@eta срамота е на оваа денешница каде што има милион можности да имаш дете да кренеш раце. И без матка да си пак можеш да имаш дете еве верувам еден куп како и мене би се согласиле да износат детенце само за некој пар да направат среќен, бидејќи јас најдобро знам каква е болката да се бориш за детенце. Здравје само
Еве додека те читав некако си помислив дека ќе останеш бремена. Можеби дека не сте изгубиле надеж и не сте ја изгубиле љубовта туку со негување на истата сте ја зацврстиле. Скоро секогаш патот до целта е трнлив, но не се откажуваме до крај. Ако другите работи се во ред со вас, ќе останеш бремена. Не ја знам причината за спонтаните, дали правеше хистероскпопија со лапароскопија, често септум доведува до спонтани. А и генетски испитувања за двајцата да направите ако веќе не сте. Немој со такви негативни мисли, луѓе се обидуваат и повеќе од пет години па успеваат. Потоа ти го прочитав и наредното мислење. Дали ќе останеш бремена пред или откако ќе посвоиш не треба да ти биде важно, бидејќи во двата случаи треба двете да ги сакаш како лично твои. Не ми се допаѓа како размислуваш за посвојувањето, дека тоа било замарање, одговорање на недолични прашања и особено тоа дека ќе ти дале дете од седум осум месеци и на биди му мајка. Не знам што мислеше со тоа. Можеби тоа е твојот предизвик во животот. Треба да расчистиш со тоа. Треба да ги сакаш децата, бидејќи тие се невини суштества. Не може тебе директно од стомак излезено да ти го сервираат, реков дека за дете треба пат без разлика дали е лично твое или посвоено. И ако си бремена ќе го чекаш девет месеци, што ти менува ако земеш дете на девет месеци? Имам пријателка која чекаше ред за посвојување и на крај посвои две близначки на три-четири годишна возраст и е пресреќна со нив. Мораш да расчистиш со емоциите. А не како некои (што сум читала, не знам лично) ќе посвојат, па ќе родат свое и се откажуваат од посвоеното или го отфрлаат, помалку го сакаат итн... Ти посакувам да си добиеш бебенце што поскоро, имаш љубов и поддршка од сопругот, еве и од нас на форумот.
Мои познаници скоро посвоија бебе. Не чекаа предолго... 1-2 години максимум, помалку од 2 сигурно. Други луѓе се. Неопислива среќа. Немој толку негативно да гледаш... никогаш не знаеш што следи. Секакви приказни има околу нас. Моја другарка е посвоена. После неа имаат биолошко дете нејзините... никој не би рекол дека не се биолошки сестри, или дека е таа помалку сакана... Низ форумов само ќе најдеш слични приказни. Не се обесхрабрувај. Имањето на партнер кој те сака во добро и во лошо, е доволно за да успееш во се' останато. Дали биолошки, дали посвоени деца... чим имаш со кого вистински да ги сакаш, да ги чуваш, да им овозможиш убав живот... на добар пат си, се' ќе биде во ред.
Немој да влегуваш во страв во процесот на посвојување. Приказните се најчесто многу убави. Дали ќе имате биолошко дете после посвојувањето е небитно. Битното е дека ќе имате едно мало човече кое ќе ве сака најмногу на целиот свет. Кое целосно ќе ви го смени животот. Не е лесно да се помине низ процесот, особено после борба со стерилитет и разочарувања ама исходот вреди. Инаку сега прилично е забрзан процесот на посвојување, а и не знам за какви недолично прашања станува збор. Познавам повеќе луѓе што посвоиле дете и се пресреќни со одллуката. Никој од нив барем до сега после тоа не добил биолошко дете, ама тое е најмалку битно во целата приказна. Ти зборувам како паталец кој поминал низ голготи за да добие дете. Мене секогаш опцијата посвојување ми беше високо на листата, ама на крај успеавме со ивф. Сега пак ми се врти во глава посвојуавње, ама ако веќе имаш дете тоа многу тешко оди.
Убаво ти кажала @Abeja Немој да избрзуваш со толку важни и комплексни ситуации. Треба да седнеш и да размислиш малку. Вака со овие брзи и не размислени заклучоци го повредуваш сопругот а и ти се повредуваш. Секаде каде што има љубов почот подршка искреност и компромис се се решава!! Верувај ми.
@Alishan30 , @vitamina ,@JoyJoy ,@Abeja , @CameliaMiller ,@ocicka2014 ,@ALISA0000 , @Milan93 , и нека ме извини некој ако не го спомнав, ви благодарам на советите, сите сте во право. Ете беше тоа некоја "жута минута", можеби хормоните зборуваа наместо мене. Ке почнеме со собирање на документи за присвојување, тоа е договорено веке, мажот ми одамна сакаше, јас бев таа што не беше сигурна. Можеби затоа што два пати останав бремена, па потајно се надевав дека ке успеам. Во мегју време нашата борба продолжа . Ве сакам сите
Ќе си останиш природно пак бремена,верувај ми,чим си останала два пати ќе останиш пак,бирајте добри доктори,сигурно имат причина шо се десиле абортусите,само требит да ја откриетеи да спречите нареден пат. Ви посакувам многу многу среќа!
