Ах да како што кажаа родителиве секаде кажуваат дека ја учеле се сама да прави, од една страна се фалат дека добро ја воспитуваат, а од друга страна кажуваат цифри колкава и била колекцијата на чевли, последно колку скапа куќичка на дрво и купиле. Ај сеа султанот на Брунеи да излезе и да рече а јас на мојот син што златна куќа сум му купил и се тако даље. Родители дека се ненормални точно. Се е до родителите, детето само не се воспитува. А посебно исфрустрираниве американци се повеќе не "воодушевуваат", само потсетете се на шоуто toddlers and tiaras А и во последно време не гледам некој проект на глумциве, па преку ќерка им си се промовираат. За ова може да се дискутира до бескрај. Отсекогаш постоела таа поделба богаташи со пари каде милиони печалат дневно, а други умираат зашто немаат трошка леб. Сури има гардаробер од мама и тато. Ако е така на темава мода и убавина за сите стилови треба да дискутираме во овој поглед. Додека Ева Лонгорија или Кери Бредшо или Оливиа Палермо даваат илјадници долари за Хермес ташни и Лобутинки, други луѓе питачат. Ова постои отсекогаш, никогаш нема да има крај на овој проблем. Тоа е Сури си е само слатко девојче, убавка облека со исклучоци, со пажња претерана, но за тоа таа ништо не е виновна. Правев муабет со една воспитачка пред некое време во градинка и вика да ги видиш нашиве денешни деца, со мобилни, се знаат за компјутери, облека најмодерна, штиклици... така да се што пљукаме за американциве е дојдено и го има и во нашето соседство. Колку е само тешко да си родител во денешно време и не знаеш на кој начин да го воспиташ детето. А парите се повеќе и повеќе го вртат светот. Будалаштините ги има и тука. Еве ги. Ми се повраќа од нив http://www.youtube.com/watch?v=wmE6N8CncqA
За ова може да се дискутира до бескрај. Отсекогаш постоела таа поделба богаташи со пари каде милиони печалат дневно, а други умираат зашто немаат трошка леб. Сури има гардаробер од мама и тато. Ако е така на темава мода и убавина за сите стилови треба да дискутираме во овој поглед. Додека Ева Лонгорија или Кери Бредшо или Оливиа Палермо даваат илјадници долари за Хермес ташни и Лобутинки, други луѓе питачат. Ова постои отсекогаш, никогаш нема да има крај на овој проблем. За ова си во право, така е. Но ајде да замислиме дека Ева Лонгорија итн. го прават тоа со свој ум и разум, дека тие знаат што прават и дека едноставно не можат да се замислат во облека кој не е со петцифрени броеви и дека без неа не би биле тоа што се. Но ова е мало девојче кое може да помине и со поскромна облека која не е со вртоглави цифри а сепак да остани слатка и убава како што впрочем и е. Неа не и се потребни креации специјално креирани за неа од Армани и тоа лично. А тие 3,4,5 милиони евра да се донираат на пример исто така за деца од 5 ког. кои немаат леб, а камоли облека
Мене ми се допаѓа малава. Баш е слатка. И јас кога би имала пари и ќерка би ја облекувала слично, само без штикли се разбира. Мислам дека донекаде што е толку забележана е поради честото шетање со мајка и. Секако дека на секој познат децата се добро облечени, во скапи алишта, но нивните деца пораснуваат со своите дадилки, па овде е исклучена можноста да бидат фотографирани на секој чекор.
Слатка е но за девојче од 5 години ова е претеризам. Премногу е разгалена и исфорсирана уште од мала. Кога ќе порасне со ништо нема веќе да се задоволува. Ништо чудно девојчево да стане лигла нешто слично како Парис Хилтон, разгалена наследничка на Том и Кејти
Очигледно си можат, па си се к**чат со малава, а и таа прифаќа да живее во тој филм, изгледа и е интересно да тропка со штикличките додека другите деца си играат со коцки, барбики и сл. Незнам што ве чуди ова, земете еден прост пример пред 30 години децата носеа платнени пелени, а денес носат памперс, пред 20 години си играле со стапчиња и песок денес си играат со ајпад и сл., пред 15 години ние игравне ластик и жмурка,градевме замоци од лего коцки, денес децата градат градови но во компјутерски игри... Се е момент кој го носи транзицијата, и она што некогаш изгледало неприфатливо денес е нормално... Така ако денес чудно ви е дете од 5 години да носи штикли, за неколку години тоа ќе биде нормално и можеби 90 % од децата ќе носат. Може вие тука да се карате и препирате но тоа треба некој да им го каже на Том и Кејти, па да изменат нешто, а за вашиот став за воспитување, секој од нас ќе има прилика своето дете да го воспитува како што сака. Мене Сури ми е слатка, без разлика каква реакција предизвикува, и дали сите ја сакаат или не, убава ми е и еден ден кога би имала толку пари и јас на мојата ќерка ќе и дозволам да има плакар од 100 квадрати, со гардероба од 3 милиони. Можеби нема да и дозволам да носи штикли но дефинитвно ќе ја учам својата ќерка да биде дама. Па која од нас тука не сакала да има многу облека и обувки, која од нас по дома не се шетала со штиклите од мама, или која од нас не го крадела карминот од мама зошто сакала да се шминка??? Сите ние сме сонувале за тоа а Сури има можност па си го живее тој сон, не велам дека оправдано но не се само родителите криви, и таа сака сигурно да биде таква а тие очигледно уживаат да и ги исполнуваат сите желби.
