Имaње/немaње децa е битнo прaшaње и дoвoлнo гoлемa причинa зa мене зa рaзвoд. Пaртнерoт штo не сaкa или не мoже дa ги имa, прв требa дa гo "oслoбoди" другиoт aкo знaе декa тoј/тaa без децa не си гo зaмислувa живoтoт. Јaс тaкa би нaпрaвилa, сo сигурнoст, крaјнaтa oдлукa некa јa имa тoј. Тукa веќе и oгрoмен тест нa љубoвтa е, aмa и сo неa пo 10 или 15 гoдини не знaеш штo ќе биде. Акo мoже рaзвoд oти сте oлaдиле мaлку, или рaзликите кaрaктерни не знaете дa си ги истoлерирaте, или oти мaјкa му се мешa...зoштo дa не и зa децa?
Јас пак мислам обратно... дека против се луѓе со поголемо искуство во животот, луѓе кои се ставаат себеси во кожа на оние кои се борат со неплодност, замисли дури и луѓе со поголемо животно искуство и во брак и со деца. И не, не е посесивност или љубомора ако партнерите останат заедно и покрај стерилитетот. Бидејќи денес има начин да се оствариш како родител, само ако имаш желба. Опции постојат за сите.
Многу, многу комплексна тема. Ниту оној што вели дека би останал и покрај се со партнерот, ниту пак оној кој би се развел од партнерот бидејки е стерилен, не се за обвинување. Ептен е дискутабилно. Додека некој сонува за партнер кој ќе биде со него и покрај секакви болести и препреки, друг сонува и не може да замисли да живее без свои сопствени деца. Гледајќи се себеси, колку тешко се заљубувам, доколку некој ми прирасне ептен за срце и љубовта е обострана, не би можела да го напуштам во никој случај ради стерилитет. Цел живот ќе осеќам грижа на совест, ќе ме копка тоа "ако" успеевме, дали ги испробавме сите начини, дали згрешив. Тешко е во секој случај. Повеќе би прифатила живот без деца, отколку живот без некој што ќе го сакам безусловно и ќе ме сака. Мада што без деца не можеш да останиш ако самиот не сакаш да ги имаш. Медицината е толку напредната што има милион начини да добиеш дете. Па и на крај краева, и тоа ако не успее, во домовите врие од деца на кои им е потребна родителска љубов и грижа. Сепак ќе кажам, недај боже.
Тоа свесно знаење и криење, плодност ли, болест друга, долгови... што било е сосема друг момент. Тогаш тој што лаже е крив за лажењето. Секакви "говеда" има. Ама па и овој муабет се прави пред брак. Мислам реално... не мора јајцето на газ да ни дојде па да му ја мислиме. Ова се реални хипотетички ситуации кои секому можат да му се случат и на секоја возраст. И се битни животни прашања. Затоа уште пред брак се игра со отворени карти, фер е партнерот да знае дека не ти е баш најважен на светот. Зошто мислиш дека не сме разговарале? На пример јас и дм сме согласни дека свое биолошко потомство, ако не можеме природно, би пробале неколку години со вештачко оплодување. Не би терале до 10-15 години така. 2-3. Потоа ако не успееме, би почнале со процедура за посвојување. Има луѓе кои по секоја цена сакаат свое биолошко потомство. Тоа е во ред. Но не е во ред партнерот да не знае пред време. Јас ова на дечкото мој како муабет му го имам правено уште пред добри... можеби 7-8 години. Зошто тогаш искрено не знаев дали воопшто некогаш сакам дете. Не дали можам, дали сакам. И тоа отворено му го кажав. Дека со мене ако остане, постојат шанси никогаш да немаме деца. И тогаш, и сега - муабетот е ист. Ние сакаме да сме заедно, се' друго е факултативно, па и имањето деца.
Мислам дека во вакви случаи не е стерилитетот причината за развод, туку тоа што партнерите не се “on the same page” за тоа што ќе прават понатаму. Додека едниот би пробал со ин витро, другиот можеби не сака. Додека едниот би посвоил, другиот можеби не би се нафатил на таков чекор. Или додека едниот е спремен и без деца да го помине животот, другиот можеби сака да се оствари како родител. И во таков момент кога се разминуваат мислењата, погледите за иднината, бракот почнува да пука. Едниот сака тоа што другиот не сака и обратно. И тоа за многу битно прашање што не се надминува така лесно, што е доволна причина да почнат караници, нервоза, нетрпение. Е сега, кој колку е спремен да ги жртвува сопствените желби и потреби за другиот. Некогаш љубовта е посилна, ама некогаш не е доволна.
