Не би го оставила ако прифаќа сперма од донор или посвојување. Ако е - или негово биолошко или немаме деца, би го оставила зошто не би се откажала од мајчинство за ништо. Ама уште кога одевме како дечко и девојка направивме муабет на темата и се сложивме двајцата со ова погоре. Не би влегувала во брак на ненаправен муабет, а доколку се согласил и се премисли и ништо не прифаќа освен биолошки негово, а да не е можно, развод.
@Mantub тоа е сосема нормална комуникација. Прашањето околу децата : Дали парнерот/парнерката сака да има децс, начинот на кој ќе сакаат да ги воспитуваат, што ако се дојде до проблем со зачнување, што ако детето се роди со некој здравствен проблем, дали е некој од парнерите про абиртус ако се детектираат аномалии на плодот.. Тие прашања се многу битни, а некако лушето ги забораваат или им се табу, или мислат : Не бе ние цела фамилија сме здрави прави кај мене не може да има ништо ( класика балкан) итн..
Твоево е за почит. Искрено и јасно. Да нема недоразбирања. За почит е секоја одлука која е гласно кажана. Проблеми се јавуваат кога се пика под тепих и на крај ќе пукне. Според мене бракот не го прават децата. А ако партнерите се сакаат ќе бидат спремни за компропис кога ќе наидат на проблем.
А има и парови кои едноствано медицински не се компатибилни и жената не може да остане бремена. Имам пример мажот и жената во брак, не можат да зачнат, сите можни прегледи и тој и таа и тука и во странство и одговорот бил Ph вредноста на жената била толку јака што ги уништувала сперматозоидите од мажот. Договорно се разведуваат. Двачцата со нови партнери имаат деца, едниот две другиот 3. Така да тоа е тоа.
Зависи до човекот. Еве го маж ми ме сака ама за него семејство значи жена и дете, не само жена Како што го познавам никогаш не би правел компромис кога се работи за дете. Оти да глумам лудило да викам мнолгу се сакаме, исто ќе беше и без дете, кога не е така во неговиот свет. Можеби и би ме оставил ако сум била стерилна, познавајки го колку сака деца.Некои луѓе не можат да се носат со тоа да немаат деца. А исто така познавам и луѓе кои не можат да имаат деца а за ин витро не сакаат ни да чујат.
Ова ми се чини можело да се реши со ин витро или инсеминација ама мислам де, можда грешам. ********** Инаку на темава помеѓу дете кое не е родено, практично сѐ уште не постои и партнер, со сигурност ќе одберам партнер.
Немало пред 30 години, може и повеќе.. Искрено јас би родила дете со сперма од донор, но си имам други ментални кочници кои ме кочат во тоа..
Има денес решение. Дониран материјал, сурогат, посвојување. Ако те сака ќе најдете решение. Знам хипотетички е муабетот. На пример мислам дека маж ми исто немаше да сака да се мачи ако беше проблемот во мене, ама јас ќе сакав, заради него, заради нас.
Ама за секој тоа не е решение. Не се сите прсти исти.Мама на мажот кога ќе чуе дониран материјал знаеш кај ќе лета сопругата со куфер? Ние немаме свест за тие работи, конзервативно општество сме. За сурогат и јас сум против па макар и никогаш да не би имала дете.
Затоа што само кај нас на маса со цела ужа и шира породица се разговара за најинтимното меѓу двајца спружници, и за матката и патлакот на децата. А кога оделе на Матарушка бања порано божем од водата се лечеле не било срамота.. Инаку јас сум и за сурогат. Искрено. Мама ако не даде амин..
Јас уште памтам, се враќаме со маж ми дома од гинеколошки преглед, милион прашања, следен пат и она сакала да дојде чим докторот слика не дал од бебето...
Е и јас бев сведок на слична случка. На именден, брачен пар без деца, со години се мачеа. Сите по дифолт покажуваат кон жената, демек сигурно таа е проблем, какво минато имала, сега имала вишок тежина, не знам какви дијагнози. Триста претпоставки, и знаете што.. Жената пукна, сигурно не беше прв пат вакво нешто да слушаат, ама прв пат не успеа да се исконтролира и на сите им се развика и им ја кажа вистината. Нејзиниот маж беше стерилен, таа не. Заради него немаа деца, таа можела комотно да го остави него и 5 да роди. Сите замолчеа на масата. Им стана непријатно, дел тргнаа да си одат, дел пробаа да сменат тема. Сега и двајцата се среќни, си посвоија ќеркичка.
На луѓето никогаш не треба да им се исправа кога се работи за тема како стерилност. Можам да замислам како му било на мажот, некој интимата да му ја открива на цела маса.. Невкусно,не фер спрема мажот, а народот секако ќе продолжи да јаде говна. Јас да сум како мажот после таков испад очи нема да ми види.
Lele sega koga ke mi tekne na mene edna bratuceda na mm ne ne kanese na rodenden na nejzinite deca so izgovor oti sme nemale deca zatoa ne ne kanela na rodenden sega pak svekrva I vika zasto ne sum gi kanela jas na rodenden na niv jas samo kazav so koe lice baraat da gi kanam sega jas na niv da gi kanam na rodendenot na kerkickata mi
А како и било на жената? Зошто мажот дозволил жена му да биде понижувана, покажувана со прст, зошто како маж дозволил да дојде до тој степен на жена му да и пукне филмот и да каже сè?
Се согласувам. Не е ферски. Они никогаш ништо немаа проговорено. Долги години се бореа со стерилност, ама до тој ден никој ништо не знаеше, дури ни нивните фамилии, ни мамички ништо. Само се знаеше дека сакаат деца, дека одат на испитувања, прават ин витро и сл. Детали никакви други. А од страна нормално, фрчат претпоставки, сожалувања и оговарања. Единствено знам дека тоа не беше прв пат жената да ја обвинуваат и пред неа да коментираат. Ама како што реков прв пат се случи да не молчи и да им затне уста.
Доколку нечија желба да се оствари како родител е посилна од љубовта кон партнерот очекувано е за мене секој по свој пат и готово. За мене врската со дете е нераскинлива, онаа со партнерот е променлива. Оваа одлука, сеедно каква, е толку интимна и болна, што нема правилно или погрешно. Секој си знае за себе.