Искрено да имам пари колку и нејзините родители и јас би сакала да му удоволам на детето свое, да има се што не сум имала јас...место сама да се мачи да го стекне јас би и го дала. За претеризам само ги сметам штикличките кои од здравствени причини се многу лоши.
Многу педофилска ми е темава. Освен дамските изданија кај шо е ко бонбонче (многу е убавка!), останатото ми е пјур булшит. Леопардски кондури на педа од земја дете? Беај бе. 3 годишна возраст е прерано за влегување у холивуд филм, оваа не ни знае со сопствена глава да мисли. Кејти се изживљава, и онака не можам да ја сварам, не знам зашо.
Не,не,дефинитивно не.Не ми се допаѓа ова што и го прават.Има пет годинки побогу,што ќе и е тој плакар со алишта? Ниедно дете на таа возраст не се радува на штикли и комбинирање облека,се радуваат на сладоледи и барбики Јас тврдам дека кога би имала толку пари НЕ би ја облекувала вака ќерка ми! Би и овозможила убав живот кој вклучува квалитетна облека соодветна за нејзината возраст,играчки,воспитување најдобро што можи а не разгалување до овој степен,најдобро образование итн. Инаку девојчето е слатко,па кое дете не е? Само во случајов се претерува,во право се познатите родители кои ги кријат децата,па ова на ништо не личи.Рекламирање на ќерката и нејзините модни комбинации.Најдобро облечена ЖЕНА..пфууј
Стилот на девојчето е фантастичен и точка. Кога сме веќе кај штиклите, да и на мене не ми се допаѓаат, ама да ве потсетам само дека кога бевме мали деца сите ги сакавме оние црвени кломпи-папучи со штрумфови и со мала штикла?!?!? Ваљда некој ќе се сети тоа беа осумдесети и почеток на деведести години. Девојчето не е криво што го живее Холивудскиот живот и не е криво што мама и тато се милијардери. Родителите премногу сакаат да и удоволат и едноставно можат да и овозможат се што ќе посака. Таквото дете кое е израснато во таква средина едноставно така ќе функционира. Мама и тато имаат пари и за нивните внуци... Епа тоа е моќта на парите кои го менуваат човекот.
тука ми личи на минијатурно женче дали Кејти пред да икочи од дома погледнала какво е времето надвор? На стилот на ќерката најмногу е горд таткото. "Почестен сум што луѓето сакаат да ја копираат облеката на Сури и начинот на кој таа ја носи", рекол Том за "Гламур". Секако, и мајката не останала без коментар. Таа објаснила дека нејзината ќерка веќе има изградено чувство за стил, и дури и била најголем критичар. "Секогаш искрено ми кажува што мисли, ме советува кои панталони со кои чевли да ги искомбинирам. Има одлично око", се пофалила Холмс. - Таа се облекува самата - откри Том Круз. Ако му веруваме на тоа, излегува дека Сури е природен талент за мода, дете родено со стил. Малата модна зависничка знае успешно да искомбинира балон-фустанче со цветен принт и златни чевлички на мала потпетица со иста таква чантичка со панделка. Добра е во комбирањето дезени и знае дека зебра-хеланките треба да ги облече со еднобојна блузичка, па избира една со карнери и црно-белата комбинација ја зачинува со нежна боја на лаванда. Изненадувачки се вклопуваат и балетанките со леопардов дезен. Омилено и е црвеното палто од „ДиГ јуниор“. Таа е доказ дека вистинските чевли доаѓаат во сите големини. Пред неколку месеци ги обу првите со потпетица и веќе е подготвена за модната писта. Додека некои цел живот не успеваат да научат да одат на потпетици, на Сури и успеа во првиот обид. Но не е експертка само за облека, со многу внимание знае да избере соодветна нијанса розов детски сјај за усни. Преслатка и на двете слики „Таа плаче ако Кејти посегне по обувки кои немаат нешто како штикла“ – пишува списанието, потпирајќи се на зборовите на анонимниот извор. Кејт чевлите кои се купени без потпетица ги дава да се редизајнираат за Сури". Дури и кога оди да си игра во парк или на плажа плаче ако Кејт посегне по рамни сандалки. Страшно вика: "Не мамо, не!", а потоа со прстот покажува што сака. Но за разлика од среќниот татко, Кејт многу тешко ги поднесувала барањата на ќерката. Посебно се нервирала кога требало да и бира на префинетата Сури облека и чевли, затоа што едвај можела да излезе на крај со неа. И тоа не е се Сури Круз има и своја кредитна картичка со неограничен лимит. Накусо кажано: Пош, Кејти, Мадона и компанија - шетајте! Во градот стаса нова икона на стилот. Во ликот и делото (?!) на петгодишната Сури Круз.
