Па нема ни јас ни дм да знаеме. Ако сака да знае, ќе умре и нема да дознае. Или ме сака каква што сум, стерилна, со ќораво око, без прст... или не ме сака никако.
@TeddyGrey не би да навлегувам зошто не сакам вештачко оплодување. Икс причини се во прашање. Можеби би пишала некогаш. Во право е @JuLleE. Не е битна само љубовта. Познавам парови кои со години не можеа да имаат деца, па се разведоа. Проблемот си го направи своето. Можеби сакале да имаат свое дете. Јас сум за да се испита ситуацијата до крај. Да се направат секакви анализи.
А ако не постои друг начин да имаш дете? Значи буквално ништо друго освен посвојување или вештачко оплодување, дали и тогаш исто би размислувала? Значи ти да не можеш да имаш деца никако освен на овие два начини, дали тогаш би останала без дете? Хипотетички те прашувам, само ме интересира твојот став на таа тема. Знам дека имаш деца, и веројатно не можеш ни да замислиш поинаку, ама да немаш, и да се ова твоите единствени опции, тогаш што? Во тинејџерските години детето може да се оттргне од тебе и да е твое родено, а не пак посвоено. Точно е дека децата се плод на љубов, ама во денешно време повеќе се за докажување дека партнерот е плоден, читајќи дека повеќето остануваат прво трудни (како еден вид гаранција за плодност ), па се земаат. Може да опстане брак без деца, пример се оние парови кои решиле да немаат потомство. Оти нели, има и такви.
Ехее... Чекај да ти кажам нешто.. Ако сакаш некого, го сакаш без оглед на се. Јас сум прикована за кревет моментално.. Не мрдам ни тело ни ништо. Само рацете.. Не можам да станам ни до тоалет да одам.. Едвај сама јадам.. Имам ненормални кризи оваа недела.. И погоди што... не му ни текна да ме остави. За секс да не збориме.. цела година тешко дека ќе можам тоа А само партнер ми е, не на хартија маж.. Дали ќе го сакам без к*р? - Да. Без секс? - Да.. Ако не му се дига? - па што ако.. заедно сме.. Мене ми е доволен тој самиот..како индивидуа.
Јас искрено, догорочно, не би можел да останам со неа ако знам дека никогаш нема да имам деца со неа. Колку и да ја сакам, знам дека нема да биде доволно. И имам чувство дека не сум сам тука на темава Не го гледам тоа како себичност. Не го гледам тоа како третирање на партнерот како стока за приплод... Едноставно тоа е биолошки императив. И инстинкт. Децата се круната на љубовта. Маж и жена што се сакаат треба да имаат деца и да основаат семејство. И единствено таква заедница би ме задржала долгорочно. Зошто знам дека колку и да се сакаме, без деца бракот не би опстанал.
Не му текна да те остави затоа што верува дека е привремена работа. Нормално дека не бега при првиот знак на проблеми. Но ако сфати дека цел живот ќе бидеш ваква мислам дека би поразмислил.
@SummerGirl ако во случај ти си била таа што неможе деца да има, по твое треба да си осудена до крајот на животот да бидеш сама? Да не сме им во кожа на луѓето што неможат да имаат деца, само тоа ќе кажам.
Ок, не ти ги знам причините. Секој си има свои причини за било што. Јас не би се осудила да немам дете, доколку природно не го можам тоа, можеби затоа не те разбирам. Секој е различен.
Камелија, секој не сака исто. Некоја сака брак ама сака и деца. Некои сакаат само брак. Затоа, може и јас не ги подржувам, ама пробувам да ги сфатам. Затоа не судете. Подобро е вака. Тоа ти е исто кога велите подобро среќен развод, отколку брак со кавги. Љубов може да има, ама џабе е кога ти свесно потиснуваш некои желби. Кога тогаш ќе пукне работата. Затоа најдобро е да си искрен спрема себе и спрема партнерот. Дали ти можеш да живееш со тоа? А љубовта е битна, ама не најбитна. Тврдам дека е така. За брак покрај љубов требаат и други работи. И најискрен совет, сакај си го дечко ти волку колку што опишуваш, ама секогаш имај едно НО! И никогаш не го ставај на прво место пред твоите потреби.
Ако таа ми е среќата, нема бегање. Темава отиде во сосема друга насока. Убаво си е поставена. Јас си го образложив моето мислење.
Е да.. Не се сите мажи како тебе.. Површни Сепак..тоа го знаеме ние двајца.. Тој знае за моите борби низ болници.. Знае за моето здравје.. Знае утре дека не го чека најсјајна иднина...ако сјајна е оваа што ја претставувате И така.. Секоја планина своја тежина
Да,и во потребни документи за венчавање освен кршениче од двајцата да се донесат и испитувања за плодност. Во секоја црква да има по еден доктор обавезно! Иии абе идеиве сами ми идат од креативниве мислења, да си ибам тоа
А јас мислам дека и ти такоЃе си себичен и не знаеш што е љубов, ако ти си убеден во спротивното. Доживеј еднаш таква љубов, да не сакаш да си го замислиш светот без НЕА, ништо да нема смисла без НЕА, ако сакаш дете, сакај само со НЕА, пред се' што сакаш, сакај ја НЕА... тогаш дојди и кажи ми дека ќе ја оставиш. Нема да ја оставиш арно во кома да биде и да вегетира. Зошто взаемната љубов е поголема од се'. Ама види, не секој има привилегија да го доживее тоа чувство.
Па и моето прашање е во склоп на темава, не избегав од неа воопшто. Си се запрашала ли некогаш за ова? Ако ти си таа што неможе да има деца, партнерот да те остави поради тоа а друг исто поради проблемот да несака да има ништо со тебе. Како ти би се справила со тоа? Истово важи и за @Anon доколку си ти стерилен, дали заслужуваш партнер покрај себе? И како би ти било ти да го доживееш тоа?
Таа искреност пред брак. Во спротивно, лажги кажуваат кога ги прашуваат во добро и зло. Да судам? И те како. Не е ова ситуација не знаев. Знаеш. Многу добро знаеш.