1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стилот на Сури Крус

Дискусија во 'Слики' започната од rossonerka, 20 јуни 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    [​IMG]
    Иако има само 5 годинки, девојченцево има колекција на чевли вредна над 100 илјади фунти, се облекува преубаво, како што имам слушано интервјуа од мајка и уште од 3 годишна возраст Сури сама одлучувала што да носи. Таа ми е преслатка, има толку убави чевлички, во фармерки или панталони нема шанси да ја видите. Можеме сите да и позавидиме на колекцијата на фустани и сукњи.
    Така да Сури си има и моден блог каде секојдневно излегуваат нејзините комбинации кои ги носи, многу е популарна, постојано следена од фотографи и секогаш е коментирана во однос на нејзиниот стајлинг.
    Има чевлички со ниска штикла (е ова само ми е претерано), стално носи и ташничиња.

    Што би рекле за Сури. Слатка е? Претеризам? Или?
    Иако реално кој и да има пари би сакал на своето дете да му купи најубава облека :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Asja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сите комбинации се убави :!: Но, има некои комбинации каде е облечена преубаво и складно да речам за годините, ама во повеќето личи на мини-женичка. Па и јас имав штикли ниски како мала сум ги облекла неколкупати, сестра ми сега има пластични за по дома само за играње, и мене ме дотеруваа, ама толку често да носи девојчево штикли ? Разбирам сакаат да е препознатлива дека е славна од далеку да се знае дека е Сури, но толку често носење штикли не е здраво, славните покрај сите активности треба и на ортопед да одат и да имаат право и здраво стапало, нели. Да не беше штетно, супер немаше да ми смета. За облеката имаше некои комбинации чудно искомбинирани од постираните, имам видено и други убави, ја облекуваат како братучетка ми малечка, само што на мојава не и ставаат штикли и со сите ритуали ја чуваат да биде здрава, инаку и таа е како мини дама во сакоа, фустанчиња кои кога би биле поголеми би ги носела јас за искачање пример, балетанки, сандали, секакви модни додатоци со машнички и цветови, има и ташнички нејзини тоа многу ми се допаѓа.
     
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Јаооо Сури Круз |( уште пелени и менуваат модна икона јее :puke: .
    Да имам пари и моето дете ќе се облекува убаво . Многу е напорна бе мајката :^)
    Ако сака и во злато нека се носи само нека не го напнува светот . Нормално е да оди на штикли а уште не знае да збори нормално е тоа ?! :^) Девојчево има пари и стилист па и некое циганче од улица ќе изгледа убаво така .
    Од вакви квалитетот пропаѓа а вакви исфорсирани мочки владеат со светов и веков.
    Оваа ќе биде наредна Парис Хилтон мое мислење |(
     
    На Abby, sm1zla и Peppermint им се допаѓа ова.
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Мене сето ова за 5 годишно дете ми е претерано.
    Да,убаво ја облекуваат,и јас ако имам пари,ќе ја облекувам ќерка ми,ама не до тој степен да ја разгалам.
    Штикли?!
    Ни под разно.Па 5 години има бре,едвај во патики може да оди.

    Убаво кажаа над мене,Парис Хилтон,а може и полоша верзија.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  5. la.parisienne

    la.parisienne Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    172
    Преслатко е девојчето. И јас ако имам ќерка ( здравје Боже ) би си ја облекувала така. Секогаш ИН. Би ги изоставила штикличките, и јас сметам дека е нездраво од малечка возраст да се носат токму поради здраствени причини, но во едно интервју исто на мајка и, прочитав дека ако Сури немала штикли на себе, тогаш плачела и плачела се додека не и облечеле. Па, тоа е. Taка си ја научиле :)
     
  6. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Може некој да ми даде линк од нејзиниот блог? :)
     