Работава испаѓа дека таткото ја разгалува. Татина принцеза. Сепак на мајката е целиот товар околу облекувањето, не и е лесно ако ја научиле така целовреме да и бира облека, за неа не може да гледа од ќерка и испаѓа. А тоа дека плаче верувам, јас сум плачела ако сум била во панталони сум викала дека сум како машко и сум барала само суќни
Сури ми е препреслатка!! На стилот можеме само да и позавидиме! Срце е! Од неа ќе излезе права модна икона!! Ќе израсне во девојка која знае кога како треба да се облече! Секоја мајка кога би имала пари би и го пружила тоа на својата ќерка, секој сака детето да му биде модерно облечено(верувам дека е така, освен ако има некој кој нема смисла за убавина). И што се запнале сите за штиклите? Кои штикли бре? Ако тоа се штикли јас не знам што носите вие а го нарекувате штикла!! Значи, за мене тоа не е никаков претеризам, за мене тоа е нормално! И барем нејзините „штикли“ се со малку стил, а не се како оние купени од пазар кои мајките им ги купуваат на ќерките во денешно време, а и порано! Сите сме имале такви потренати чевлички. И сме скокале како луди од среќа! Кога ние бевме деца можеби ги немаше сите овие работи кои денешните деца може да ги имаат, па затоа некој стило на Сури го смета за претеризам!
Многу мило и убаво девојче. Ми се допаѓа косичката и тоа што уште од мало е дама. За тоа е виновна мајка и, или можеби и таа има стилист? Не знам. Да не се повторувам со Пирамида, Скиентологијата може да ја уништо во понатамошниот живот а Том и Кејт за глава да се држат тек тогаш. За штикличките немам ништо против. Јас како мала пискав да имам такви и сега да имам дете ќе и купам. Секако ако имам милијарда во банка па можам да осигурам дека нема да штетат на нејзиното ноџенце мало. Спојлер Тегетно фустанче со бордо оксфорд чевлички.
За слатко и мило девојченце, потврдувам дека е. Всушност, кое детенце со свои 5години не е мило? Што, јас демек не сум сакала да се качувам на штиклите на мајка ми кои ми биле цела педа поголеми и да се фрцкам низ дома како да се наоѓам на ред карпет? Да... сум сакала. И, мислите дете како дете, нема да го каже тоа што го мисли? Ќе го каже. Епа, јас колку пати сум посакала штикли на мои 5/6/7 години. Се продаваа едни, нешто како пластични беа. Но, мајка ми и татко ми никогаш не ми ги купија, а подоцна јас станав свесна што уствари барам. Едноставно сум се навикнала да живеам како и другите девојчиња на тогашна моја возраст. Тука јас ја кривам Кејти. Побогу, какви штикли и накинџорани парчиња и облекувате на Сури? Па, послатка би била со плетенки во косата заврзани со кики и со некои слатки фустанчиња и обични рамни сандалчиња. Ако толку сакаат брендирана облека, нека се брендирани, но како за нејзината возраст. Не дека овие што ги носи не се слатки, ама, што е многу-многу е. Што ако е дете на милионери? Што се менува тука? И што, Сури плачела ако не е во штикли... Дајте, ви се молам... Ако родителите не и купат штикли, како таа ќе знае како е да си на штикли? Еднаш ќе и купар и девојчево после ќе мрчи за штикли. Епа, што мајка барате да го навикнувате девојчето, а после да се правите наивни во стилот „Абе, она така сака, плаче многу за такви штикли, ајде де, што да и правам“ . Се сомневам дека девојчево ќе си го изживее детството како секое нормално дете. Ќе се кае кога ќе порасне... Ама, тоа е.
Мене ова не ми личи на номално дете. Многу го разгалиле Па замислете какво ке биде за 10 години ... И демек плачела за штикли ... Па и не е до детето . Криви се родителите !
претеризам да видеме дали ќе остане памет во чупево на 18 годишна воздрас,па на мн.слики не личи прикладна на нејзините години облечена го префорсирале а девојчето само по себе си е убавко
Преслатка е, има некои добри комбинации, но погледнете ја оваа на пр. Ништо не одговара... А кондуриве се одвратни и не одговараат за нејзината возраст. Но погледнете ја оваа комбинација. Се е убаво искобинирано.... Понекогаш супер се облекува но,понекога тотално промашува.... Така е кога сама си ги прави комбинациите
Си може бе,си имаат пари,си се облекува како сака а и има убави комбинации.Но што е претерано претерано е.На 5 годинки штикли па јас до 16 години не знаев што е тоа а камоли на 5. До вчера пелени носела и се уште на млеко мириса се облекува...не знам како да се изразам соодветно,но во секој случај преслатка е.