Чекај, чекај мене нешто не ми е јасно тука? Викаш ако маж ти неможе да има деца би се развела, бидејќи не би се нафатила на вештачко оплодување со непознат донор. А тој другиот маж, плодниот што ќе го најдеш од кога ќе се разведеш познат ли донор ти е сега? И за твоја информација - посвојување и постапка со донор се два различни поими, ако не си знаела.
Доколку кај мене е проблемот поради кој не можеме да имаме деца, ќе и дадам шанса на неа да одлучи дали ќе остане со мене или среќата ќе ја бара со некој друг. Доколку таа е проблемот поради кој не можеме да имаме деца, јас сум убеден дека во таква ситуација би останал со неа до крајот на животот секако доколку ја сакам и не можам да си го замислам животот без неа. Не би ја оставил сама во моментите кога и е најтешко. Инаку кога ќе видиш ниту мажот ниту жената не се виновни поради тоа што не може да имаат деца, тоа сепак е Божја волја и тука зборот проблем не се однесува на мажот или на жената туку на причината поради која не може да имаат деца.
Како и да е, сакам да имам свое дете. И ако толку е битна љубовта, зошто пропаѓаат бракови заради неможноста да имаат деца?
Кога еден ден ќе засакаш некого,дали сегашниот маж, или некој друг, небитно, е тогаш ќе ги имаш одговорите на прашањата кои те мачат. И љубовта не е битна, туку, НАЈБИТНА е. Бракови не се растураат заради неможноста за имање дете. Се растураат заради немање доволно љубов. Ела кажи му на мм да ме остави за да некоја друга му роди дете!!
Ваше ќе биде незнам што не е јасно. На крај краева твоја јајце клетка ќе биде, тука сопругот може да игра на сакам-неќам не ти. Бракови пропаѓаат поради други причини најчесто родители на паровите, а ако се распадне некој брак поради неможноста да имаат дете-верувај ќе се распадне и да имаат 5 деца.
Да. Тоа и му го имам кажано на маж ми. Нека си ја бара среќата со друга. Секој има различно сфаќање за работите. Јас не можам да живеам со некој што не може да има деца. И не би терала некој да живее со мене доколку јас не можам да имам деца. Колку и да го сакам, желбата за дете ми е поголема.
Сума сумарум - ти не го сакаш маж ти со целата твоја душа како човек за кој би одела до крајот на светот... Повеќе да речеме како бик за приплод
Ај еве хипотетички пример за вас што викате дека џабе е љубов без дете Раѓаш дете, го растеш и еден ден станува полнолетно, и решава да замине да си ја бара среќата по белиот свет... Ќе го гледате на скајп еднаш на два дена, а во живо еднаш на неколку години...Останувате пак сами со партнерот, и? Џабе е љубовта или не?
Овде ако некој пише мислење различно од вашето, одма го напаѓате. Ако вие би живееле со некој што не може да има деца, јас не можам. Јас никого не нападнав од вас. А тој бик ми направи 2 деца. Односно, стрелец е. Од прва правел деца.
Кој несака да има свое дете????? По ферски и човечки е да се седне со партнерот да се напраи муабет. Ако нема проблем здравствен или има, а бебе не се фаќа на било кој начин, најдобро е секој по својот пат. Кога тогаш ќе пукне. Многу ретки се тие што истрајале така 50г во брак, а да немаат потомство. Мое мислење не значи дека е во право. И верувајте љубовта после тоа ја одржуваат дечињата. Грижата околу нив. А има и случаеви 3 деца па се развеле. Се е ова дискутабилно и неможе да се каже од памет
Пропаѓаат од глупи мажи,зошто мажите имаат само мал мозок а не голем. И тој што го имаат им закржлавел. Абе на денешно време науката и научници смислиле вештачко оплодување а ти викаш не би. А зошто не би и посвоила и тоа е дете ќе го сакаш исто како да е твое чедо. А што ги раѓааат па ги малтретираат децата ама битно дека е нивмо така.???????????
Токму ова ми беше поентата, само што не знаев како убаво да го формулирам текстот. Ќе го пишам примерот на колегата. Долги години не можел да има деца со бившата жена , па решил да се разведе. Проблемот бил во неа. Кога му се роди детето од втората жена, беше пресреќен. Ќе полеташе од радост. Голема беше неговата желба да има дете. И братучед на татко ми се разведе од бившата жена, затоа што не можеше да има дете. Втората жена му роди дете. @fina erika не би посвоила дете затоа што можам да имам свое. Кога разговарав со маж ми на оваа тема (уште пред да се земеме) и кога го прашав дали би посвоил дете доколку и двајцата не можеме да имаме деца, одговорот беше - Не. Сака да има свое дете.
И уште 2 да ти направи не е на одмет.. штом сакаш деца Муабетот ми беше сосема друг..ама некои луѓе тешко разбираат и тоа е.. не може против тоа Ќе видиш на стари години, колку љубовта од мажот значи.. Во добро и лошо, во здравје и болест..
Кога ќе видите сите сте во право. Инаку познавав другар кој беше посвоен, бидејќи неговите родители не можеа да имаат деца. Татко му се грижеше за него како за свое дете, а мајка му беше една злобна вештерка која не го сакаше. Другарот беше многу приврзан за таткото и многу го сакаше. За жал татко му прерано почина и тој остана едноставно сам на себе. Другарот од добро дете стана наркоман, бидејќи мајка му не го есапеше ниту 2 посто. Не може секој да биде добар родител тоа е факт.
Абе вие ја слушате заклетвата на венчавката или овци броите? Што значи тоа во добро и во зло? Според вас треба во црква на венчавање да додадат: " Се додека смртта и неплондост не ве раздели " Амин Модерни времија ЈБГ
Јас знам парови што немаат деца, па си се заедно. А плус колку оди напред медицинава. Со донатор зошто да не? Муабетиве ви се немам речи.
Кога ќе се заколнете пред Бога во добро и лошо тогаш се заколнувате за меѓусебна подршка,разбирање и потпора. Тоа може да се случи секому и после 1 родено дете повеќе да не можеш да раѓаш. Ако љубовта е голема и силна ќе ги преброди сите непогоди. Не, е мојот глас за оваа тематика. Секогаш има начин, за се.
Абе се е индивидуално. Ако јас сакам со донатор Стојна несака. Или ако јас сакам да се разведам друг несака. Ова се индивиуални мислења и немаш право да засемаш став кој на секого е различен.