1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стилот на Сури Крус

Дискусија во 'Слики' започната од rossonerka, 20 јуни 2011.

  1. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Ова за мене не е дете ова е жена. Искрено ни јас не сум се облекла толку сериозно со мои 21 година како што се облекува таa на нејзини 5. :^) Како што кажа Росоњерка не можиме да очекуваме да игра ластик надвор, тоа е точно, но во повеќето постови во темава прочитав дека доколку и вие би имале ќеркичка и пaри и вие би и овозможиле плакар од 100 квадрати. Види чудо, јас не би играла така. Баш тука лежи грешката на Кејти и Том. Јас и кога би ги имала тие пари, не би и овозможила плакар од 100 квадрати, пре би да и овозможам со тие пари цела една куќичка преполна со секакви играчки. Да има детство детето. Море би и направила ако треба и куќа со базенче со песок, вистински песок од кој ќе можи да прави замоци и кога ќе излези од таму да и ја мијам косичката полна со зрнца песок. Барбики еден тон, со секакви коли, куќи, кујни и не знам ти што. ДА царство од ИГРАЧКИ, ако треба и поголемо од 100 квадрати, ЗДРАВ и НОРМАЛЕН сон на секое дете. Плакарот полн со брендирана облека не е нормално да биде сон на дете од едвај 5 годинки.
    Најмногу од се ме нервира кога ќе прочитам дека СУРИ сакала да носи штикли, дека СУРИ се дрецкала од земја од плачење ако мајка и допри обувки кои немаат потпетици, а како тоа на сликиве гледаме Сури да носи Угг чизмички, балетанки, оксфордки, кои немаат штикла ? Зарем за нив не се дрецкала ? Ајде бе. Во тоа можи да поверува само малоумен. Без навреда, ама така е. Се знае кој ја направи Сури ова што е. Не личи на ништо, а најмалку на дете. Ни во фаца, ни во облека, ни во тело не ми личи на детенце.
     
    На sweet-star, girl.23 и crazylady им се допаѓа ова.
  2. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Убаво и слатко девојче. Но, мислам дека на некои слики изгледа многу повозрасно за нејзини години. Делува како некоја женичка. Премногу е разгалено, па од 5 години бре нон-стоп на штикли да си... |(
    Ај за во иднина ќе биде модна икона, но ова сега мислам дека е претеризам. Наместо да ужива во детството како сите деца таа ќе си размислува каква штикла да земе... :fubar:
     
  3. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    според мене претеризам и точка. (сладоледот поголем од неа е а мода ќе следела)
     
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Уште една американска реалност.
    Не знам зошто се чудите, кога и онака преплавени сме од теми поврзани со овие селебрити, насекаде околу нас. Колку им траел прдежот, кој на кого му рипнал во скут, и малава од нигде-некаде. За мене не и не, арно да ја гледам вака фино стокмена, мала принцезичка, обожавам мали деца посебно девојченца мали, како куклички. Вака на мое дете НИКОГАШ! Уште за фалење е работава дека се траскала од земја ако не и се купеле штиклички. Денес ова, утре друго ќе побара, задутре ќе ја видиме по весници како си нашла другарка Лохан и Хилтонка, и прават театар и пародија од самите себе.
    Размазено до немај каде. Гледај воспитај ја, вложи во образование, да застане на прави нозе (на кои ќе носи штикли, нели?), да стане човек, а не да се збори за неа како модна икона уште од нејзина 3 годишна возраст. Џабе зборење, и онака испран им е мозокот од милионите.
     
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Дама била.Со 5 години :fubar:
    Девојчето ќе има цел живот за да биде дама,да оди на штикли,да биде цакум-пакум средена но само еднаш е дете и само еднаш има можност да си игра во песокот без да се грижи дали ќе си го извалка фустанчето.
    Да,вината е во родителите.Тие родители според мене не се нормални,а всушност кој во Холивуд е нормален??? Децата им се како еден вид на моден додаток,па ајде ќе му облекуваме штикли,ќе го учиме уште од мало да носи само дизајнерски алишта.Колкава грешка прават ни они не се свесни.
    Па јас кога сум била на нејзината возраст си носев маичка и шорцеви со Том и Џери и ич не се секирав дали сум ја облекла наопаку маичката или не.Трчав само да излезам надвор и да си играм.
    Девојчето уште не знае убаво да зборува,модна икона била сешто на овој свет :x
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Сево ова е вина на родителите. И ако мислат дека со ова постигнуваат нешто, се лажат. Изгледа многу неприродно, извештачено. Не сакам да употребам некој погруб збор. Убаво девојче е, слатка е, ама ова на ништо не личи. Се гледа дека ја разгалиле до неверојатен степен. Штета за девојчето. Нема детство во вистинска смисла на зборот. Жена ќе биде цел живот, ама детството не се враќа.
     
