Се имам изјаснето дека ми е префорсирана и преценета, а во однос на стилот баш и нема нешто посебно да се каже. Ја знам и без шминките во природната верзија, девојката е сосем обична. Симпатична е и има убави очи, и е пристојно средена. Последно кога ја видов носеше од оние еднобојните долги квази римски фустани со златна врвца што ги носи цела држава, не гледам тука стил. Само е впечатлива ради косата (која не е со природна боја иако не гледам каква улога има тоа) и посветува внимание на грижа, тоа е се.
Јас пред скоро ја видов тука кај нас си шеташе низ бутици и беше ептен обична - цветно фустанче, римјанки, чантиче - делуваше слатко. Немаше ниту грам шминка и супер изгледаше, не знам зошто вака пишувате дека катастрофа е, ко за инает дури ми делува - мање битно, не ми беше тоа муабетот. Убава е девојкава да, не е некоја вонсериска лепота на која може да ѝ се позавиди, далеку од тоа, би рекла дури и дека е просечна. Кај нас има многу поубави девојки од неа, а единственото нешто кое така некако ѝ дава шмек на Викторија се косата и очите. Јес да ко за некое чудо иако ѝ е избланширана, исфарбана или каква и да ѝ е таму, факт е дека убаво изгледа, ама предолга ѝ е. И таква рамна, права, понекогаш ко мутле ми делува. Кафена пак ич не ја личи. Барем да ставела некоја поприродна нијанса која нема да дели толку од веѓите, што ја знам. Уствари, мене онака природно ми се ствара некоја одбивност кон сите фарбани во стилот „wanna be blondes“, така да, занемарете. А за стилот, исто ми е просечна и секојдневна, немам шта речи. Сума-сумарум: Убавка е, ама се преценува.
Стил, кој стил? Сте изнакачиле слики од фотосесии, луѓе дај ставете слики надвор од фотосесии и реклами?! Ако воопшто има
Викторија Лоба е нежна и симпатична, не нешто вуу ама нормално е дека кај нас привлекува внимание затоа што е плава Русинка во МКД, а пуштија во Русија да видиме дали ќе биде забележана. Не знам баш дека има некој вауу стил еве имав можснот да бидеме на исти забави и на забвата на Пикокс и ме разочара. Сите овие слики се со гардероба од спонзори а нејзиниот личен избор не ме воодушевува воопшто.. како за гардероба така и за дечковци овој последниов не знам дал и е татко ил дечко..
Убава е ок. Нели кога веќе ставаме слики од фотосесии. Инаку во однос на стил немам поима. Од неколкуте фестивали има досадни долги фустани. На Златна БУбамара носеше копија на Зурах Мурад и ме ужаснуваше косата нејзина која го покриваше пола фустан, кој и беше предолг. Нежна симпатична девојка. Кога би видела бар 10тина слики каде сама си се облекла ќе кажам што мислам за стилот отприлика. Вака како фотомодел е супер, симпатична е, а и добри стилисти имаат Пикокс и Ани и Дими, убави комбинации, за кои Лоба заслужи дури и тема во мода и убавина А и нека носи градници на проѕирни маички во иднина.
Се чудев како Лоба ја има во категорија Музика, а дочекав да ја видам и во категорија Мода. Но фактот што не знае да пее ќе го оставам настрана. Не можам да коментирам за стилот на некој, кога се што имам на располагање се неколку фотографии од фотосесии. Беше заштитно лице на Peacocks, но сега Peacocks го затворија. Фустанот што го носеше на Бубамара е многу лоша копија, а и едвај се движеше во него. Мислев дека е природна плавуша, но од сликава погоре...изгледа дека не е. Не би губела повеќе време дискутирајќи ја Лоба (не знам зошто и ова го потрошив ).
Ми се допаѓа девојкава,убава е,а ми гледа како и природна девојка. А за стилов па што знам,на слики од фотосесии ја облекуваат преубаво.Ама вака,незнам. Е немам видено во живо. Иначе еве една слика од свирка во кафиќ
Кој стил жити се? Дури и посебна тема за Викторија Лоба. значи на златна бубамара го имаше најубавиот фустан а таа косата само ја измила и ја исчешлала и ајт, отидов јас на бубамара.. Да, браво големо за нејзе што на сликите на фотосесијата изгледа убаво ( ) зошто нели она има стил Значи, на свирка во охрид во кадмо не можам да ви опишам колку лошо беше облечена, не знам со кои зборови да ви опишам. Така да, темава е непотребна али ај..
^ Во врска со косата од Лоба,слушав од еден познат македонски мејк ап артист,и фризер дека им требало незнам колку саати време,за да е приберат нејзината коса. Од сите македонски јавни фацки,Лоба имала најпроблематична коса
И сега ќе напишам нешто офф топик затоа што он топик немам баш ништо да кажам. Да не се повторувам јасно е дека немаше потреба од ваква тема, таа не се ни труди да привлече внимание со некој специфичен стил.Се облекува кежуал и досадно.И мене како подуена ми е во фацта, како да ја нападнале пчели и само отокот останал а црвенилото го камуфлирала со 3 лопати пудра.Пологично ќе беше да се отвореше тема за Каролина Гочева и фарбите за коса кои и ги става Цаци Паковска, или пак дали сам се чешла Тони Михајловски.Барем на смеа ќе удревме малце.Ама ова е крајно безвеза.
A да се затвореше темава? Mислам се ставаат слики од фотосесии, или па слики на кои само лицето и се гледа ( по што сигурно ќе заклучиме каков стил има ). A со коментарите дали била слатка, или косата и била сплескана и сл. пак не доаѓаме до темава. A и нема некаков стил па да пишуваме за нејзе. Hе ќе е лошо еден клуч да и се мавне, и на слепо и сакато тема да се отвара - не иде. Aј обратете малце пажња на темиве, се бројат мал милион безвезални.
Пред две недели имав можност да ја видам во живо..и останав вака Беше преубаво облечена во црвен фустан и црвени штикли...а таа коса ахх без здив остава... едноставно НАЈУБАВА од сите од МАК сцена
1.Како прво дали има 5 слики што не се од фотосесии 2.Како второ не е некоја со стил и од каде тоа се брои за стил она што на фотосесии па таму што и даваат тоа го облечува... 2.Како трето не е признаена за модна икона и е немала некои комбинации што не оставиле без зборови....
Абе тука се гледам освен слики од нејзиниот сопствен стил. Сите ставаат слики од лицето, дека била убава, најубава итн. или слики од фотосесии некои. Ај ја од Пелистерка ќе стаам нејзина слика кај што нема ништо на себе и тоа ќе биде стил? Можеби има стил, ама треба секој ден да ја гледаш за да и го оцениш, зошто вака судејќи по слики - ништо.
Се бинте за темава океј, а зошто никој не се буни за темата Стилот на актерите од турските серии. Па тука кој стил нивни го гледаме? Тие ги облекуваат други заради потребите на серијата, не се облекуваат сами, па пак има тема за нив. Не гледам причина зошто темата смета толку.
Девојчево ми е преубаво. Толку мила, нежна... што и‘ да облече, дури и да е нешто посериозно, секогаш таа нејзина насмевка дава некој невин тон на целата комбинација. Секогаш на нејзиниот изглед и‘ дава некоја романтична конотација. Така бар ми изгледаше мене кога ја гледав по свирки. Спојлер Да се затвори темава? Пфф глупости