Нема промашај, една од ректите кои ги поштувам бидејки знаат како да се облекуваат. Кај сите пет сестри нема промашај. А и братот не е лош. Роб Кардашијан.
Иако има некои грди комбинации , повеќето ми се допаѓаат . Косата преубава и е Убаво некоја кажа доста е од анорексија , ама може мааалку помал да и биде задникот Инаку од неа видов за патиките на Скечерс и си ги нарачав
Многу ми е секси,има килца вишок ама па преубава ми е,не зборувам за тоа што работи зошто се сликала,не ме интересира,само знам дека ми е преубава,јас не скаам ептен слаби девојки што виси се на нив,плус тоа убава ми е и без шминка,а стилот ми се допаѓа,еве неколку комбинации во кои ми е преубава Скоро сегде ми е убава ама да не трупам слики
Најмногу ми се допаѓа како се шминка, а за стилот.. па што знам, добар е, не е нешто врв. Има јако телце, особено газ. Ма каков газ Газиште, Газиштететете! Непостои збор
Мене не ми е некоја лепотица, а и која феминка рече, во шоуто се покажа како доста нискоинтелигентна. Можеби на некого му е атрактивна, си ја следи и ја смета за некоја модна икона. Јас само ќе речам дека има преубави парчиња облека, најдобри чевли и најскап, а воедно и најубав накит носи. Исто морам да искоментирам ШТО Е МНОГУ, МНОГУ Е! Па ова воопшто не ми се допаѓа. Остава впечаток дека има Спојлер дебел газ (се разбира дека нема) А тие по кежуал комбинации кои сте ги ставилe, тие ми се сосема океј. На овие слики е прекрасна навистина. Убаво искомбинирано фустан со сако:
Убава,неубава,дебела,полничка,циганка,не-циганка (според нас) сеедно оваа девојка зрачи со огромен сексапил и убавина , секогаш изгледа убаво и заводливо и знае да се носи и покрај што има вишок килограми. Единствено што мене ми паѓа во очи како замерка е што секогаш има премногу шминка на неа,баш како гипсирана е со еден тон пудра. За стилот што да кажам освен што би сакала да го имам секое нејзино парче што го има во ормарот (има понекогаш некоја утка али ништо страшно... кој немал )
една од најубавите жени што ја имам видено со еден збор прекрасна ми е изгледа феноменално облини има прекрасни на телото нејзиниот стил ми е на место бидејќи знае за која пригода што треба да има ставено на неа прекрасна ми е
Мене Ким ми е некако многу гломазна жена.... од напред кога ќе ја видам ми е ок...но од профил За комбинациите не сакам да коментирам бидејќи се се подразбира....сликите сами говорат,само тој задникот некако ја грчи цела работа,јас сакам подигнати задници,но нејзиниот оди надвор од конторла,како што некоја феминка спомена остава впечаток дека е дебела....Некако и колковите изгледа и имаат поголеми пропорции...незнам некако цела ми е огромна..... Спојлер Спојлер Спојлер Комбинации кои ми се допаѓаат: Спојлер http://www.pseriesstylist.co m/wp-content/uploads/2009/12/kim-kardashian-989-4.jpg Спојлер Спојлер
Најјјубаваа Колку убаво лице има и со шминка и без шминка, а за телото да не зборувваме....БОМБА Многу убави облини има, која цицка, кој г'з Најзгодна е од сите Беспреккорна е!
Многу ми се допаѓа Ким Имам сличен облик на тело како неа и таа е причината што повеќе не си го мразам телото. Порано бев многу искомплексирана и си ги мразев широките колкови што е и нормално, кога секаде низ готово сите филмови, списанија итн се форсирани девојки без облини, па мислев дека имам некој дефект . Ама поради Ким видов дека и девојките како јас можат да изгледаат убаво и секси И кога ја нападнаа медиумите дека има целулит, таа само им рече : So what: I have a little cellulite. What curvy girl doesn't? И искрено мене воопшто не ми изгледа дебела, мислам дека таа колку и да ослаби пак исто ќе изгледа бидејќи таква и е градбата на телото, толку и се широки коските. Еве баш на сликава погледнете колку и се слаби нозете, а ни стомак нема. За мене ова не е дебело. Не знам, можеби јас дебелината ја дефинирам на друг начин. Ми се допаѓа како се облекува Нормално има комбинации кои не ми се допаѓаат, но сепак во поголем број се тие што ми се допаѓаат. А и косата и шминката и е секогаш перфектна. Особено ми се допаѓа како ја шминка Mario Dedivanovic, не знам како ама секогаш приметувам кога ја шминка тој Спојлер Малце офтопик, ама приметив дека неколку феминки го употребија зборот "циганка", зар тоа по дефиниција мора да значи нешто неубаво или грдо?! Не помислувате дека можеби има некоја Ромка на форумов која би се навредила да го прочита ова... Не знам, како сакате вие, но мене ми изгледа многу невкусно. Постојат многу други зборови со кои може да го искажете тоа што го мислите без да навредите некого. Не сум Ромка, но мислам дека и тие се нормални луѓе исто како и сите други, и само сакав да го кажам моето мислење во врска со тоа
Спојлер Леле fierce ти честитам за мислењево, секоја чест навистина, браво!! И немало потреба да се срамиш од твоето тело и да се чувствуваш лошо уште многу пред таа да се прослави, си можела да се угледаш на Beyonce. Двете се gorgeous ! Како и да е, те поддржувам целосно за се што имаш напишано. И јас мислам дека не е дебела, напротив, нзоете воопшто не и се дебели, а една феминка имаше ставено и слика во костум за капење каде што е и тука изгледа прекрасно.
Почитувам вакви жени и воопшто не е дебела, има природни ци*ки, природен газ, а не како некои целите во силикони. Си има пошироки колкови тука е женственоста, во колковите во газот во ци*ките (да се наполнат рацете ) а не исушени како стап (Викторија Бекам ) Ким е многу е секси и кое машко нема да го заврти погледот кон ваква девојка да бидиме реални респект и стилот ми се допаѓа, се би носела
Зашто те чуди. Ние не го ни гледаме шоуто нејзино, кое е ултра популарно во америка. Таа е една од најпознатите американки. Чест е да ја поканат Ким и таа да присуствува на промоции. Јас имам напишано дека ептен ми се допаѓа стилот. Јес да еден период беше послаба и позгодна, па друг период се загои и ептен се здебели. Али облини почитувам кај девојки. Плус таа има газе и гради а сепак знае одлично да комбинира и да ги прикрие недостатоците а да ги истакне атрибутите. Тоа е она што многу ценам, кога се облекуваш во зависност од пропорциите на телото. Иначе ја сакам во нејзините фустани тесни во Леџер стил, има преубави чевли, ташните и се прекрасни, во кежуал комбинации носи стално марами, а шминката неретко и е перфектна!
Да, знам дека има шоу и не го гледаме, ама до толку позната ја напраија попозната е од многу долгогодишни актери и пејачи Проба да се прослави во музиката, но неуспешен обид.
Кај Ким посебно ми се допаѓаат облините кои ги има, и колку тие ја прават да изгледа женствено во секоја облека која ја носи.
Мене па девојкава ми е многу јака совршен пример за тоа како треба да изгледа една девојка.Облека,коса,шминка-секогаш ми била јако скоцкана. Е во вакви моменти посакувам да сум машко