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Кој ќе ги заменеше Хилтонкине инаку |( Добро сеа, можда на детево навреме ќе му скурчи од имиџов, па ќе стане уметник, или компјутерџија, или бизнисвоман, штоидае, ама сега е гревота да го гледаш, и покрај слатките чевличиња и обравчиња, тоа е дете, што сосила го прават жена. Мајка му е таа која треба да посети психијатар. |(
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.713
    Допаѓања:
    150.525
    Го напукаш со ајвар,тие образи да му пукнат од свежина и селско руменило,да го облечеш у домаќо плетено ванелче,плетени чорапчиња,што ќе му фали бре?!
    Не прифаќам и не прифаќам детето да ми биде голо на минус степени само ради мода и не прифаќам мене модата да ми го испие мозокот за да му го правам тоа на кутрото. Вакви какушки само од Америка можат да дојдат и да ги оправудваме со глас ко на чичко Милорад на Марјан,знаш,то је дете на познати,не можеш да очекуваш од него поинаку!
    Мх! Ај да не мешам политика,ама детево у градинка да го чучнеш со сите деца и да му дадеш сирењак со јогурт,нема да го препознаеш дека е поразлично и посебно!
    Тоа е дете,а не кукла!
    Се вознемирив ко првиот пат кога ја здогледав темава! :wasntme:
     
    На sweet-star, LaChiquita, pink4ever и 2 други им се допаѓа ова.
  9. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764
    Девојчево ќе биде полошо и од оваа , кога ќе порасне.. Мене ми е невкусно.. На три години сама се облекувала, :D :D :D Па , таа на 3 години не знае ни како се вика , не па да се разбира од мода.. |(

    http://www.youtube.com/watch?v=k3kK22gJ ... ure=relmfu
     
  10. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Нема да биде лошо и да и ја мијат и чешлаат косата одвреме навреме :worried:

    Јадно дете.

    Живела Кејти и нејзините недефинирани желби и метафорични пораки до обичните смртници низ светот, барем јас така гледам оти друго логично објаснување за да изнесеш дете со голи нозе на -15 у име „задњи модни крикови“ немам.

    Е па да, додека децата низ светот гладуваат, умираат за чиста, пивка вода, голи и боси спијат по улици оваа и нејзините другачки од џет сетот нали, децата ги трансформираат во подвижни Прада идиоти.

    А, што е најсмешно истите тие утре ќе посвојуваат деца и ќе ги прчат силиконските муцки пред камери со нив.
    Изгледа и тоа е модерно...колекција од јадни деца. А, не знам што ќе им се ко уште појадни си ги чуваат веќе по дома.
    Греота...
     
  11. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Мислам само некој ненормален ќе му дава на детето да носи штикли и таму разголено да ми се шета..па уште дама била на 5 години...оф мори мајкооооо :fubar: :fubar:
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Малово кога ќе порасне можам само да замислам која помодарка ќе биде :)
    Мене ми е многу слатка и симпатична и не знам зошто tолку врева се крева околу тие штиклички, ко мислиш 10сантими се високи.Не верувам дека волку ниски нешто посебно ќе и смета во развојот.На крајот на краиштата има девојчево доктор кој ќе ги посоветувал нејзините да не и даваат ако е толку страшно.
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
  13. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Фемина90-многу доктори ја имаат советувано мајка и да не и дава сега да носи мали штиклички бидејќи сеуште нозете,стапалата и се оформуваат,а знаеме дека и за мали штиклички сепак треба рамнотежа да се одржува :!:
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Како може да дозволи оваа да носи чизми кожни до колена, а ќерка и римјанки? Притоа врне.
    Ќорава ли е Кејти не знам.
    [​IMG]


    Видете на juicy couture колекциите за деца, штикли.
    http://www.juicycouture.com/girls-bouti ... lt,sc.html
    [​IMG][​IMG]
    Дал се ненормални дизајнериве на чевли, дал оние кои одобруваат да оди ова во продажба, дал директорите на фирмиве, дал родителии што купуваат штикли на деца?
    Не е само Сури. Многу други деца ги носат чевливе, јас сеуште не знам како дозволуваат да се продаваат.
    Јас кај нас видов дете во штикли на улица со мајка му.
    На слики трачарски во Свет во Србија видов на познативе и децата во штикли им одат.
    Вакви ненормални работи не само на слики во америка ќе гледаме, него и околу нас.
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Роси, ова доаѓа исто како за крзнените бунди. Додека има потрошувачка ќе има и производство.
    Не е само Сури дете кое носи детски штикли, има многу мајки кои не се дел од јавниот живот и за кои не знаеме, ама ги купуваат чевличките за своите ќерки.
    А дизајнерите, фирмите можеби се криви што почнале со производство, ама оние родители кои се доволно свесни за последиците верувам дека не би им купиле такво нешто на децата.
    Сепак, вината е во самиот родител пред се.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Според филозофијата или религијата (или не знам што е саентологијата) што ја следат родителите на Сури, на детето мора безусловно да му се исполнуваат сите желби. Значи на Сури не смее да и се каже Не, дури и ако посака да носи сандали на снег.
    Во каква личност ќе се развие Сури допрва ќе видиме, но можеме да претпоставиме.
    А Кејти ми е една жална и беспомошна фигура, покрај оној лудакот покрај неа.
     
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    [​IMG]
    Навистина не ми е јасно зашто девојчево еднаш не го облечат соодветно за временските услови :^)
    Кејт со капутче, чизми, ќерка и со раскопчана јакна, летен фустан и балетанки :fubar:
     
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.990
    Допаѓања:
    279.165

    Ја ЧелиЧат :rofl: :rofl: :rofl:

    сала на страна, забораваат дека детево е од крв и месо а не кукла.
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    У најмала рака ќе биде љигавеш како Париз Хилтон :puke:
     
    На koritsaki и girl.23 им се допаѓа ова.
  20. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Најстилизирано девојче - Сури Круз
    Петгодишната Сури Круз, ќерка на актерската двојка Том Круз и Кејти Холмс, често пати е жртва на таблоидите затоа што во изгледот се разликува од...


    ...девојчињата на нејзина возраст.

    Сури носи чанти, штиклички, се шминка. Светските медиуми и доделија епитет – најстилизирано познато девојче.

    Без разлика дали оди на сладолед, во шопинг, на училиште или на снимање со родителите, Сури секогаш е тип топ средена.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Извор: ЦрноБело