@CameliaMiller и јас сум за тоа да се зборува на оваа тема уште пред брак. Да знаеш на што си. Јас му го кажав на маж ми моето мислење и тој на мене неговото. Имаме исто мислење - Сакаме биолошки деца. Јас би можела да се премислам за посвојување, ама маж ми е категорично против тоа. Значи, доколку немавме деца, единствена опција ќе беше развод.
Значи едноставно е, ако не ја прифаќаш можноста партнерот да ти е стерилен и да треба да живеете без деца или да посвоите, ферски е да му/и побараш да си направи испитување за плодност уште пред брак. Друга опција е на венчавање да не го изговарате лицемерно оној дел од брачниот завет: „ќе те љубам и во добро и во зло, и во здравје и во болест...“. Едноставно рипнете го тој дел и наместо тоа кажете: „Ќе те љубам само во добро и само кога ќе си здрав/а...“.
Не би се одлучила за развод заради стерилитет, од причина што влегувам во брак заради личноста со која сум. Сепак според мене и околу мене гледам доста личности кои влегуваат во брак за да се остварат како родители. Едноставно тоа им е мотив за живот. Ако истите личности се одлучат за развод, сосема нормално ми е. И ги подржувам. Едноставно нивната цел заради која што живеат им е умножување на нивната Днк. Сосема ок, нивен избор.
За да се одржува и негува еден брак потребно е многу љубов,компромис и заедничка доверба,на тоа додајте ја огромната желба и потреба да се има и остави свое потомство. Комплексна тема е,и не можеме со сигурност да кажеме кој како да прави,некој сака сопствено дете,некој сака да посвои,некој се решава да оди на инвитро,некој одлучува покрај себе да го задржи партнерот и по цена да немаат дете цел живот. И едните и другите и третите се во право и прават одредена "жртва" за да опстои бракот.
Имавме на форумов ситуација каде двајцата партнери се разделија после подолго време обиди да добијат дете. Многу љубов но не ете не опстанаа. Нешто се крши. 90% од случаите е таков. Јас пред да се омажам кога гледав потенцијален партнер прво што замислував е каков ќе биде како татко на НАШИТЕ деца.
Многу често имам размислувано што ако немавме деца? И секогаш доагав до заклучок дека ќе си посвојам и ќе го сакам исто како мое, а ќе спасев некое дете да не се малтретира по домови и по улици... Но многу е битно и партнерот да го има истото мислење....Имам другарка која причина беше сопругот, и таа покрај се се нафаќаше и да пробат со лекови или да се оплоди со непознат донатор, или да посвојат...но тој толку беше незаинтересиран, што и велеше, оди види што како, без да учествува тој небаре постелнина ќе бира сама??? Ете тоа ја погоди повеќе и се разведе...
Затоа човек треба да знае каков човек избрал за да му биде животен сопатник и да се прифати со сите негови маани и недостатоци, желбите и потребите да им бидат на иста бранова должина. И, посебно за ова прашање треба да се разговара пред брак за двајцата да знаат што ги очекува во иднина. Има луѓе што пред брак се потполно здрави и можат да имаат деца, ама со текот на времето од болест или многу други причини настанува стерилитет. И не, тие луѓе не заслужуваат да останат сами поради проблем кој неможат самите да го решат, едноставно не е во нивни раце.
Брак без деца, да со човекот што го сакам. Порано си велев што ако не можам да му подарам дете, а знам дека би бил прекрасен татко, од љубов ќе го отстапам местото за да се реализира како родител со друга. Сега имам поинакво мислење. Медицината е толку напредна што скоро секој добива дете, порано или подоцна. Но и ако тоа не се случи, постои опција посвојување. Секој може да го сака своето, но само голем човек може да го сака "туѓото" Знам дека ќе биде во секој случај најсакано дете. Љубовта меѓу сопружниците треба да се одржува, децата кога тогаш ќе си одлетаат од своето гнездо, ама ќе ни треба сопружник. Не за џабе рекле во добро и зло. А и кај што има слога има и Бога.
Денес медицината е толку напредна што скоро секој добива дете, порано или подоцна, но има случаеви каде што не можат да добијат дете ни по природен ни по вештачки пат, но доколку сакаат партнерите и имаат желба има опција посвојување. Некогаш имам размислувано ако не можам да имам дете или пак мојот иден маж би неможел да има дете со сигурност би останала покрај него. Како што пиша членката погоре љубовта меѓу сопружниците треба да се одржува, децата кога тогаш ќе си одлетаат од своето гнездо, ама ќе ни треба сопружник.