  7. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Мене ми е ова претерано |(
    До кај отиде светов? :^)
    Ја да имам парии ке ја облекувам керка ми убаво, ама во никој случај нема да ја мачам, за мене ова е мачење :!:
    Газот не знае да си го избрише, а носи штикли :fubar:
    Сваќам, не е девојчето криво, родителите се!
    Размазено детиште, од три години сама одлучувала што ке носи :^) Абе ајде!
    Едит: :o
    [​IMG]
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    За штиклите и јас се согласувам дека е претерано, ама ако гледате има на сликиве 1 пар штиклички, останатото и е балетанчиња, гумени чизми, угг чизми, така да не е цело време во штикли, само 1 пар има а и ги прегледав сите слики мислам дека вечерва :D
    Мене ми е преслатка.
    Стилист нема, сеа да не претеруваме, а каква ќе биде во иднина појма немам, али претпоставувам шмизла прва класа.
    А дека ја сликаат фотографи реално за тоа таа не крива, има познати родители. Да не не се сликани на секој чекор и децата на Анџелина Џоли и Бред Пит и децата на Џенифер Лопез итн.
    Сури ми е интересна зашто не ја кријат родителите како другите деца на познатите, си шета секој ден со мајка и си нема гајле. Тоа е и за почит. А не од некои деца ќе видиш слики 1 пати годишно на лулашки ги однеле останатото време со дадилки се дома.
    Се си има позитивност и негативност. Повеќе се тука негативности.
    Но ако зборам за она што го носи, Сури е трендсетерка :lol:
    http://suricruisefashion.blogspot.com/
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    ^
    Да, значи Сури е воспитувана по принцип дека сама треба да одлучува кога ке јаде, што ке јаде, кога сака да спие и што сака да носи, бдејќи нејзините родители сметаат дека тоа е правилниот начин за да ја вопситаат.
    Настрана тоа мене ми е прекрасна преубава, не секој има шанса за такви работи да поседува и да носи,
    се паднала во јако семејство нека си ужива во се што и душа сака :)
    Штиклите само би и ги тргнала, друго ништо не ми е претерано секаде ми е преслатка, да имам и јас толку пари некогаш, се би му овозможила на моето дете, и секој ден би го дотерувала во најскапи алишта. Подоцна кога веќе ке разбира нешто и е време за воспитување за животни вредности може да се размислува дали треба се да се дозволува. Сега нека си ја дотеруваат преубавка е не знам што ви смета :) вие мислите дека е претерано дека ние ништо тука не може да си дозволиме, за нив тоа е ништо.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Слатка е, цаканка и интересна. Кога има пари, секако дека ќе се облекува убаво. Ипак не е ќерка на ‘обични луѓе‘ туку на селебритис, и мора да е секогаш средена, и покрај тоа што има само 5 години. Гледам се дискутира околу носењето штикли. Па мало девојченце е, што ќе посака и даваат, сигурно нема да ги носи кога ќе потпорасне. И јас на 5 години се шетав низ дома во штиклите на мајка ми и ужасно плачев и кенкав за штикли кои ги носев во градинка и блистав од радости, детенце :)
    Мене Сури ми е ептен слатка и ја поздравувам.
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Добро луѓе,што ви е?!
    Дете со волкава слобода значи дека кога ќе влезе у пубертет ќе се треска од земја ко познатата ЛиЛо пошто овај нели,знае шо е добро за неа.Внука ми сака гради големи,да и дадам гифт картичка за силикони за роденден ко чакнатана мајка?!
    Не ми е симпатична,ниту убава,зошто дете треба да е слатко,а не модна икона,а друго е што е на центар пажња на сите педофили у светов.А башка што вака се испуријачува и е еден од начините да го воспиташ скроз неправилно со правилата на материјалниот свет и светоста на нејзиното височество,облеката и штиклите.
    Чизс,кај оди светов?!Чак убава и прекрасна била,стил имала...
     
    На JoxyTheFreak, Neytiri, Acerola и 13 други им се допаѓа ова.
  12. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Убава облека да, ама штикли од толку рана возраст, не! Се знае дека сите деца уште од најрана возраст треба да носат ортопедски чевлички за да имаат нормален развој и за подоцна да не се здобијат со рамно или искривено стапало. Но, ова е ќерката на Том Крус, не ме чуди ништо бидејќи човекот и така е чудак, штом ја натера Кејти да се породува без да врисне „А“, значи не му е толку важно здравјето. :?:

    Убави се комбинациите, но сепак штиклите се претеризам. :)

    Ќе коментирам повеќе кога ќе биде поголема и ќе одлучува сама за себе. :)
     
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    А нема други деца во светов на милијардери и милионери кои имаат облека повеќе од Сури кои се повеќе дотерувани кои се им е дозволувано кои реално нели не ни имаат детство, додуше тоа за нив е перфектно детство, ние тука сиромашките си имаме сосема поинакво гледиште на работите, сосема нормално.
    Ама Сури е девојче на познати родители и затоа е фотографирана.
    Али колку само деца кои кои се подотерувани, кои имаат се што ќе посакаат, од пелени имаат мобилен, од првото проодување имаат ферари.
    Сите треба да ги сметаме за уништувачи на светов? Тие се деца на богатите, кои што немајки време за нив светот им го претставуваат преку парите и луксузот. Нивно право си е. Не е еден таков човек. Илјадници се такви луѓе. И онака светов отиде јабана и со нив и без нив.
    Кај нас знам родители кои штедат за на нивното дете да му купат убава облека. Комшивче мое носи штикли. Братучетка моја се облекува од 3 години сама и има поголем гардаробер од мојот. Ама што? Не се познати и никој не ги оговара.

