Ауу јаката па женска е Ким.Да не снимаше порно филмови ете што ке беше милионерка. Дур не и излезе порното на нет,и беше кученце придружник на Парис Хилтон ништо повеке од тоа
^ А па јаката женска Парис Хилтон Значи сите се во ист кош, старлети ли, како ги викате вие младите денес, ние во наше време во недостаток на фенси зборови, курви ги викавме. Ова ќе му дојде како елита, крем де ла крем на...старлетите. И кога ќе ги мериш, се знае која е на светско ниво, која на балканско, која на градско/селско (тоа момињата од наше маало што си ги знаеме). Што би значело, џабе Трајанка комшивката моја е позгодна или поубава од Карлеуша или Ким, дури не се пробие подалеку од градот во кој израснала, ќе си остане на тоа ниво. Тоа што пробува Карлеуша да направи е да се пробие пошироко со вакви изјави. Многу пробале да ги искористат славните пуштајќи разни гласини, па ако се доволно интересни гласините, ете ти мал пробив за почеток.
Значи мора во секоја тема да има негативнки личности.За Јелена Карлеуша можам да кажам дека навистина знае да искомбинира ,овие ми се едни од подобрите од последните нејзини комбинации
Не е дека сме негативни личности, само кажуваме мислење. Да стави толку разголена слика некое наше девојче во модни критики, сите ќе и кажеме дека е претерано гола. Ама оваа е селебрити и за неа е екстравагантно и океј.
Едно е да е океј да биде разголена и екстравагантна друго е да биде споредувана со модна икона. Коко Шанел е модна икона, Ким, Крлеуша и сите разно разни старлети се само одличен маркетинг трик на сите модни брендови да се рекламираат бесплатно. Денес веќе нема стил, т.е ретко ретко кој го поседува, се е искомерцијализирано и акцент се става на што поскапи брендови, моментални трендови и престиж и пари. Крлеуша е само една од многуте марткетиншки кукли кои парадираат во облека која ја носат зашто е престиж да ја носат,не зашто се разбираат во мода и стил или зашто е квалитет.
Како викаш ти за на кафе и за на сцена исто да биде облечена пристојно, а дали имаш слушнато за сценска облека како што има Мадона Лејди Гага и др
А па Мадона како божица да е, си пати за внимание да си го продаде телото додека се уште може. Нашиве се само имитација на веќе грдото и вештачкото. И плус, кога ќе размислам, не знам што е тоооолку лошо ако човек се облекува според годините и не се срами од стареењето. Какви прекрасни дамски комбинации има, ми било криво што не сум години, години постара. Замислете маж на четириесет и кусур години да се облекува како тинејџер. Иу! Кај овие е веќе друг проблемот, се плашат од свежа млада крв, пошо се во бизнисот во продавање на самите себе и стравуваат помлада колешка да не и го зеде првото место по сексинес. Сигурно и е претешко, да не си во нивна кожа.
Ај сега и Мадона не е нешто , абе тоа е самобендисан народ , ај нема што да коментирам повеќе на темава каша ја направивте . Според вас естрадните уметници треба да се облекуваат како Драгана Миркович
Не знам како се облекува Драгана Миркович, ама за пример ќе ја земам Флоренс. Еве, женава има прекрасна сценска облека која некогаш се рамни со уметност и плус со нејзиниот прекрасен глас... шо да ви кажам, синестезија. Не сум против разголеност, (одамна ги следам Suicade girls) само сум против начинот на која таа се користи. Искуството ми покажало дека девојките кои обично ги обожаваат ЈК жени и нивните облеки обично се многу конзервативни девојки, па како преку нив да живеат и да се ситат.
Секој форумски лик кој остава мислење овде, не само овде, општо било каде, доколку не се совпаѓа со вашето, и размислува поинаку, има различен поглед кон темата за која се дискутира, е автоматски негативна личност? И повторно се почнува со истото: "Ако е мајка, зар тоа значи дека треба да седи дома, воопшто да не излегува, ниту малку кожа да не се познава?" Не ми се допаѓа нејзиниот стил, ако воопшто го поседува. Има убави парчиња облека, па и на толку пари нормално дека ќе ги има.
