Не оправдувам ваква причина за развод. Како прво, кога веќе решавам да се мажам, тоа е човек со кој што можам да се замислам до крајот на животот, човек со кој што можам и сакам да делам се, и добро и лошо. Во спротивно, не би ни стапувала во брак. Ако се покаже дека не можеме да имаме деца, ќе бараме чаре, барем денес има решение за сè. Банално е и да се помисли дека човекот што ти е сродна душа ќе го оставиш за ваква ситница.
За луѓето кои бараат развод заради неплодност мислам дека не им треба партнер туку само материјал за приплод.
А толку ми е очајно кога некои прво остануваат трудни, па ќе се верат. Демек, додека не останам трудна, не се мажам. Сешто.
И јас го мислам истото. Јас не сакам со донатор. Кој сака, бујрум. Немам ништо против. Јас ставот не го менувам.
Со партнерот се стапува во брак од љубов, после тоа доаѓа прашањето за децата. И да, најбитна е љубовта за да бидеш со некого. Ако нема љубов, нема ни семејство да сакаш да оформиш со него. И не е фер да дојде до развод затоа што едниот партнер неможе да има деца. Каде е тука љубовта, поддршката, разбирањето, заедно во добро и лошо до крајот на животот? Плус, во денешно време има милион опции за да се дојде до дете, не е невозможна мисија. Имам многу блиски луѓе, жената неможеше да остане бремена, после долги и мачни години и за жал операција со вадење на матка, си посвоија дете, веќе девојка. Бракот не им пропадна, сеуште се заедно и се сакаат а на детето му е пружена љубов како што јас на моите деца сум им пружила. Други блиски луѓе имаа случка, долги години во врска, останува она трудна и ајде одма се спремаа за свадба. Кога, доаѓа до спонтан и свадбата магично се одложува, ќе чекале додека не остане пак трудна. Па со ултиматум од нејзина страна, или ќе правиме свадба или готово е со нас, свадба се направи и сега имаат две деца. Јас да бев на нејзино место, во истиот момент ќе му го покажев патот и немаше очи да ми види.
Уф многу долг текст ќе биде, ќе треба едно венчавање пола ден да трае Подобра опција е само да стои "ВО ДОБРО", тоа "ВО ЗЛО" да го тргнат
Затоа што луѓето од погрешни причини стапуваат во брак, затоа. Секогаш постои опција од 1001 причина некој да се разведе, ама ако го сакаш партнерот (мажот или жената) само онолку колку што може деца да створи... не го сакаш. Или не те сака, ако ти си таа со проблемот, сеедно. Да ми понуди дм да направиме дете предвреме, за секој случај... јас ќе го оставам. Ич да не се мачи.
Многу си романтична, вака да ти кажам искрено. Дури претерано. И без раце и без нозе ќе го сакаш.... А без к..? Ќе го сакаш и без к..? Ако не му се дига? А без јазик ќе го сакаш? Викаш ќе го оставиш само ако љубовта згасне. Како ќе опстои без секс? Мислам дека од толку што сте со романтични сфаќања ја игнорирате природата односно биологијата. И јас ја поддржувам љубовта. Но како што човек може да се заљуби може и да се одљуби. И после тоа може да се заљуби пак... во личност што е плодна.
Сфатете дека не размислува секој како вас. Ако вие би посвоиле дете или вештачки би се оплодиле, јас не сакам. И имам право на тоа.
Абе остај. Да сум 2 месеци со него па да речеш хемија. Ама не се 2... Затоа што го сакам повеќе од сите други луѓе, вклучително повеќе и од незачнатите деца. Не ми требаат деца без него. И да како што сум заљубена, можам и да се одљубам, тоа јасно го посочив. Ни во наредниот партнер нема да бројам живи и подвижни сперматозоиди.
Јас би размислила, има многу начини да се дојде до дете.Но ако секој е неуспешен?Лекови,операции,чуда ако не се случи ништо тогаш што?Јас би се откажала од тој брак независно во кого е проблемот.Уште од мала обожавам мали деца и да се грижам за нив, желбата да имам свое дете еден ден и да му обезбедам квалитетен живот ме води уште од средно.Затоа и учам, за да најдам работа еден ден и да можам на своето дете да му пружам живот.Ни во посвојувањето нема ништо лошо но што ако во тинејџерските години се оттргне од мене а јас премногу се приврзам со него?Точно е дека медицината е се понапредна и има решенија но што ако не дојде до решение?Ако некој е 100% стерилен и нема воопшто шанси?Брак со љубов но без деца?Детето треба да е плод на љубов.
