Ииии конечно долго очекуваните фотографии од свадбата на Анџелина Џоли и Бред Пит. Многу ми се допадна како невеста Анџелина . Уникатна, интересна, самоуверена . Елегантна едноставна венчаница и прекрасен превез со цртежи од нејзините деца . Прекрасна комбинација и приказ на тоа која е таа. Невеста со свое јас која прекрасно ги вклопила нејзината елеганција, софистицираност, зрелост и нејзината улога како мајка Им посакувам многу среќа и љубов во брачниот живот(со искуство се веќе ).
Анџелина е сама по себе уникат. Дефиниција за уникат. Нејзе не ѝ требаат светкави фустани или не знам што за да биде забележана. Прочитав погоре дека било супер тоа што таму некој си водител ја нарекол ''whore'' што растура семејства. Како не бе... Колку такви примери има во светот, ама овие познативе ги знаеме сите и одма им судиме. О, Боже, колку е лесно да се осудува!