За мене Каролина уште нема некој целосно дефиниран, изграден стил, што е жално за таа добра фигура. Порано, кога ја суредуваше кој како стигне, имаше и добри моменти и многу утки, впрочем и сега, со Цаци Паковска. На последниот концерт во Универзална ми беше вистинска рок принцеза, една од комбинациите кои најмногу ме воодушевиле, од облека, до шминка и фризура. И овие две фустанчиња и целиот стајлинг ми беа скроз ок, убава беше. Убава е, но премногу слаба и ковчеста и многу брзо почнаа да и` се покажуваат брчките на лицето. Можеби треба да си почне соработка со друг стилист, доста и` беше на Цаци. И дефинитивно да си направи некоја промена на косата, можеби малку да ја скрати и да се испроба ко џинџер, убава ќе биде.
Прекрасен стил има Каролина ! Затоа воопшто не бев изнадена кога и го видов прекрасното фустанче што го носеше на концертот во Битола, што патем речено беше прекрасен. И ете, си се заљубив јас во Каролинчето наше, во нејзините песни и во прекрасниот црн фустан.