мислењево ти е... Очигледно дека појма немаш што е љубов. Не онаа почетна страст кога не ги гледаш маните на партнерот и мислиш дека е најидеалното суштество, туку онаа љубов кога и двајцата имате заеднички цели, разбирање, поддршка во секоја ситуација. Кој не искусил, секогаш ќе вика дека љубовта не е доволна. Ти секако оставај се и дваесет пати ако треба, твоја работа е.
Муабетов е исто како оној за правото на абортус. Секој си има свои причини, погледи и ставови за животот. Е смешно звучи да, да се разведеш РАДИ НЕПЛОДНОСТ, ама уште "посмешно" е да се разведеш зашто опашот ти шетал на друга страна, трпи си пијаница да те тепа или свекрвати магии ти праи. Секој има право да одлучи што сака со животот. Господ дал слободна ВОЛЈАА
@ivi1987 јас му кажав на маж ми дека слободно може да си бара друга ако не можам да имам деца. А што се однесува до посвојувањето, не сакам затоа што маж ми е многу против. @ocicka2014 очигледно не ме разбра. Не можам да кажам дека некој е неплоден само затоа што ете 5 месеци не се фаќа. Друго е кога ќе се направат анализи да се види дали има шанси за подобрување.
Камелија, премногу си романтична и идеалист, ама светот не е вака розов. Верувај и јас не би оставил маж ако не може да има дете. Со ех маж поминав многу работи, прифатив и полоши работи од стерилитет. Но ете некој не може. Прифати дека е така. А дека може да оставеш човек покрај голема љубов, можеш. Оти, пак ќе кажам не е само љубовта доволна некогаш.
@SummerGirl ок, маж ти ќе те остави, друг ќе те остави, трет исто и се тоа поради твојот проблем со стерилитет. Убаво ќе ти биде сама да го поминеш животот? Ете, деца нема да можеш да имаш, да посвоиш несакаш, вештачко оплодување исто не, мажите те оставаат, ќе можеш сама и тоа знаејки зошто си оставена? Среќа не размислуваат сите вака, инаку тешко на луѓето што се борат со најтешката работа во животот...
Не би можела да осудам таква постапка комплетно, искрено. Доколку не би можела да имам деца, а партнерот е навистина несреќен поради тоа, би го сфатила ако сака да се разделиме. Некои постапки не се воопшто лесни да се направат, како што се кажуваат, верувам на никој не му е желба да му се случи такво нешто во животот. Секако би било болно, но мислам дека би разбрала. Од друга страна пак, барем во овој момент, верувам не би се разделила од човек доколку не може да има деца. Би рекла, не ми е приоритет ни услов за да бидам среќна.
Не се сите мажи како тебе.. Паметни There, fixed it for ya. ОК, мојата дефиниција е поразлична. Уз дужна почит, agree to disagree. И по НЕА има живот. Не сум романтичен и не ја воздигнувам љубовта зашто знам и што иде по губењето на љубовта. Животот продолжува. И сфаќаш дека сепак имаш капацитет да љубиш и повторно. Не викам дека би било лесно да ја оставам. Ама во моменти кога би застанал и помислил каква ќе биде мојата иднина, дека никогаш нема да доживеам да ми каже „тато“ лично моето дете, што личи на мене кога ќе го погледнам... Дека никогаш нема да слушнам детски џагор во мојата куќа... Не би можел да живеам со тоа. Секако дека би бил несреќен поради тоа, но би јас разбрал нејзината одлука и не би и префрлал за тоа. Би ја прифатил.
@Anon несреќен и сам цел живот. Кај нема да можеш свои деца да имаш, па уште да немаш ни со кого да го поминеш животот, на кого да се потпреш во лоши моменти и со кого да остариш. Не би рекла баш дека би прифатил. Ама знаеш, кога не му е на човек во кожа, може се да збори...
Е да.. теши се дека си паметен штом бегаш од обврски Ако утре не дај боже после 5год брак жена ти остане во инвалидска количка, сигурно ќе потпишеш документи за развод уште во болница Или ако и ја извадат матката поради ХУ причини.. уште пред операција ќе и дадеш да се потпише.. Тоа не е паметност. Тоа е површност..
Јас прифаќам дека некој “не може да прифати“. И имам ниско мислење за таа личност. Можам да оставам покрај љубов, ако тој не ме почитува, не ме цени, не се однесува со мене како што треба.
Ете ви мислење од @Anon . Џабе што он во име на љубовта ќе потиснува некои желби, кога всушност тоа не е искрено. За ова зборувам, нека си каже уште на почетокот, може да се носи со тоа или не.
Ако сум доволно млад во таква ситуација нема зошто да останам сам. Не би ја оставил оставил жена ми ако остане во инвалидска количка. Ако имам деца со неа, ако, како што кажав, семејство сме, секако дека не би.
Нема вечно млад да бидеш, плус и на младост ако си стерилен, нема што да бараш некој да се жртвува за тебе. И на старост ќе ти треба партнер за да не го поминеш животот сам како куче скитник. За болдов, што да кажам човече. Значи, ако имаш деца со неа макар инвалид да остане, ќе бидеш со неа. Ама ако немате деца, одма ќе ја оставиш. Немам зборови за ваква нечувствителност и себичност.
Хахахаха... важиии Не не, и да немаме деца, а таа остане инвалид не ја оставам. Ако не можеме да имаме деца... тогаш друго е.
Може тоа да се направи пред брак, зар не, Јуле? Не можат да направат и родат дете? Не може ли пред брак да си кажат - слушај, јас МОРАМ да бидам родител, со тебе или некој друг? Не е поедноставно од изигрување на “неплодниот“?
Исто значи, и вака и така се се врти околу децата. Како и да е ако неможе да има деца, ќе ја оставиш. Среќна сум што не сум налетала на ваков човек, дефинитивно.
Она, се венчаваат, среќни, љубовни, се враќаат од свадбено патување, бам сообраќајка, вадат матка на невестава, од болница право во суд, се знае... каде без матка. Ништо без матка. Не си битна без матка. Исто како да не постоиш. Мизерија.