1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сте се запрашале ли на кој тип на љубовник спаѓате?

Дискусија во 'Врски' започната од Steff.Unique, 9 март 2012.

  1. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Сигурно некогаш ви дошло на памет да се запрашате каков љубовник сте? Сакате ли повеќе пријателски односи или повеќе навивате за диви, непредвидливи начини на водење љубов?

    Дали си го дадовте одговорот? Бевте реални или пристрасни? пронајдете се во еден од шесте типови кои постојат.

    Љубовта луѓето ја опишуваат на различни начини, а малку по несекојдневна е следнава поделба:

    - Комична љубов: имаш со кого, ама немаш со што.
    - Трагична љубов: имаш со што, ама немаш со кого.
    - Социјална љубов: имаш со повеќе, што немаат со кого.
    - Филозофска љубов: имаш со кого, имаш со што, ама немаш каде.

    Интересно и вистинито. Можеме да речеме дека типови на љубов или онолку колку што има типови на луѓе. Малку помал е бројот на типови на љубовници.

    1. Пријателски љубовник
    Во љубовта вас ви е важно пријателството. Својот партнер затоа го прифаќате како најдобар пријател и уживате во негово друштво и близина. Во односот преовладува предаденост и доверба, а го развивате полека, но сигурно.

    2. Посесивни љубовници
    Зависни сте од својот партнер, повеќе одколку што веројатно сте и свесни. Сакате со него да владеете и да имате моќ да управувате. Кога вашиот однос би се променил, останувате скршени. Да го добиете вниманието на партнерот и тој да ви служи и да биде постојано околу вас би направиле секакви непромислени глупости.

    3. Алтуристички љубовник
    Ваш најголем приоритет преставува задоволството на партнерот. Кога се јавуваат несогласувања, брзо ги решавате. Ваши атрибути се посветеност, пожртвуваност и нежност. Во љубовта само давате, а ништо не очувате за возврат!

    4. Романтичен (еротски) љубовник
    Опседнати сте со личноста во која сте заљубени и непрекинато мислите на неа. Чувствувате дека таа вас силно ве привлекува. Љубоморни сте, премногу допуштате и ви треба постојан доказ дека таа личност ве сака. Таквата љубов обично трае неколку месеци или година. После тоа доаѓа до општо гушење.

    5. Практичен (разумен) љубовник
    Имате логичен и практичен пристап кон личноста која ја сакате, а и на таков начин ја искажувате вашата љубов. Внимателно ја одбирате личноста до вас, и таа мора да негува заеднички интереси, да има слично образование и мора да ви одговара по вредностите и целите во животот. Вие играте на сигурно – барате совршена спојка, слична на вас со што очекувате помалку недоразбирања.

    6. Холивудски љубовник
    Во љубовта односите се насочуваат исклучиво на самите себе, важни ви се само вашите желби и задоволство. Она што ви недостасува е зрелост, близина и сигурност. Недостатокот се наоѓа во егоистичкиот став, и кон тежнеењето да вие бидете центар на внимание и ништо друго. Со ова покажувате дека не сте за сериозна врска.

    Се пронајдовте ли некаде? Можеби. Сепак не заборавајте дека љубовта е жива материја која се менува и која се трансформира, развива и надополнува низ целиот животен тек, низ искуства, заедно со тоа како ние се менуваме, развиваме и нормално колку ја негуваме.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Романтичен (еротски) љубовник :lol:
     
  3. Blair15

    Blair15 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    12
    2. Посесивни љубовници :D
     
  4. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Секаде по малку се најдов :lol:
     
  5. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Нешто помеѓу пријателски, посесивни и романтични :tmi: :lol:
     
  6. sakamdasumsreknabar1

    sakamdasumsreknabar1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    романтичен
     
  7. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    Пријателски и романтичен :)

    Ама мислам дека ова треба да се покаже да дечковците они да си кажат како не гледаат т.е. какви сме. :D
     
  8. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.970
    Пол:
    Машки
    Интересна тема, таман за нови мислења

    Конретно за мене пријателски и практичен :D8)
     
    На flawless. и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Посесивен, ама пробувам да држам контрола ... ама ми бега од раце контролата многу често хахах
     
  10. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    2.031
    Пол:
    Машки
    7. Имагинарен
     
    На DiCaprio му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.743
    Допаѓања:
    32.094
    Пол:
    Женски
    Пријателски :D и по нешто од другите
     
    На DiCaprio и flawless. им се допаѓа ова.
  12. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Посесивен љубовник...дамн :lol:
     
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.068
    Пол:
    Женски
    Лол :rofl: .
     
  14. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.218
    Имам по некои особини од повеќето, но најмногу се пронаоѓам во посесивните :tmi::$ и романтичните. Сепак настојувам да се контролирам.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.