да не потсетуваат на едно премрежје во животот кое мора да се помине, на полесниот или на потешкиот начин
Ова болдираното е твоја констатација или на докторите? Се додека теоретски има шанси да се забремени нема откажување. Има безброј примери како твојот каде истрајноста им се исплатела и нема откажување. Не знам ни колку си возрасна ама и тоа нема во денешно време граници, во мојот град има пример каде после 10тици годони несупешни обиди за добивање дете си посинија па потоа за неполна година жената си забремени по прирорен пат и сега си имаат 2 дечиња. Брат ми се боера 12 години па ете ги денес имаат 2 јунака кои се веќе големи. И ние лично се мачевме ама немаше откажување иако и мојата сопруга истото го размислуваше па по 6 години си ја добивме ќерката . Така да нема откажување, најбитно е да бидете позитивни и убедени дека ќе успеете. И ако сте сигурни дека детето што ќе го усвоите ќе го сакате како свое родено тогаш не треба да има препрека а не нарочито со некои “неедолични “ прашања како што ги велиш ти. Важно е и твојот сопруг да биде секогаш со тебе на тој тежок пат кој треба да го изодите. Со среќа