Личи многу на мајка и', дури и клемпавите увца ги наследила. Слатко детенце на кое и' е ускратено најважното - детството.
Е стварно не ми е јасно што му прават на девојчево. Каде што ја најдов сликата пишуваше дека било 4 степени и дека излегуваат од дома
Зошто се ненормални. Според нивната религија т.е секта не смеат на детето да му речат НЕ. Затоа ако сака тоа да шета во сандали во зима ќе шета. Му го јачаат имунитетот на детето, додека не фати пневмонија Монтка и голи нозе Кога ќе видиш она често така се шета. Ете сеа си направило список на божиќни подароци и тие вредат 130 илјади долари. Сакала пони, дијамантски обетки и убави фустани за да може да се чувствува како принцеза. И кој ја има раширено веста? Родителите, кој може друг. За медиумско внимание. Еве комбинација и забележете и ги ноктињата
Темава би требало да биде за осуда на ваквото воспитување и израснување на дете, а не за стилот. Кој стил на 5 години? Чив стил, на Сури или на Кејти? Плачела ако не и` даделе штикли? А, кој ја научи на штиклите? Ова повеќе ми личи за медиумско внимание и за тоа дека имаме пари, па нашата ќерка ќе е во се` најубаво облечена. Многу жалосно. Има подиви ѕвезди од Кејти, ама децата ги израснуваат многу подобро. Кејти ни малку не ми личи на одговорна мајка.
ma dobro sea. se pretruvaa. premnogu zastitnicki.. i se tie raboti..tocno deka stilot na edno dete mu go izdignuva majkata ama i ako deteto ne saka .. da go nosi ona sto majkata go odbrala ete problem... no aj da se zaprasame dali kaj nas nema takvi luge??????? ima eheee so mali pridonesi .s o mali plati pa zapnuvaat da go imaat najskapoto za nivnite princezicki.. pa po f.b postojano objavuvaat obleceno vo najnovite alista.. .. pa duri edna majka .. so mali pridonesii. razmisluva kako da najde . cizmi ugg na svojata 2 godisna kerkicka .. ma ajde molam vi se sekade ne ima takvi... samo so uste poloso nekoi nemat pari.. sto me poveke iritira. a ovie pa od pari go rasipuvaat deteto inaku ovai fotki se izdvoeni.. inku... kako sto sum gledala ima stv . ubavi alistenca ova detencepozzzz
Според мене ова не е стил на облекување ,ова е упропастување на мало дете ,коа ќе порасне тоа дете кој знае што ќе сака и какво ќе биде ,чим сега за нова година бара подароци од 130 000 долари
Слатка е. Што претеруаат, претеруваат. Но има добри парчиња, кои понекогаш не се добро искомбинирани. Чизмичките.
Стилот нема да го коментирам педофилски ми делува. Само.. не ми е јасно што му е толку интересно на Том Крус да си игра малоумен. Ја да ги имав неговите милиони друг филм ќе терав.
Педофилски? Ве молам девојченце е, ај ако не што да речеме што сите како мали сме шетале голи по плажа. Бог да чува за изразиве. Ај ги разбирам и подржувам сите коментари за критиките на родителите, за тоа што носи сандалчиња во зима, за тоа што и дозволуваат се и нема граница, ама внимавајте на термините кои ги користите зашто станува збор за девојченца какви што секој ден сретнуваме.
И? Кога веќе се фати за тој еден збор, обраќање внимание на мало дете во штикли и медиумски третман како тоа да е некоја модна икона мене ми делува така. Примери се и ова малово и сигурно сте чуле за девојчето на еден француски фудбалер (иако тоа делува малку поекстремно, но и поголемо е од ова 5 годинки) и еден куп балавци на 'детските' модни шоуа. Бидејќи мене не ме одгледувале луѓе жедни за медиумско внимание јас не сум била дете кое одело наоколу облечено во бунди и потпетици, ниту го гледам тоа на секој чекор, ниту ми е вообичаено. И ти ако мислиш дека си алфа и омега на темите во мода и стил, продолжи си, само знај дека не се потребни одобренија, критики и подДршки од тебе за секој пост што е напишан во оваа категорија.
Постои нешто што се вика дискусија, постои реплицирање кое за прашање, кое за контра реплика, кое за подршка. А ако за тебе е нормален зборот педофилски, за мене тоа е толку тежок збор да жал ми е да се употребува на девојченца кои не ни знаат што значи тоа. Затоа постои и дискутурање за тоа, кое ти изгледа не го сакаш, а треба да се навикнеш, форум е ова, во секоја тема ќе го сретнуваш тоа. Фала ти за критиките во секој случај.
Не ми смета мене реплика, ми сметаат фрази од типот 'бог да чува' само затоа што сум изразила мислење кое некому му прободело во очи иако не бил повикан ни директно ни индиректно. Иначе немам намера да се карам со никого, ова го сфаќам токму така, како форум. За девојчето ако треба да кажам, слатко е, како и многу деца на таа возраст, но сметам дека она медиумско внимание и каприциозност е премногу. Би требало да се ограничи на минимум присуството на деца во модната индустрија и во шоу-бизнисот. Почнаа да забегуваат.
хм не дека сум за форсиранје за модата на децата .. но кога се фативте за стиклите уф мори мајко..цццц па јас сум родена 80 год.. кога бев 6 годинки ги имав стиклиЧките со струмфети.. такви црвенки усте се секавам ги обожавав не само јас верувам многу исто.. била сум постојано во нив?? нееее. онака радост .. сега сум постојано во балетAнки.. а кај нас многу сиромасни луге со 20 000 придонес дома од двајцата родители па сакат на нивната принцеза да им купат угг цизми за 2 годисно девојЧе .. па адидас тренакрки.. паааа. оригинални колиЧки абе ајде таму за срам сме Човеството некој од пари поулавеал некој за пари..Ч)..
Глупости. Модна икона. Како не Па и уште на штикли , ова дете нема да знае што е детство а штикли цел живот ке носи , ке и се смачи