Ајдееее,на кое дереџе сме дојдени,Јелена Карлеуша мода да не учи што е. Убаво си кажале некои погоре за нејзиниот "стил",јас само да си кажам дека и покрај нејзината ултра згодност,многу и фали женственост,шарм...за природност не ни станува збор.Поради овие нејзини карактеристики,мене ми е одбивна како појава,некако транвеститска ми е ( музиката не и ја слушам,па нема да коментирам) ,па и најубава комбинација да носи,мене ми е некако фејк и мислам дека дури и подобро би стоела на некоја друга,макар и со не толку совршено тело како нејзиното.И не се сложувам дека знае да ги носи облекиве,поготово попристојниве,ептен извештачено изгледа,ко да не и е удобно. Некаква креативност,оригиналност,индивидуалност.....не гледам ни во трагови.
Значи.... ова не е фустан! Спојлер И со овој куферов/торбица/штоидае веќе не‘ отепа. Препровокативна ми е до бескрајни граници на невкусно. И тоа е мое и само мое мислење. Не ми е секси, дури како дете мислев дека е ептен згоден маж што се облекува ко жена. Кичеста ми е и непостојана.
Воопшто не ми е женствена, ниту елеганта.Но ја разгледав темава и да и ги посакувам алиштата, но телото и лицето ужас...никаква нежност.Сепак сме овде за стилот и добар и е, иако ми наликува на понежен стил на лејди гага.
Не знам како да се изразам а да не бидам погрешно сфатена, ама секако ќе бидам но мое мислење е не мора одма да скокате во своја одбрана. Мене секогаш девојките кои што Карлеуша им била репер за нешто ми биле исклучително прости и така приглупи, барем оние во мојата околина а ги имам таквите или пак оние случајно по тв што ги имам начекано кои што се претставуваат како нејзини фанови. Стереотип е знам, ама си стојам некако позади ова, секоја чест на исклучоците ама најчесто е така. Што се однесува до стилот, за да некој пред се има стил треба да има и карактер и да знае да го носи сето тоа а тука не подразбирам само да има добро тело. Со лице на транвестит не можеш пред се да бидеш секси, а секси не те прават долги нозе и кило силикони. Лесно е да направиш добра комбинација кога носиш трикоа на секој настап, има пари да купи квалитетни чевли и автоматски она е модна икона. Многу повеќе од тоа треба за да го добиеш тој епитет но добро не сме и ние криви што ни се презентира само Пинк шунд па мислиме дека покрај такви убиствени комбинации Карлеуша измислила топла вода. И озбилни сте со овие слики дека Бијонсе и Ким ја копираат ? Карлеуша ? Верувате во ова ? Епа извинете ама повторно си го потврдувам мојот стереотип. Баш негде прочитав наслов дека некој изјавил дека Карлеуша е статистичка грешка во однос на Кардашијан, не дека оваа е подобра ги ставам во исти кош ама каква и да е она е надалеку повеќе позната од дотичнава а за Бијонсе и да не зборам. И они стигнале до дереџе да ја копираат наказава...ај опрајте се, смешно е.
Малку црн хумор за ЈК... Ова не е баш поврзано со темава „мода и стил“, но кога ке се присетам како ЈК изгледаше пред десетина години , а како сега ...
Има може некои убави комбинации и алишта, телото и е бомба (иако повеќе од пола пластика, ама сепак изгледа добро за две деца родени), ама сега ги вади тие парчиња прибидејќи до пари стигна па изиграва стил.Пред десетина години кога ќе ја видам, врв на кич и сељачизам. Спојлер И ова вие стил го нарекувате? Па уште ја имитирале Бијонсе и Кардашијан, што може да ја купат сосе партали и со брдо од стилисти.Може да се каже само дека таа Цеца ја има изимитирано во неколку наврати, ништо друго. Спојлер Во врска со провокативноста, дека не и личи на годините ни тоа не и личи, тука негде е во годините со Цеца, Драгана ама на нив не им требаат само гаќи и мрежести хулахопки за да наполнат концерти, Карлеуша и со тоа не ги полни.
Многу ми се свиѓа новата боја на коса... Може за пеење не ја бива ама се гледа дека ја бива околу модата и стилот.
Ј.К имав можност да ја видам во Охрид , жената е БОМБА и тело и тип топ средена , вода можат да и носат сите певљки од балканов
Jk e super ,zgodna e i sekogas sredena od glava do peti.ona sto mi smeta kaj nea e mnogu se precenuva i gi potcenuva ostanatite sum gledala mnogu intervjua so nea i vo sekoe saka da se istakni nekogas ne znae ni sto tropa ama bitno misli deka e najpametna mislam zatoa i mnogu ne ja sakaat.a inaku zenata e TOP.
Имала некои добри комбинации да,си има некој нејзин стил изградено..ама побогу , повеќе е секогаш гола одошто облечена,стално е со некои парталчиња на себе што дури вулгарно изгледа,ама ако на некој тоа му е убаво и прифатливо ,тогаш ок
Негативни коментари може да се пишат само до љубомора, секој има свој вкус и тоа е точно. Што се однесува до физичкиот изглед исто така, на некого може да му се свиѓа,на некој не. И да не се лажеме секој што би имал можност би направил корекција на своето тело-лице.Жената има 37год.и е мајка на 2 деца. Едно е сценска гардероба каде што сите пејачки се полуголи,друго е онаа секојдневната.Јелена и те како има стил! Што се однесува до копирањето од Ким Кардашијан, нејзиниот стилист е од Црна Гора, што има голема веројатност да биде инспириран од ЈК. Неспоредлива е во однос на другите балкански пејачки,а тоа е за пофалба