Мора прво да расчистиш со себе, дека прво можеби нема да имаш биолошко дете и ќе го имаш само посвоеното, ама треба да го сакаш како биолошко, а не да не можеш да се помириш со тоа. Второ можеби ќе имаш потоа и биолошко дете, не треба да правиш разлика меѓу нив, треба да седнеш и да размислиш дали во иднина си спремна на тоа и да се носиш со вакви работи. Не можат хормони да зборуваат наместо тебе, тоа е само изговор. Во ред е да не бидеш сигурна, ама не е во ред да правиш нешто за кое не си сигурна, така да ако ти треба уште време да размислиш слободно почекај, ако така мислиш дека треба, бидејќи човечки живот е во прашање, а одлуката што треба да ја донесеш е за цел живот.
Ти благодарам Сигурна сум душо, и во својите чуства и во одлуката што сум ја донела. Непознато дете што ке го сретнеш на улица, два пати да ти се насмее го засакуваш, а не па тоа што расне со тебе. Дај боже да бидеме со мажот ми живи, здрави и да си се сакаме како до сега, и да си доживееме да си се радуваме на успесите на тоа дете.
Не ја губете надежта. Јас ги земам за пример едни мои блиски роднини кои не можеа да имаат деца и после неколку години добија близначиња Имајте верба, а ние феминките ви стискаме палци
Ќе си имаш и посвоено и билошко, ќе видиш. И двете ќе ти бидат ДЕЦА, твои и на мт, најсакани и најчувани
Да се напушти партнер само ради стерилност е глупост. Тука не станува збор само за поимот стерилност, како проблем. Тука има и други проблеми. Јас барем го сфаќам тоа како не доволно трудење на остварување на заедничките желби. Ако сакаат, ако мислат да бидат заедно, ако градат иднина, сметам дека се ќе направат да си ги исполнат соништата и желбите. А ако некој нема сили да се бори, редно е да седнат на маса и отворено да разговараат кој до каде може да иде и издржи. Треба заеднички да одлучат дали сакаат да се разделат, дали сакаат да се борат или да се откажат и да гледаат и чуваат туѓи деца. Ама заедно!!! Сме биле во ситуација... не знаеме што е проблемот, во кого е... што е.. сите наоди во ред, бебе нема... Јас, изгорена за дете... плачам зошто таа ми е единсттвена желба без која не можам. Седнавме, што сега?? Без дете не се оставаме... што сака нека биде ќе успееме. Има инвитро, има донори, има посвојување. Ќе успеам... Ама, кој колку сака и може да издржи пак ќе кажам. Некој не сака да признае дека има проблем, па лесно е, чао ќе си најдам друг/а. Не сака едноставно да прифати дека има проблем. Многу делува себично, јас сакам дете... као ќе најдам некој/а од улица ако треба, ама тебе ќе те фрлам во ѓубре пошо не вредиш. Во брак се двајца, за дете треба двајца. Патем, во тек на испитувањата ми кажаа дека можам да бидам донор... која иронија, јас не останувам трудна ама можам да бидам донор... Има решенија, само кој колку сака да се потруди. А љубовта.. кај што нема разбирање и заеднички договор, љубов нема... па нек се разведат тогаш.
Фала богу нашето искуство е позитивно... никогаш не ни помисливме да се разделиме. Дадов пример само.
Што да ти кажам што веќе не знаеш , што не си искусила . Што ќе ти раскажувам за солзите . Сигурно и тебе ти се најдобри другари . Да те тешам дека љубовта е најважна ? Еве најважна е , без неа не се може . Ама празните раце говорат нешто друго. Знаеш колку пати сум сакала да го оставам мм? Колку само сум го молела да проба да си најде некоја друга ,некоја која би можела да му роди дете . На никој наш неуспех мм се нема расплакано пред мене . На оваа моја идеја липаше како мало дете. Ќе ти биде поттик ако ти кажам дека во рок од три години имав три ванматерични бремености, една операција , една биохемиска бременост по природен пат, еден спонтан на бременоста добиена по природен пат , четири неуспешни ивф , една инсеминација неуспешна?! Пред година и нешто поднесени документи за посвојување . Па вратени со еден куп барања за нови документи . Па нашата возраст била проблем ,па ова па она .... Ако ти кажам дека фацата ми е изобличена од сите хормони кои ги имам примено до сега ќе ти смени нешто ? Јазикот ми е издуван од таблети , пијам по 30 и кусур на ден . Немам дел од телото кој не ми е со модрици од инекции . Па еве ме . Навидум среќна и исполнета . Ама душата ми знае . Колку пати навечер ќе ја згризам перницата и ќе плачам во себе , мислејќи дека маж не ме слуша . Знам дека ме слуша , го слушам и јас дека и тој липа , само се правам дека не го слушам . Кога ќе ме гушне и ќе ми рече да не се сеќирам знам дека тој повеќе се сеќира од мене . Ама тоа е Ета. Ова е патот кој мора да го изодиме. Ова е битката која мора да ја водиме. Ова е животот кој мора да го живееме . Од нашата кожа во друга не можеме. Што и да одлучиш мора цвтсто да веруваш дека еден ден и на вас среќата ќе ви се насмевне.
Низ ист трнлив пат одиме мила @Bubce38 . Од една страна благословени што имаме мажи кои премногу не сакат и се би дале за нас, од друга страна раце без дечиња. Ајде белки и на нас ке ни се насмевне срекјата, белки ке се смилува господ, ако не заради нас, барем заради добрината на нашите мажи. А зошто ви ги вратија документите за присвојување, нели барем едниот да не е постар од 45 години?