own: own: own: Tапа Aко е Aрмани не значи дека е убаво Mене лично ама ич ич ич ич ич ич ич не ми се допаѓа како се облака, ко баба некоја појма и немам која е цурава (а ја имам читано низ форумов во темава) ама како и да е, ништо посебно од тој нејзин стил едит- Eдино на фаца што ми е многу убава и несекојдневна тоа да и уште еден едит битно кутрето го тегне натака навака, а се облака у крзно...пх,мочла една
Многу е слатка,не е преуба ама има некој шарм и е така многу харизматична... Еве ги моите имам и други омилени комбинации ама ме мрзеше..
Мене баш ми се допаѓа нејзиниот стил. А и самата таа не е за потценување. Навистина има вкус , баш да имам повеќе финансии добро би ми дошле некои модни промени од нејзиниот стил
Баш денес ја гледав, сакам да го шишам моево долго косиште и многу ми се допаѓа нејзината фризура до раменици, но сватив дека јас така со мојава полувиткана нескротлива коса нема шанси да ми стои така совршено ко нејзината Еве и некои нови комбинации кои ми паднаа во око. Али на пример ова ми е утка
делиме исто мислење, ретко убави комбинации гледам од оваа, незнам ни која е ни што е само некаде и се споменува името и толку. Единствено тие по кежуал комбинации што и се може да најдеш нешто остатокот ми е утка, една просечна девојка се облака мн поубаво од неа
Преубава,презгодна,едноставна,нежна,негувана... Премногу и го сакам стилот.Вери стајлиш. Класа женска,какво само држење има.Многу добро ја носи облека,тоа ја прави посебна. Многу ми беше убава со долга коса, темно плава/светло смеѓа како и да преферирате повише. Спојлер Многу ми се симпатични со дечко и.Ептен ми се заљубени некако
Алиштата ги носи со самодоверба, и признавам изгледа одлично во нив, има интересен стил. Еве неколку комбинации:
За девојкава немав слушнато се додека не ја видов темава и ептен ми фати окце посебно нејзиниот стил. Не сум љубител на реални шоуа ниту пак трошам време пред ТВ, но си почитувам убав изглед, добро изграден стил и фини комбинации, а девојкава дефинитивно го поседува тоа. Еве дел од она што успеав да го прогуглам: ПС Девојкава на некои слики многу ми личи на Љубам
супер си е девојкава ,мене лично ми се свиѓа стилот,нормално има утки али кој не напрајл утки,супер е првпат ја видов на the city, мислам сестрами ја гледаше серијата, супер си е женската
Оливиа Палермо ме инспирира! Не секој може да го разбере нејзиниот софистициран и шик стил. Има извонреден вкус и чувство за естетика. Таа е најсовршената девојка што сум ја видела во животот, дури и нејзиниот дечко е совршен.
Девојката ја видов прв пат во темата и можам да кажам дека има преубав и негуван стил.И таа самата како појава е убава,нежна и секое парче и стои преубаво.А и нема некоја утка,сите комбинации до една ми се допаѓаат.Би сакала да го поседувам нејзиниот гардеробер но за тоа треба малку подебел џеп.Не знам дали има стилист или таа сама си ги прави комбинациите но е вистинска модна икона.Таа и Сиена Милер ми се пример за девојки со стил. Повеќето комбинации сте ги ставиле,но еве уште нешто.
Појма неам која е и што е, нити ми се допаѓа како се облекува ама типов ^ што е со неа на сликите е врв! Кучка!
НАЈПРЕКРАСНА Е !! Ја обожавам! Леле, бе, зашто не знаев досега дека имало тема за неа? Ќе се турев од коментирање. Најдобриот стил го има! Се што има во плакарот би и украла, особено чантите од Hermes. Ауф! Еве ако сакате да дознаете повеќе за неа (тие што не ја знаете): http://zemizdiv.com/index.php/olivia-palermo Јас и нејзиниот личен блог го посетувам често, знае да постира интересни работи освен тие поврзани за тоа што носела. Edit: ќе ставам слики од нејзини комбинации што ми се допаѓаат, покасно. mims, типот и е дечко и се вика Johannes Huebl.
Најинтересно ми е што ја нарекуваат Real-Life-Blair-Waldorf. Еве неколку сликички на кои ми е многу убава. - не ме бидува многу за мешање принтови, ама како таа успева тоа да го направи, никој не може! - тука ги има истите Маноло Бланик чевли кои Кери ги носи во Сексот и Градот. Кај неа, многу ми се допаѓа тоа што често ги носи истите парчиња, но искомбинирани на различен начин. Убаво е што не се преценува дека мора во секоја прилика да биде видена со различни парчиња облека. Исто, некој погоре прашал, ќе морам да ве разочарам, но Оливиа носи вистинско крзно и поради таа причина не им е омилена на некои модни блогери и критичари.
Немој баш косата да и ја сечеш, баш и е убава. Како и да е, никој не може да одрече дека има прекрасен, едноставен и единствен стил.