Да не се лажеме дека со муабет околу плодноста пред брак, сме решиле се. После години во брак одредени мислења знаат да се сменат и ако претходно сопружниците биле одлучни да останат заедно и без деца, подоцна било кој од нив, може да се почувствува и посака да е поинаку. Така што.. ништо од напред не можеме да знаеме. Јас со мм го имам напраено тој муабет. Како за деца, каде сме согласни дека нашата заедница е борба секој ден, оти само ние знаеме со какви притисоци сме биле и сеуште се соочуваме, па така покрај сите битки што ги водиме, сложни сме да водиме една плус, ако некој од нас има потешкотии околу неговата улога во правењето дете. Исто, сме разговарале и за наследни генетски болести. Факт е, дека, не можеме со сигурност сега да ги застапуваме нашите реакции во иднината. Сега и во овој момент сложни сме дека борбата би ја воделе држејќи се за рака во прв ред. Понатака, да сме здрави и живи. Јас на пример сум за посвојување на дете и ако веќе имам едно или повеќе мои. Тој не. Ама.. во одредени околности и таа можност не е исклучена.
Ама тоа е... кога човекот ќе се промени. Не верувам дека е само една промена во прашање, ниту дека имањето деца би бил единствен проблем. И не можам да разберам таква бесчувствителност - не ми е реално некој толку лесно да се откаже од некој на кој ветил дека ќе биде со него и во добро и во зло, и во здравје и болест... зошто луѓето си ветуваат вакви работи, ако не можат да ги исполнат?
Затоа што тогаш и во тој момент кога луѓето ги ветуваат тие работи, во истите веруваат и навистина ги мислат. Не знаеме иднината што носи и со какви се предизвици допрва ќе се соочуваме. Во овој момент сметаме дека планини можеме да поместиме и дека тоа секогаш ќе биде така, ама подоцна, можеби тоа нема да биде доволно. Можеби, ќе сакаме повеќе од она што го имаме и нема да бидеме емоционално исполнети, оти нешто ќе ни фали, а претходно сме мислеле дека тоа е тоа и дека тоа нема да ни смета. Не го сметам тоа за себично или лесно откажување.. можеби ќе следи после тешка борба и долго прифаќање и помирување со ситуацијата од која на крај ќе излеземе, оти нема да не прави среќни повеќе... Не знам. Само гласно размислувам. Не сум била во таква ситуација и не сакам да бидам. Јас сум дип даун романтичар и сакам да верувам дека љубовта во сите свои облици може да се носи со се. И во овој момент дури боли колку го сакам и знам дека не би го оставила ама баш за ништо на светов, посебно кога ќе ми текне што се напраил за мене. Ама иднината е непредвидлива.. не можам да претпоставам што може да биде пресвртен момент.. Затоа не би да тврдам што би било кога би било.. оти и оние што сега многу лесно тврдат дека не би живееле без деца, можат да откријат нова димензија на љубов на поинаков начин и да го исполнат емотивниот дел што мислеле дека недостасувал...патем и да ја прифатат ситуацијата и полесно од некој што тврдел дека би останал во бездетен брак...
Во суштина се согласувам со твоето мислење, само мислам дека тука игра улога и возраста на луѓето, да се ептен млади, па ете да не знаат ни сами што би и не би прифатиле... ама возрасни, 30+ годишни луѓе, не ми е реално да не се сигурни колку имањето потомство им е важно. Сепак сметам дека е фер оние кои се сигурни, онака знаат дека без деца им нема смисла ништо, истото да го споделат со партнерот пред брак. Дали пред да се одлучат за брак ќе родат дете или ќе смислат нешто друго, неважно, ама барем партнерот е свесен дека сам по себе не е доволен. Многу е пофер од другата варијанта. И не мора да е брак во формална смисла, општо, фер е да се знаат позициите на партнерот за вакви суштински прашања. За никој да не биде разочаран, извисен или повреден. Пошто имав случај на другарка која беше во многу долга врска, ама дечкото никогаш не и' рече дека воопшто сака брак и деца. Едноставно не ја отвораше таа тема. После Х години другаркава ја отвори, и тогаш дозна дека дечко и' нема во план да се жени, не во догледно време, ниту деца да има. Се разделија, таа се омажи после некое време и има 2 деца, а тој не е женет и нема деца. Веќе се поминати 3-4 години од настанов.
Ова, према мене, е многу индивидуално прашање. Лично јас, прво би пробала повеќе опции за дете, а после тоа би посвоила. Ова ако проблемот е во него, ако проблемот е во мене би му предложила развод доколку тој сака да се исполни како родител, не би сакала да го држам ако навистина сака биолошко дете. Ако проблемот е во него, и посвоено дете е дете, мене најмалку тоа би ми сменало. Додуша, имаме со дечко ми и за ова зборано и тој ми кажа дека ако јас не можам да имам дете, би било океј и ако воопшто немаме дете, туку она што би ме правело среќна. Ама сепак, ова е хипотетичка ситуација, и доста индивидуална. Не секој можи да се избори со фактот дека можи да има биолошко дете, ама дека нема да има само зошто партнерот не можи, а некој пак можи и бара алтернативи.