    Девојченца како Сури има секаде околу нас ...

    И не дека ја оправдувам Сури, стварно ми е мене слатка. А и не знам што да очекувам од дете на познати родители. Да игра ластик пред зграда ко во наше време? Па ни децава во маало сега не играат ластик а не па една Сури да игра.
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Сури е позната,затоа е на тапет,на тие милијардери да се децата у очи и нив за истото ќе го коментирам.
    А дали се уништувачи на светот?!Да,затоа што создаваат фрустрации и многу проблеми кај младите и лабилни луѓе додека тие се топат у пари,живеат како сакаат,а истовремено и тие самите се лабилни и шупливи,но ете ја имале среќата да бида узор.Ако имаат пари,не значи и дека вредат,така?!Така.Ама оди кажи му го тоа на дете од 7 до 20 години.
    Од нив започнуваат секакви девијантни работи кои не можеш да ги свариш колку и да си слободоумен.
    Повикани имиња се и на нив се угледува остатокот од светот,дури им аплаудира на секоја нивна глупости и ги јача да прават уште поголема.
    Ма марш,мочличе.
    Ги има насекаде околу нас,заедно со нивините искомплексирани родители,тачно.А паралелно и неуспешни зошто не успеале да доминираат над сопственото дете,туку тоа ги вози,а бонус му доаѓа тоа што сакаат да се пуваат.
    И да бидам милионер,ќе си го сакам детето и ќе го гледам ко дете,а не ко кукла и има да носи тоа што јас ќе му кажам,а посекако нема да биде лажачка цуцла со сваровски кристали и штикли.И има да носи партали од други деца и бенкици зошто расте со брзина на светлината.Што ќе му фали?!Да не му се срони бисерот?!

    Во добар дел од овие луѓе парите не им се заслужени.Јакиот Том Круз или Кејти,што работа завршиле,што филмови снимиле...туф туф.Тој шлакнат,таа пошлакната што е со него,туку им упалил кецот некогаш и тоа е.Реков,мета на секакви педофили кои онанираат пред тв екраните,одвратно!
    Светов не е розов за да девојче од 5 годинки го шета со штиклички и хаљинче кое на возрасна девојка би и стоело зошто има облини,гради и сексапил,нешто што го нема и не треба да го има мало дете.
     
    На Neytiri, Acerola, angelce1 и 11 други им се допаѓа ова.
  15. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Мало дете од 5 години не треба да носи штикли и фустани какви што не носат ни некои 18 годишни девојки... Славните во ова време се сфаќаат како светци како нешто најспецијално и најпрекрасно, ако некој славен се покака во јавност ќе врескаат од радост ќе се радуваат ќе бараат делче од изметот.. |(
    Така и малите деца што ќе видат како девојче на нивна возраст носи штикли,такви фустани и накит веднаш си создаваат филмчиња колку е среќно бидејќи е богата,што има такво убаво детство итн. и веднаш мислењето е дека тоа е правилно тоа е убаво,а и како да не мислат така?! Сврти на некој канал и тие се Том и Кејти и девојчево... Се земаат за примери и воедно она што нивните деца го имаат би требало да го имаат сите деца,но го немаат бидејќи не се толку богати... :!:


    Впрочем како детство е ова? На 5 години штикли, на 10 шминка и ласерски третмани за лицето, на 15 силикони на градите, на 20 на усните и липосукција и што живот е ова?! Уште од мали како треба да се облекуваат па се има ли таа извалкано некогаш? Да сериозно, има ли полазено по земја, има ли играно со користени играчки,има ли носено веќе носена облека?! Се има ли скарано со другарчињата? Тоа е детство,а каков ќе и биде животот, ако некогаш славата престане едноставно престануваат да бидат славни сакајки или не без разлика и таа научена на секакви работи што ќе прави тогаш? Не,не ова на 5 годишно девојче не личи јас не носам штикли не пак некоја 3 пати помала од мене...
     
