Мене не ме потресува фактот што носи крзно. Не е прва, ниту е последна. Многу ми е убава за гледање, и прва инспирација ми е кога сакам да мешам принтови и текстури. А најмногу ја почитувам што не пати од комплексот постојано да се појавува во нови парчиња. Умешно ги комбинира чевлите што ги има многу пати, и парчиња гардероба, така што изгледа како да се сосема нови. Еве, овие чевли(кои се страшно добри) ги носи во неколку комбинации. Многу и ја сакам косата. Поточно, сјајот на косата, што не ми е јасно како го постигнува. Од сите должини и бои што ги има сменето, оваа ми е најубава. Има посебна женственост девојкава, затоа толку добро ги носи парчињата и така изгледа. Го има тоа дамското во неа, без разлика што е покварена до срж.
И мене ме разочара сега со природното крзно, голем минус има поради тоа. Инаку девојката стварно има совршен стил, ретко нечиј стил да бендисувам во потполност ама го обожавам нејзиниот. А и стварно косата до рамења и е прекрасна, во план ми е пак да си ја шишам така .
Од каде тоа дека е покварена и зашто? Баш ме интересира изгледа доста невино Убава е, но некако ми е многу студена без некоја харизма. Алал да и е што леопардските чевли ги утепала од носење но исто ко Славица би и ги исекла нозете ако се тоа чевли од вистински леопард
хаха, мимс, ме изнасмеа. Не и се чевлите од вистински леопард, туку тие крзната огромни, бундите и тоа не сите, неколку. Иначе, кучка ја нарекуваат и ладна, бидејќи е socialite и плус во The City глуми иста таква како што е во реалниот живот, богата и вообразена и сака сите да ги командува и плус поради овој факт и заради стилот и цртите на лицето ја нарекуваат real-life-Blair-Waldorf. Ама јас мислам дека приватно не е таква, барем како што ја претставуваат. Е, сега пред неколку години имаше скандал дека на сите нејзини „пријателки“ од исти ранг на Upper East Side им пратила меил во кој ги моли да ја прифатат, па да не им се заканувала или слично. На крај испадна дека немало врска и дека наводно се било наместено. Вака иначе, нема некој скандал со дроги, алкохол и распуштеност како секоја типична наследничка, да не речам Парис Хилтон синдром. Многу е префинета.
Не ги гледам ваквите серии така да ништо не сфатив од тоа што го кажа Нема везе, барем не е позната по порно клипче.
Девојкава е класа ипол. НЕ се става во иста реченица со Парис Хилон, Кардашијан, и остала компанија. Барем за стил зборам, а и нешто не е посебно скандалозна, на фемина не ја ставиле никогаш а Ким и команија растураат по сите таблоиди И мене ме фасцинита косава, заради неа и прв пат се шишав како што е до раменици. Она и Алба ми се врв со таа фризура. Плава ми е грозна. За мој вкус е преслаба во тело,но лице коса и стил има безпрекорни. Кучка или ангел, не е тоа темата, темата е стилот. Незнам кога има де речам ич не ми се свија комбинацијава. Се што носи носи со елеганција, изгледа поубава и него што е. Никогаш не ми била нападна или вулгарно облечена, кич или ептен све да сија. За разлика од ушеманиве блогерки кои сите се една на друга налик, Оливија има свој стил и често има доста уникатни комбинации-смела е со бои и принтови, ама па затоа и е уникатна и интересна. Пријатна е за око во секоја смисла на зборот
Еееј, типкава имала иста фризура како мене Па сега ми дојде желба да ја навиткам, да видам како ќе ми стои Мене Оливиа ми е многу убава и нежна, елегантна и прекрасна. Стилот и е уникатен и многу смел. Вешто ги комбинира парчињата. Само што, некако преслаба ми делува, особено на некои слики зглобовите целосно и се познаваат, дури одбивно ми изгледа И се ќе беше во ред со стилот, ако не носеше природно крзно! Се', се', ама тоа - не.
Оливиа ми е совршена комбинација од грациозноста на Audrey Hepburn и беспрекорниот стил oд Blair Waldorf. Јас го негувам и пратам нејзиниот стил, секако не носам вистинско крзно, но сепак никој не може да го негира фактот дека модата и крзното одат заедно. А токму за тоа во оваа тема станува збор - за мода и стил! Поголем дел од моите омилени слики веќе се пратени.
Добро, само мене ли типкава ми делува одбивно !? Не знам, ми има некоја таква bitchy face и многу ми е антипатична, па згора на тоа уште кога ќе ја видам окезена со таа пластичната насмевка. Уф. Не ја можам - конечен одговор. Како и да е, не одрекувам дека има сенс фор фешн и дека убаво се носи, ама ту мач ми е.
Никој не вели дека не изгледа како кучка, ама мене па воопшто ми нема вештачка насмевка. За вештачка насмевка ја сметам онаа на Блејк Лајвли, таа има вештачка насмевка и пол. Сепак тука се зборува за стилот на Оливиа, а никој не спори дека е апсолутна прекрасна во тој поглед.
Ахахха Мишела не си единствена. Исто ми личи ко да има бичи фејс, ама јас никад не сум ги сакала оние што се познати во Холивуд базирано од некое риалити шоу... Инаку стилот и е беспрекорен, ама мислам дека комбинацијава и е тотална утка. На фустанчево не му е потребен каиш воошто, изгледа несредено. Чантата не одговара, па ни чевлите. Незнам кој ја облекол вака ама од мене има own: