Искрено да ти кажам, језа ме фаќа од вакви луѓе и размислувања. Имам блиска што после неколку спонтани заврши со итно вадење на матка и јајници. Маж и може да има деца ама никогаш не ни помисли да ја остави, скоро до пензија заедно гураат без свое родено дете, туку со посвоено. Е, тоа е љубов, да бидеш со човек кога му е најтешко. Други многу драги луѓе се здрави, прави, ама некомпатибилни, заедно никогаш нема да можат да имаат деца, со други партнери во секое време. Се сакаат и од љубовта што ја негуваат си посвоија дете. И да, среќни се заедно и не помислуваат на развод. Им се поклонувам на луѓето што и покрај сите тешкотии, болести и стерилност остануваат заедно, не се разведуваат. Поклон до земја за нив.
Исто... и роднини имам посвоени, и најдобра другарка... И пријатели најблиски кои имаат проблеми со плодност... ама вакви грозотии само тука читам. Не знам што се чудам, вакви ликови не ни познавам во реалниот живот.
Не би се омажила за некој ако не сум сигурна дека би останал со мене и покрај се. Не гледам поента на мажење ако не зборнеме претходно на темава. Да мислам јас дека некој може да ме остави ако не можам да родам, воопшто не би се мажела со таа личност.
Оо, не се чуди, има и во реалниот живот верувај. Моја најдобра другарка имаше долга врска и се додека не остана бремена и бременоста не ја дотера до 7ми месец, типот несакаше ни да чуе за брак. Она од стрес и стегање, од психички притисок одвај забремени. Сега имаат две деца ама и не баш среќен брак. Жена само да не налета на ваков "чудак" инаку лоша работа.
Може, ама ете не направиле. Верувај подобро е да се разведе поради ваква причина отколку да остане во брак со некој кој по секоја цена сака биолошко дете. Спомнавте примери, има и на форум. Доволно е да сфатите дека постојат и вакви луѓе, со вакви потреби и желби. Не е се идеално, охоо за некој услов се деца, за друг пари. И јас си имам свои стандарди сега и не би влегла во брак со секого, па макар и да останам сама. Кај мене ете не е стерилитет, болест или слично. Ама кај друг е. Има луѓе кои се венчаваат само со лица кои им се слични, дали по сталеж, образование и сл. И ги сфаќам. Најлошо е да се биде во брак, а да не си во целост исполнет.
Исто, исто Јас дете пред брак несакав, трудна невеста несакав да бидам. Е, од кај да знам дал сум била плодна или стерилна и дали во животов ќе имав деца. Нит сме збореле за тоа, нит ништо, доволна беше само љубовта. Ја и ти Камелијо со нормални луѓе си имаме работа
Интересна анкета..замисли молимте, 90% се изјасниле дека не подржуваат развод поради стерилитет..Гарант се ова мислења на премлади луѓе кои слепо веруваат во вечна љубов во која нема разум....ахх, деца деца... ПОДРЖУВАМ развод, се разбира..зошто ако некој од партнерите има можности да створи сопствено дете да биде оневозможен поради лошата посесивност, љубомора или не знам што..не разбирам.....Таква шанса треба секој да ја реализира ако е способен, тс здрав човек.
Мислам дека не ме разбираш. Јас знам дека постојат такви луѓе. И ги избегнувам. Немам добро мислење за нив. Мислам дека се манипулатори, дека брачниот партнер нивни е излажан. Тука збориме за неплодност конкретно, инаку има уште многу други причини поради кои тие луѓе ќе бидат мизерни во мои очи. Се' што значи изигрување, "заебување" на партнерот, е мизерно. Ако веќе некој знае што сака, и се' би жртвувал за тоа, не е фер и не коректно и ниско е да не каже со време.
Да не се надмудруваме во недоглед, очигледно сме со спротиставни ставови и тоа е. Имаш поинаков поглед на работите, да не кажам занесно романтичарски. И ок е. Но Камелија мора да сфатиш дека некои работи не се само црни и бели. Затоа да не судиме однадвор зошто и како.
А што правиме во ситуација јас да сум стерилен, а девојка ми сака да остане со мене бидејќи ме сака повеќе отколку самото дете кое сме сакале да го имаме. А јас не сакам да биде несреќна со мене, повеќе би сакал да ја видам среќна со некој друг со кого ќе има дете. Тука прашање е дали и таа ќе го сака него како детето кое го посакувала со мене. Има многу варијанти на оваа проблематика. Како и да е некој ќе биде повреден во дадената ситуација, а може да се случи и двајцата да бидат повредени и несреќни.