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Лилит за се си во право, само едноставно кажав дека реалноста ни е таква да вакви девојчиња ко Сури има на секаде.
    Детство како нашето немаат овие денешни деца, не можеме ни да очекуваме.
    Денес мајките колку само нас ни викаат еее искочете доста пред компјутер, јас на твое време на корзо идев бла бла. Се менуваат времињата, се на полошо и полошо. Нема веќе деца пред згради, сите се пред пц. Не можеш и да сакаш детето да го воспиташ како што ние сме имале детство, поминало тоа време, само ли ќе го пратам со ластик во рака пред зграда, нема да најде друго другарче за да си игра. Сите имале компјутери, ќе се треска од земја и ќе му дадеш и ти компјутер. Сите родители велат на еден начин дека ќе ги воспитуваат децата, ама на крај со технологијава се оди во друг правец.
    Имало девојчиња и во наше време дотерани, ама немало папараци да ги сликаат.
    Денешната технологија не убива, од најмали нозе до старциве кои на 75 години отвараат фб профил.
    Тоа е јебига светот оди во бестрага.

    А само за пример и ние возрасните сме без памет. Ќе видиме една холивудска ѕвезда со 18 цм штикла и ќе се спотепаме да ја имаме и ние. Да не е тоа здраво? Како да не, сите полудуваме за глупости. Од деца до старци веќе мозокот ни е испран.
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Искрено вака Сури за убава - убава е. Ко секое дете впрочем. Мислам, дете е. За кое дете искрено велите - еј ама е грдо?! Грдо или не, дете е. Кога и ги загледав негде првите слики прокоментирав - ој шеќерче таа на луди родители.

    Ама искрено мене ми е за жалење малку. И тука не сум иронична ама воопшто. Не ми е баш за да и се восхитувам а уште помалку да и го коментирам стилот :worried:

    Стилот и е таков каков што и го направиле родителите, или поточно мама Кејт. Полека но сигурно Сури ќе се претопи во дете односно во човече кое е под големо влијание на она што и се случува дома, воглавно под диригентската палка на оние секташки навики во какви е воспитувана.
    Со големо извинување на сите оние кои ја прифаќаат Скиентологијата, таа за мене не е црква туку секта.

    И тоа баш луда секта. Да не навлегувам во нивните навики и правила, ги знаеме мање више сите.

    Ги гледам, онака маргинално нели колку што можам, што прават нејзините родители и си велам, море дај Боже штикличињата на нејзини години да се единственото лудо нешто што ќе го видиме кај ова девојче.

    Се нешто ми кажува дека нема тука да остане. Точно, не е единствено дете на милионери и милијардери, ама јас лично не ни сакам да и го коментирам стилот.
    Скренат на Бог знае која светска страна, ќе се повторам, како и паметот на оние двајцана кои ја создале.

    Светот оди во бездна, а јас не би да ги коментирам баш и навлегувам во детали на оние, кои го убрзуваат тој процес, макар да сум го гледала татко и во Топ Ган некогаш а мајка и во Dawson's Creek.
     
    На kate21 и rossonerka им се допаѓа ова.
  18. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Сури Крус или Сури Круз. Иако на дискусијава не и тука место, само ќе кажам - во свет во кој милјони деца гладуваат, толку пари фрлање на облека и уште поголемо форсирање во јавноста, според мене е перверзно.
     
    На zhap4e и Phyramide им се допаѓа ова.
  19. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    168
    Девојки ве следам некое време и едноставно на оваа тема морам да дадам едно мислење затоа што страшно ме иритира.
    Како прво таа е дете од 5-6 години која е толку мала возраст за да се прават со неа(со Сури) толку глупости. На девојчето му го скратуваат детството, не го оставаат да порасне, да созрее, некогаш да излези со мустаќиња од јогурт на лицето како сите деца. Наместо тоа ја научиле да позира и да шармира папараци, девојчево едноставно кокетира со сите. Тоа е толку вештачка појава, и никој нека не ме убедува дека таа се родила и од 3 години посакала да позира пред напорно новинари. Сето ова е дело на нејзините родители кои очигледно не се способни правилно да пораснат и да воспитаат дете, па така да џабе им се сите пари и сета облека која и ја купуваат и нарачуваат специјално за неа. И што е тоа ви се молам девојчево има гардероба вредна 3.000.000 евра. Па дали се тие нормални и дали имаат малку осет и грижа. Па додека ја вештачат и ја публицираат нивната 5 год. ќерка која бидете сигурни појма нема од мода и од трендови во светот деца умираат за леб. Стварно сум мн. револтирана од таквиот однос и се прашувам до каде може да одат богаташиве со нивните незаситливи амбиции. Сури била модерна и трендсетерка, сама бирала алишта итн. и замислете ова девојче се најде на листа за најдобро облечени жени (мислам во Америка беше), дете од 5 год. не е еднакво на жена. :!:
     
    На A-j-a, macysh, Dgirlll и 3 други им се допаѓа ова.
  20. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Мислам дека кога ќе порасне девојчево ќе биде најголема ороспија....едноставно така мислам :)
    Нешто слично на Парис Хилтон.