Поентата ми беше дека џабе ние млатиме празна слама, кога не знаеме како им е на оние кои се наоѓаат во ваква ситуација. Како што вика поговорката: После завршената битка сите сме генерали.
Ми чини дека сте згрозени од помислата дека партнерот не ве сака безусловно, па оттука вакви реакции како себичњак, ситна душа итн... Не е себично човек да сака да има семејство и свои потомци. Баш нормално е. Јас не сум чудовиште. Само сакам свои деца. Тоа е се. Не сте сретнале вакви мажи и вакви размислувања зашто, како што самите кажувате, одма би ги откачиле дечковците. Никој нема искрено да ви каже без да се плаши од последиците по него, па затоа читате за ова на форум. Поразговарајте со вашите дечковци на крајот на краиштата и прашајте ги дали сакаат деца, колку деца сакаат, што ако не можете да имате деца, дали би се согласиле со посвојување... Подобро да се знае однапред и да се справи човек со реакцијата од другата страна отколку само да бидете згрозени и да скокате дека ќе го откачите.
Имав случај во фамилија. Тетка ми и тетин ми немаа деца. Неговите почнале да вршат притисок да ја остави. На тоа тетин ми им рекол со музика бевме да ја земеме, ако треба да ја враќаме со музика да ја вратиме. Од тогаш веќе ништо не му рекле. По 14 години во брак по природен пат им се роди ќерка, а 2 години потоа и син. Девојчето сега веќе е 18 години. Некогаш човек е стрплив да чека и да се бори.
Во комшии има еден што рече пред мене и мм дека нема да се вери додека девојка му не остане трудна, па ако забремени, ќе се земат. Нему не му требало само жена, туку и деца. Шта речи, а не заплакати. Стока.
@Anon џабе пишуваш. Овде некои не прифаќаат дека некој друг има различно размислување од нивното. Само они се во право. Не судете, кога не знаете кој во каква ситуација е. Кои сте вие да кажувате дека треба да се посвои дете? Кои сте вие да кажувате дека треба да ја читаме темата за ин витро?
Ама стерилитетот во грото случаеви е идиопатски. Ретко кој знае пред да почне со обиди за потомство. Инаку никој не го спори фактот дека секој сака да има свое дете. Јас знаеш колку сакам?!?! Ама еве не бива. Еве сопругот не ни помислува да ме остави. Ако не па јас да го оставам, да го "пратам" кај друга да си го бара "спасот'?! Ова дека многу го сакам де. Да не бидам себична држејќи го до мене. Ммм
Се згрозив бе дечко, имаш ли ти нешо срам, осет... се читаш ли што пишуваш и тоа на личност во таква состојба? Страшно, подалеку од такви мажи како тебе! Шта речи, сѐ додека после стапувањето во брак, децата (и тоа обавезно свои, оти таков доблесен чин како посвојување „не е тоа тоа“) се уште поголемо, неприкосновено врвно достигнување у животот – општеството ќе си тапка вака во калта. Ни конзервативно не звучите со ова гледиште во темава, туку тотално бесчувствително и нечовечно.
Не "треба "ти ич да ја читаш таа тема. За среќа немаш потреба,фала богу. Пожелно е да прочиташ, чисто ради информација некоја да имаш, да не звучиш вака просто коа пишуваш дека не сакаш вештачко, туку сакаш свое дете.
Ај да не шлапаме на празно кој го интересира и не е запознаен, пожелно е да прочита малку за ова. http://organdziski.com/sterilitet.php
A ako nemoze da ima svoe ili ti ako ti nemozes da imas svoe dete ili da kazeme utre zadutre tvoeto dete bide neplodno I nekoj go ostavi bas zaradi taa pricina kako bi se osekala ti I jas bev vo slicna situacija kako tie zenicki sto nemozele da imat deca mojata sveki na mm mi vikase da me ostave ako nemozam da mu rodam deca mm samo I ja otvori vratata I I rece da ja nema od kaj nas
Мислиш во епрувета растеле, па во стаклено ѕвоно им се развивале органите...па тој што не се доразвил го замениле со некој микрочип
@Bubce38 па не ме чуди и некој така да мисли. Едни познаници не пробуваат со инвитро зашто слушале дека не било тоа добро, немаат деца 15 години, ама не одат. Без коментар сум.
ехееее колку има такви. Па ќе им подментале туѓи јајце клетки, туѓа сперма . Си викам ко така ич да не одиме и да раѓаме во болница, има можност да ни ги заменат бебињата со цимерката. Дома да си се пораѓа секој. Шо е сигурно, сигурно е
Жалам и сочувствувам. Се надевам дека ќе успеете. А дали ти треба да го испратиш маж ти, се разбира дека не, баш напротив, да го убедуваш дека е прашање на време и тн. ОК, се извинувам што не бев почувствителен. Немав намера да повредам нечии чувства. Се надевам дека членката ќе оздрави најбрзо што може. Немам проблем со ин витро.
Анон ти и Самер тврдите дека не можеме да го прифатиме вашиот став. А уствари ти не можеш да го прифатиш нашиов со изјавава- Но ако сфати дека цел живот ќе бидеш ваква мислам дека би поразмислил. Зашто едноствно не прифатите дека некои луѓе се сакаат и не се оставаат иако немаат деца во моментов (што не мора да значи дека и во иднина ќе е така, мајка ми 15 год е чекана да се роди). И друга работа. Што ти значи тоа ВАКВА? Каква е таа ваква? Стерилна? Јалова? Грешка ? Пази што збориш момче. Посебно ако немаш деца пази. Карма ис бич.
Па јас ќе се омажан првин па ќе правам деца.Сигурно нема да останам трудна па ради детето да се мажам.Ако нема ништо друго би пробала и вештачко оплодување,а за посвојување би посвоила црнче тоа ми е голема желба.Секој со своето размислување нема зошто вие да ме судите мене пошто повеќето од вас мислат дека не е фер тоа да е причина за развод и тоа е тоа.Моето мислење останува исто.Можда е себично но желбата за дете е поголема од се.Кога ќе остарам а мојот маж почине еве а немаме деца,која ќе биде среќата во мојот живот?Немам маж немам внуци и тогаш?Две празнини.
Не барам да некој го прифати мојот став и вашиот сосема го прифаќам. Бодираното беше во однос на тоа што Даст кажуваше дека била нешто болна или не знам... што проблеми има со здравјето.
И јас го прифаќам твојот но начинот на кој се обраќаш воопшто не ми се допаѓа. Посебно на човек со повреда небитно во моментов каква. Малце апатија да покажеме треба. Патем твое си е дали ќе се разведеш или не. Јас не можам и не сакам нит да ти мењам мислење нит ништо.