Duso citam I placam zatoa sto go minuvam toj trnliv Pat i Jas 3 missed vo 4god pred 1nedela I 3neuspesni inseminacii operacii ama kako so kaza od ovaa koza vo dr nemoze samo da SE molime I nas da ne izdraduva dedo booze I nikako ne podrsuvam razvod a posebno mojot maz samiot veli ako ne biva da si posvoime
Како тоа љубовта преовладува, а ти си размислувала дури и си се консултирала со мајка ти да го оставиш??? Којс љубов преовладува тука, онаа саможивната, себичната кон тебе само???
Веројатно сите што го минуваат потешкиот пат за да дојдат до детенце, имаат кризи во бракот. Можеби на некој начин и очекувано е, од една страна преголема желба за дете, од друга страна долго време лекови и разочарувања, болни прегледи и сл. Во тие моменти фрустрациите си ги вадиме на партнерот, не размислувајќи дека се повредуваме едни со други, поддршката се претвора во обвинувања и депресија. Мораме да најдеме сила да се соочиме очи в очи со ситуацијата, и да престанеме со гнев и самосожалување. Никогаш не знаеме што може животот да ни приреди, ако имаме деца можеби нешто друго ке ни фали. Мораме да си го задржиме духот, па макар и со помош од психолог. Поддршка до сите што се бореле и се борат со стерилитет.
Даа, фала му на господа, успеавме . Ги читав претходните постови, за да ја видам датата кога сум била толку очајна и разочарана од жувотот, и сум ги пишувала овие постови. Колку е значи животот непредвидлив ...... февруари 2019... разочарана до толку, што се вика да не ти се живее повеќе, а после само 10 месеци....позитивен тест и бебче во стомакот Ќерка ми веќе има 25 ипол месеци, и веќе муабет си правам со неа . На сите им ја посакувам истата среќа Девојки сите ќе станете мајки, кои порано, кои подоцна. Сакајте си се, развод заради стерилитет никакооо.... Иии чувајте си живци и здравје ќе ви требаат за понатаму @Bubce38 поздрав до тебе , уживај со јуначето и со мажот кој неизмерно те сака.
Чудно ми е како повеќето сте пишале дека не поддржувате. Јас лично, не би напуштила партнер поради оваа причина. АМА, би очекувала да пробаме се, да се обидуваме, да се размисли и на останати варијанти(донор, посвојување) и во овој процес би очекувала негова поддршка. Тешка е ситуацијата и за двата партнера. И не е само неплодноста. Тука се јавуваат кавги, депресии, плачки, обвинувања.. Не е секој спремен да живее со тоа, и тоа е океј. Не е секој спремен да живее без детенце, и тоа е океј. Лошо е да се напушти партнерот, да, ама од друга страна лошо е да не си ја исполниш најголемата желба во животот. И цел живот да живееш во прашања: Што ако..?. Јас не би осудувала.
Точно, но тоа се зборува пред да врската стане посериозна или брак. Истото се зборува тогаш и ако некој во никој случај не сака дете. Се' што е deal breaker не се зборува после 5 години.
Ретко кој зборува на тема неплодност пред брак и пред да се јави неплодноста. И не знаеш како ќе се осеќаш тогаш кога ке дојде. За несакање деца, да се согласувам дека треба да се зборува во врска, и де зборува. Ама неплодноста се уште ни е “табу-тема” и никој не сака да си ја “предизвика бељата”. Секој мисли дека не може него да му се деси, додека не се деси. Еве јас само што ќе помислам, одма менувам мисла и си викам ај да не се депресирам за џабе. И така…
Епа тоа е многу безобразно. Јас зборував. Дека се големи шансите ако не можам природно да имам деца, да не одам на ин витро. Не сум убедена дека тоа го сакам за себе. И фер е на партнер тоа да се каже. Исто како што е фер пример, некој не би сакал да посвои. Тие работи се зборуваат со време, а не, во добро и во лошо, здравје и болест, упс не уствари, само во добро и во здравје. Не е фер.
Не реков дека е фер. Само така стојат работите. Еве ако кажам сакам да имам деца додека сме во врска, и утре се јави проблем кај партнерот, тогаш фер е да го оставам? Бракот, освен љубовта, е сплет на интереси, корист, надополнување. Кога не се исполнети одредени очекувања, фер е да има разделба. Еве многу сакам деца, треба ли цел живот да жалам и да живеам во тага ако партнерот не може да има деца, а притоа не соработува( не сака посвојување, донор…). Фер ли е тоа кон мене? Не викам дека е целосно океј да се остави партнер, ама исто така не осудувам. Подобро да го оставиш да си ја бара среќата, одколку цел живот да се осеќа дека ти должи нешто, да плескаш во фаца дека поради неа/него немате деца. А многу такви случаи има. Е, тоа не е океј.
Треба да му кажеш дека за тебе е deal breaker неплодност. Може спермограм ќе си направи човекот. И да кажеш дека секој начин би го пробала. Можеби за него е пак тоа deal breaker, па он ќе ти речи сори, ај секој по свој пат. Безобразно е да ја залажуваш личноста која тврдиш дека ја сакаш. Толку. Ова што мене ми кажуваш, треба на партнерот. Не е комплицирано
Ама не е баш така црно и бело. Ја сфаќам твојата поента, ама јас не можам да знам како ќе се чувствувам во таа ситуација. Еве од оваа гледна точка, мислам дека нема да ми е deal breaker. Ама мислам, значи не сум сигурна. Кога ќе размислиш дека не де бориш само со неплодноста, туку и работите што таа ги носи: депресија, самообвинување, затворање во себе, нерасположеност, плачења….Партнерот, особено оној кој е “крив”, неретко се губи себеси низ тој процес. И да прифатам да немам деца, може нема да прифатам да имам партнер без воља за живот. Исто како со било која хронична болест/повреда. Сега си викаш јас го сакам, никогаш нема да го оставам, ама не дај боже напредна фаза на мултипла склероза, сообраќајка, мозочен удар каде што партнерот буквално станува билка, и не е така лесно. Не е љубовта пресудна за се. А ако така гледаме, ако ме сака, ќе сака и јас да сум среќна, не?
Ама баш така се кажува - не знам како ќе се осеќам во таа ситуација. Ај да те прашам. Замисли со некој, го сакаш, со години сте заедно, се мажиш, тема деца не чепкате. Е опс, тој деца не сака. Значи нејќе. И? Требало да каже? Или не?
Затоа ти викам, несакање деца и неплодност се две различни ствари. За несакање деца се кажува и се зборува, ама за неплодност и не баш. Никој не се надева дека е неплоден, освен ако нема причина. Еве за болест, каде партнерот се претвора во билка, што би правела? А најмногу на свет го сакаш.. и за тоа ли трена да зборуваме? Па така ако гледаме, секој има граница што би трпел што не, ќе наидеш на проблем што не можеш да поминеш преку него.
И јас би сакала. Ама еве искрено, моментално не знам како би изреагирала во таква ситуација. И што треба да кажам? Не е фер ни да бараш “гаранција” од партнерот дека нема да те остави во тој случај. Работава ее зборевме додека бевме дечко и девојка, ти ми кажа не те смета, сега не смееш да заминеш. Не викам дека е најморално да го оставиш партнерот, далеку од тоа. Само дека не е толку црно-бело.
Абе сите подразбираме дека нема да се изневеруваме, па во пракса неверство постои. Поентата е да минимизираш, со тоа што си искрен.