Елисабета а што е па Мадона? Модна икона не е и баш, туку само малку послободна во својот стил и пеење. Повеќе би рекла дека беше предвесник на некоја сексуална револуција во 80тите. Мешате баби и жаби.Не секоја која има огромен плакар и добри комбинации е модна икона. За модна икона треба креативност, треба иновативност треба сенс за естетика. Тоа во денешно време е како фосилите, изумрено.
Izvini no morav da prokomentiram.. Dragana Mirkovic e Gospoga za site kako Jelena Karleusa i slicni. Dolgi niz godini e super peacka,a voedno i dokaza deka ne mora da se razgoluvas i da izleguvas skoro pa gol na scena i da kruzat sekakvi glasini za tebe po spisanija, TV,za da bides poznat i sakan megu lugeto i da imas mnogu fanovi.Sega site skoro stanaa isti,neznaes koja poveke ke se razgoli i koja poveke plasticni operacii ke naprai. A za Jelena, konkretno za stilot,si kazav mislenje.Kombinaciite koi gi postaviv tuka navistina i se ubavi i jas bi gi nosela so sigurnost,no sekako ne site nejzini kombinacii,bidejki nekoi i se totalni utki i preterizam koj vodi kon vulgarizam duri.
Жално е што тотално сме затруени од некои си "квази модни икони", а има толку прекрасни блогерки од кои може да се учи што е мода и стил. И алал да ни е, успеавме за неколку дена и четвртта страна да наполниме со коментари за стилот на дотичнава модна икона, а теми за некои од реалните модни икони стојат празни со по неколку коментари. Ете пример на темата за стилот на модните блогерки порано секојдневно бевме активни, сега во недела - две едвај може да се прочита еден коментар.
Во глобала е вулгарна ама има понекогаш убави и пристојни комбинации. Оние сандала чизма до колена со врвки ги утепа од носење. Класичните комбинации и се многу добри и би ги носела и јас.
Не пишете ако не ви се допаѓа ,еве ние ке си коментираме што ни се допаѓа ,да си продолжиме со темава .Ова е една сценска комбијациа од поубавие што ми остави впечаток
Не ми е јасно што тоа остава впечаток кај оваа сценска комбинација Белата кошула, црното сако, црните чизми до колена? Или можеби овие не знам како да ги наречам гаќи ли се, шорцеви ли се во комбинација со мрежестите чорапи и насловот на песната "Баш је добро бити ја"? Eве нејзина слична комбинација, за која можам да кажам дека личи на нешто.
Па не е битно тебе дали ке ти биде јасно или не мене што ми се допаѓа во комбинацијата ,важно мене ми се допаѓа
Хм елисабета си чула за право на слободно изразување? Ќе пишува кој што сака и милува доколку не е офф-топик. Или сменете го името на темата- пофалби и хвалопевање за стилот на ЈК за да си се тапшате по рамо колку е она најјака. Не ве судам прифаќам мислење ама вие скокате ко жешка пуканка во тавче а се рече нешто што вам не ви се допаѓа. Боже боже.
Дека е згодна- тоа нема дилема. Дека е препластична исто така. Тешко дека е модна икона, меѓутоа успева секогаш да ги има најновите и најактуелни дизајнерски модни парчиња и тоа очигледно наидува на воодушевување кај голем број нејзини фанови кои мислат дека Јелена е којзнае каков моден гуру. Она што не го сфаќаат е дека разликата меѓу нив и неа е ќешот. И овде кога ќе дојде некоја нова мода што можат да си ја приуштат повеќето, тогаш станува униформираност. Пример Епа и таа го прави истото, го купува тоа што е актуелно, само од елитни бутици како што се тие на Диор и Шанел, а не од Страдивариус и Њујоркер. Сега напишав во search jelena karleusa style и барав комбинации што ми се допаѓаат, ама освен оваа комбинација , се друго ми е премногу за мој вкус. Пак ќе кажам, не негирам дека е згодна, ама толку да паѓам во транс од нејзиниот стил ми е несфатливо. Наидов и на оваа слика од нејзин сценски настап и можам да кажам дека мора вака да се облекува за колку толку да дојде некој на нејзин концерт- со Гили гили, пуи паи и слични стихови сигурно нема да привлече публика.