Интересно. Кога би ме прашале сега бирај маж или дете би одбрала дете без размислување. Ама така е затоа што веќе го имам детето кое ми е најважно на цел свет. Ако не би можела да имам дете ќе оставам на партнерот да одлучи дали би останал со мене во добро и во лошо. Ако во него е причината никогаш не би го оставила зашто знам колку сака деца. Би се обиделе на секаков начин да добиеме дете, ама разводот не е опција за мене
Абе Јуле не им суди. Јас им судам. Човек сум и не можам да "разберам" се'. За себе знам дека не би го оставила дм. Ако сум јас неплодната, а нели тој ме остави, за мене ќе биде најодвратниот човек на светот. Зошто не кажал со време, затоа. Можеме да глумиме тука "широкоградни" и полни со разбирање, ама па и не е баш разбирливо за темава да не зборуваш пред брак. Мислам... не сфаќам како некој така лековерно би се одлучил да се мажи/жени. И да, повеќе би ме навредил со муабетов, него со многу други работи. Еве денес тоа да се случи, денес тој муабет да се направи... за нас нема да има иднина. И да, џабе се објаснуваме. Тој што остава некого поради стерилитет е ситна душа, себичњак, и никогаш вистински не го сакал својот партнер.
Ок и сега би ја оставиле љубовта на својот живот, ќе најдете друг/ друга да ве оплоди или роди Така некако. А тој вториот може и тој нема да може па после што... Прашувам зошто не е лесно да се заљубиш одма... а обично сите имаме по едни големи љубови и после тоа не е се исто Мене едното со другото ми немаат врска. Јас би останала со партнерот а знам и тој со мене. Само не ми е јасно се ставате ли на место што ако вие сте тие што нема да можете, можете ли да претпоставите како би се осеќале кога некој би ве оставил вас ради тоа? Штом сте спремни од старт да се откажете од стерилен партнер или не сте доживеле права љубов или површно ја сфаќате љубовта. И за изјаснувањето на Самер за инвитро, ова па никако да го ставам во глава...
Никогаш. Стерилитетот нема да биде причина за развод ако го сакаш партнерот. Секогаш има други можности да се стекниш со дете. Некои нема да се согласат, ама јас секогаш ќе го сакам мојот (иден) сопруг за нијанса повеќе од идните деца. Зошто? Како прво тој е причината што воопшто сакам да имам деца, пред него да го запознам јас не сакав да имам никогаш. Тој е оној што се има пожртвувано најмногу за мене и го сакам најмногу од се и сите. Децата што ќе ги имаме еден ден ќе се омажат/оженат и кој ќе биди со мене пак како на почетокот? Тој. Каков сака нека е јас ќе го сакам до крајот на животот, во добро и зло. Познавам луѓе што се заедно иако не можеле да имаат деца. Сега се веќе остарени. Нема ништо лошо во тоа и да се посвои дете доколку се сака. Тие што сакаат да имаат деца по секоја цена макар и да се разведат, не го сакаат навистина партнерот. Само сакаат некој што ќе ги оплоди/што ќе оплодат. Љубовта доаѓа пред се, па после се друго си иди.
@SummerGirl ти ако малку знаеш што значи ивф, јас во бутот од десна нога сум најтенка. Само знаеш дека не сакаш да одиш на "вештачко " . И дека сакаш свое дете. Толку. Ако веќе волку дискутираш на форум земи читни , разлистај малку.
И ај тогаш нека си седат деца по домови, што има било кој да посвојува?! Тешко било, требало да им кажат дека се посвоени. Да, има тешки работи во животот, на пример потешко е детето во дом да остане.
Инаку познавав другар кој беше посвоен, бидејќи неговите родители не можеа да имаат деца. Татко му се грижеше за него како за свое дете, а мајка му беше една злобна вештерка која не го сакаше. Другарот беше многу приврзан за таткото и многу го сакаше. За жал татко му прерано почина и тој остана едноставно сам на себе. Другарот од добро дете стана наркоман, бидејќи мајка му не го есапеше ниту 2 посто. Не може секој да биде добар родител тоа е факт.
Нешто слично се има случено на мои блиски. Невестава остана бремена, компликации на пораѓај, едвај глава спаси, се и извадија. Детето не преживеа Говедово ја остави и за една година се прежени. Таа си најде прекрасен маж со ќеркичка. Инаку говедото ми е роднина Не можам и не сакам да ги оправдам ваквите индивидуи. Од друга страна, доколку пред бракот еден од партнерите знае дека има проблем со плодноста, треба да каже. Во тој случај оправдувам развод. Не заради неможноста за имање дете, туку заради нефер односот. Бракот врз лаги не може да опстои.