Абе упорно ја тупиш вештачки па вешачки... Вештачки не значи дека автоматски не е твое дете Малку да се едуцираш, ајт во темата "вешачко оплодување", да видиш малце друг свет колку парови имаат проблеми па заедно се борат, ЗАМИСЛИ?! Позз
Без разлика, не сакам. И крај на муабетот. Аман веќе. Овде ако некој пише различно мислење, одма го правите будала.
Ментална болест, било која болест за која требаат пари; па и специјална исхрана. Се знае, брак само со 200% здрав, прав, совршен партнер @SummerGirl секој си има право на мислење, така и јас мислам дека си себична и саможивна, и мажот само површно го сакаш. Мое мислење де...
Па кога решив да се мажам помислив дека е можно да немаме деца. Најискрено, си го помислив тоа. Сакам деца, секогаш сум сакала да имам дете. Стресен живот, секакви болести, па и стерилитет. Се ми прелетуваше низ глава. И така си го замислив заедничкиот живот, дека не чека заедничка борба за било што што ќе дојде на прагот. Не го пратив на тестирање сопругот пред свадба. Ниту пак јас бев на тестирање. И утре ден, не само стерилитет, туку и било која болест, потешкотија, инвадилидитет, ќе го проаѓаме ЗАЕДНО. Ако се откажеме на стерилитет, што е со потешките работи? Што тогаш? @SummerGirl никој не те прави будала, тука има и многу парови што вештачки добиле дете, па детето е пак на двајцата сопружници. Исто како и твоето дете што е Ваше. Немој да ми речеш дека различни се децата добиени по вештачки пат?!?!?!!
Многу е лесно да кажеме дека себични се тие што оставаат партнер заради стерилитет, но не можеме да судеме однадвор. Некои луѓе цел им е да се остварат како родител и не можат да прифатат дека тоа нема да се случи. И за мене по фер е вака, отколку да седеш во бракот, празен и неисполнет со потиснати чувства и желби. Некогаш до развод доаѓа и поради разидувања на партнерите при борбата за дете. Па се стварат кавги, тензии, притисоци. Затоа да не судиме однадвор. Во брак не е доволна само љубовта. Премногу ја нагласувате како единствен фактор. Ама не е. Многу комплексна тема е, одлука која ја носат партнери кои ги засега и секако според нивните потреби и желби.
Тогаш чему воопшто брак, свадби, циркузи? Нека направат дете, нек се роди живо и здраво, па ајде свадба. Мене ова да ми го побара дм како услов ќе го доживеам како ултимејт навреда. Или уште подобра опција, нек си направи секој дете со било кого, нема зошто да понижува и изигрува некој друг.
Па не сите пред бракот знаат дека се стерилни.Може не сум отишла јас да се проверам.А со самото одење по лекари,тормозење и барање чаре се ствара нервоза и тогаш?Ќе се сакате ама битно ќе се нерворате и карате секој ден.
Пред да се земеме со маж ми дискутиравме и на оваа тема и на двајцата јасно ни беше дека ние како пар сме на прво место, затоа и сме заедно, сето останато доаѓа после. Лично, не ги сфаќам луѓето кои што би се решиле на развод поради ова, зашто ако меѓусебната привлечност, разбирање и сите оние фундаментални темели на бракот постојат, тогаш разделбата со таква личност би била како некој да ти ја откорнал душата и те оставил да луташ, изгубен/а. Пред неколку години една познајничка ми кажуваше како ќерка и (16 години тогаш) се омажила трудна, зашто такви биле денешните машки, не се женеле ако не им е девојката веќе бремена. Не го спомена фактот дека ќерка и е едвај тинејџер која прекинала средно за да се омажи.. нејсе, не е тема на дискусија ова, ама сепак, со вакво воспитување, не ме ни чудат некои мислења во темава.