А зошто да не вештачко оплодување со непознат донатор? Да речеме, јас сум неплодна, а сопругот е во ред, не би ми пречело да се оплоди , да речеме сурогат мајка, со репродуктивниот материјал на маж ми. И јас би се остварила како мајка , а и тој како татко. Многу лесно се приврзува со деца кога се води борба со неплодност. Многу парови посвојуваат деца па ги сакаат и гледаат повеќе од некои што имаат биолошки деца.
А јас па знам другарка што мислеше, т.е мислеа дека дечкото е неплоден, така му кажале, па по 5год незаштитен однос типката абортираше, изненадно и дошло. Дали тој човек ќе ја има таа среќа по втор пат? Ова е се, само љубов не е. Себичност е. Медицина иде напред, има други опции. Најлесно е да кренеме раце од проблемите. Точно дека на своја кожа се учи, дај Боже се помалку т.е никад да нема вакви случаеви.
Tocno e I toa no utre zadutre sto ako nekoj drug mu kaze na toa dete oti e posvoeno sto ako doznae prvo od drug
Има советувалишта како да се справат родителите. Мислам од 6та/7ма год. се кажува на соодветен начин. Весна Бејби е жив пример.
Ima tocno e oti ima I sovetuvalista I psiholozi no vo nasata drzava mnogu vreme se ceka da se posvoe dete
Одлуката за развод во случај на стерилитет зависи само од брачните другари и што очекуваат тие од бракот. Лично јас заради стерлитет без разлика мој или на брачниот другар не би одела со развод. Би ги пробале сите опции и на крај би посвоила детенце. Е сега прашање е дали тој човек што е со мене би прифатил таква борба и на крај посвојување.
Борбата со стерилитетот треба да се сфати како заедничка борба, а не како едниот треба да се бори а другиот да му е подршка. Коа сте заедно по доктори, дремете заедно по ходници, чекате заедно резултати, сеедно е за кој од вас се разботи.
Бракот е заедница. Што ти, тоа јас.. Утеха, поддршка, разбирање.. Лично јас никогаш не би го оставила мажот поради овие причини. Секогаш можеме да посвоиме како крајна опција. Е сега дали тој ќе ме остави мене..тој си знае
Како сакате сфаќајте си го бракот, ама во Република Македонија бракот е заедница помеѓу еден маж и една жена. Ни баби, ни деца не се спомнуваат. Сега. Ако можете да го оставите партнерот затоа што не може да има деца, вие него не го сакате. Ма што сакате причини измислувајте, себични и саможивни сте. И не го заслужувате човекот покрај себе. И без раце, и без нозе, и без око, и без деца... јас го сакам. И се' додека го сакам и ме сака, не постои причина за да се разделам. Ќе го оставам само ако љубовта, од моја или негова страна, згасне. Ни пари, ни куќи, ни деца не ми требаат, ако цената е да се откажам од човекот кој го сакам.
Јас нема да гласам на анкетава оти прашањето ми е малку неприродно. Дали поддржувам развод доколку некој од партнерите има стерилитет? Одговорот за другите е Да, а за себе Не. Немам право да не поддржувам нечија одлука. Ниту пак осудувам ваква постапка. Јас се најдов извесен период во ситуација каде помислив дека некој од нас двајца има проблем. Не ни размислував, јасно му кажав на маж ми дека и покрај тоа што многу сакам да имам деца, со или без нив, јас останувам со него.
Имам колега кој се разведе од бившата жена затоа што таа не можеше да има деца. Сега е со друга и си има детенце. Не е исто да имаш свое дете и да имаш посвоено дете. Ако не можеше маж ми да има деца, ќе се разведев од него. Што ќе ми е љубов ако не можам да имам свое дете.
Не подржувам развод во ваков случај да неможат да бидат родители ,сега има многу начини и добра технологија . Познати исто така со годни неможеле да имаат деца и на крај си посвоија близначиња сега се големи дечиња срцки се
Јас познавам два пара што немаат едните 40години дечиња и се сеуште во брак сегде заедно и друг пар шо се 25 години во брак и немаат деца а секој ден се насмеани и се држат за рака нигде сами ги немам видено толку шо се слошни и дури жал да те фати зошто такви луѓе не добиле дечиња секој заслужува таква радост без разлика на се.. Не е мерило детето не треба да го врзува бракот во никој случај треба да се има разбирање и доверба пред се..
Ако го сакаше маж ти немаше вака да напишеш. Според мене Мене па си велам што ќе ми е дете ако немаме ваква љубов , каква што ја имаме. Но , секој е со свое видување
Во право си дека секој има свое видување. Пак ќе пишам. Џабе ми е љубов ако не можам да имам свое дете. Да посвојам не сакам, а не би се нафатила и на вештачко оплодување. Значи, цел живот би живеела без дете. И сето тоа би довело до караници и на крај развод.
Не би се нафатила ни на вештачко?!?!. Ајдееее .... Ко така заблагодари му се на дедо боже што изгледа ептен лесно те има благословено со челад. Живи и здрави да сте
Не би се нафатила на вештачко оплодување од непознат донатор. Познавам пар кои имаат околу 55 години и немаат деца. Мажот му е колега на маж ми. Самиот кажал дека доколку не можат да имаат свои деца, не се нафаќаат да посвојат. Секој си има свои сфаќања за работите.
Во блиска фамилија на мм имаме пар што се обидуваа за дете може пет-шест години,со тоа што жената остануваше мислам дека имаше останато бремена и имаше спонтан,ама не сум сигурна не навлегувам толку да се распрашувам,па решија да посвојат дете,и тоа млади се немаат ни 40 години,кога се земаа беа 25-26. Си посвоија детенце и после година и пол посвоија уште едно,сега си имаат две машки дечиња,а јас сум сигурна дека они можеа и свое да имаат само не им се чекаше додека биде па се решија на тој чин. Имаат убав брак па и децата едни мили и мирни што им се погодија ,срциња,така да мислам дека кога си со правиот човек не би требало стерилитетот да е причина за развод. Од моја гледна точка јас не би го оставила мм ако е неполоден, не можам да си го замислам животот без него без разлика дали би имала дете со него или не и покрај тоа што многу сакам деца.
Ако некој се одлучи на развод поради стерилитет на партнерот, според мене значи дека тоа не било ни (обострана) љубов, ни брак – туку една голема фарса и себичност од тој што остава. As simple as that