Со оглед на тоа што други ги средуваат за Црвениот тепих, Мила и нема баш некој стил или сенс за мода. Или е во тексасни панталони или во хеланки, трето нема.
Само овде ми е прекрасна! Фустанот прекрасно и стои! Посебно бојата. а стил нема некој посебен онака да воодушеви
Овој фустан ми остана во памет, заради смелото деколте. Јас ваков никогаш не би облекла, повеќе сакам затворени фустани отколку деколтирани. Мила ми се допаѓа затоа што е природна и ниту изгледа ниту се облекува премногу гламурозно, изгледа како обична девојка. Еве некои изданија од црвениот тепих во кои ми се допаѓа. Овој подолу ми се допаѓа затоа што е идеален за нејзината фигура, ја прави доста повисока Секој прави и модни грешки, и од нив би издвоила неколку.