Девојката иако не е некоја модна икона многу добро се облекува. Не ја следам редовно но можам да речам дека стилот и е прекрасен. Уживајте:
Каков стил човече? Мене ми личи на крајно несредена, како да нема време да си посвети на себе. Секаде ми е некако иста, без некој посебен нејзин впечатлив изглед. WTF?
Tипкава не ја обожавам, ама има интересен начин на облекување.Има утки, и тоа многу, ама има и добри комбинации.
е ОВАА ми е тотална модна утка, ни СТАВ ни СТИЛ, а и морам да и го искоментирам забалото нели си личат
Неа не ја сакам, ама има неколку изгледи на црвениот килим кои се одлични. Дневниов изглед и е кежуал, тинејџерски, како секоја просечна девојчица, како осмооделенка. Ама еве што лајкувам Фустанов од Zuhair Murad е феноменален. Овие два фустани од Herve Leger ги посакувам На Polivore одамна ја добив првата официјална победа заради фустанот на Мајли Овогодинешниот оскаровски фустан и беше гром. Овој Кавали фустан е одличен. И оваа изработка е супер со исклучок на тоа што се влече кое е беспотребно, освен да ја сопнат да се утепа. Колку и да не ја поднесувам, една од најантипатичните личности е, но фустаниве се прекрасни
Стил? Добро, разбирам, и јас го обожавам андерграунд стилот, ама барем во детали. Како бездомничка се облекува. Комбинацииве од која полоша. Единствено нешто за што и замерувам е фигурата. На долнава слика ми се допаѓа, барем нека тера хипи стил чим и стои.
Многу ми е антипатична, досадна, писка цело време, ми ги силува ушите.. Но има добар стил. Некогаш, некогаш кога ќе се облече .. неможе да ја препознаеш.
Има интересен стил. Како мешавина од хипи, кантри и рок. Најмногу ми се свиѓа на црвениот тепих. Тогаш е преубава! Плус, секси ми е.