Разгледав низ вашите теми и никаде не ја најдов Кендис Сванпул иако таа е многу впечатлива низ медиумите, многу позната во светот на модата, па ете јас решив да ја истакнам нејзината убавина и нејзиниот стил Ако некогаш некој се запрашал како би требало да изгледа една девојка, според мене оваа е мојот одговор- Кендис. Гламурозна, едноставна, нежна, префинета, секогаш изгледа прекрасно. Прекрасна е, зарем не мислите и вие така?
На Кендис тешко некој да успее да и одолее, затоа што во неа има нешто што во другите манекенки, модели го нема. Таа го има онаа нешто што те тера да ја сакаш, што те тера да ти биде инспирација, што те тера да посакуваш да бидеш како неа.Толку е едноставна, слободна, реална, природна, изгледа добро и со мејкап и без мејкап, иако јас секогаш повеќе ја сакам без мејкап, природна ми е многу поубава
Aбе девојки јас ја обожавам Кендис, ама вие сте ја утнале скроз со сликиве, ако е стилот на Кендис тогаш не треба да редите слики од фотосесии, туку слики надвор од фотосесиите и Викторија сикрет, слики на кои таа се облекла секојдневно и свечено..
http://www.candiceswanepoel.com/ еве ја нејзината официјална страница, мислам дека сеуште не е довршена има мал дел од слики а би требало да има повеќе
Прекрасна е! Една од омилените http://sphotos-f.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 6373_n.jpg http://sphotos-g.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 8219_n.jpg http://sphotos-d.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 6263_n.jpg http://sphotos-a.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 7061_n.jpg http://sphotos-a.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 9732_n.jpg
Да си бидам искрена, јас освен во долна облека, Кендис низ интернетов инаква не сум ја видела Со цел да можам да го дадам своето мислење на темава, зедов прогуглав некои фотографии и можам да кажам дека не сум нешто којзнае колку фасцинирана: модерна урбана девојка, без некои утки, ама кога ќе и‘ го видиш она фацулето невино забораваш што облекла - ова лично баш и не ми се допаѓа Спојлер - срцуле **********************
Не сум воодушевена премногу од нејзиниот стил. Ми се допаѓа што се труди да се облекува по тој street style, ама па некако ептен и е конфузен, а и можеби дека ми е премногу слаба не ми се допаѓа. Неколку комбинации кои ми се убави: Но најчесто фустанчињата и се необични и убави. На фотосесијава ме освои за првпат: http://www.femina.mk/новости/шоу-бизнис/фото-кендис-сванапул-е-дама-во-црвено-за-вог-мексико
Онака мислам дека луѓево не ни се замараат во што е облечена од што е таква убава и со тело ко газела па речиси се и стои добро! Најубава ми е кога е вака облечена кежуал модерно младалачки!