Неколку русинки во последно време ги открив и може да кажам дека ми се како нација едни од омилените, многу нежни, многу едноставни а сепак модерни стилови каде се истакнува женската убавина и грациозност Еве една нова блогерка го има блогот само неколку месеци, русинката Dasha. http://cablook.design42day.com/ Спојлер Eugenia Applebum е 23 годишна русинка со многу убав едноставен и модерен стил. http://shemka.livejournal.com/ Спојлер Иии мојот фаворит Rita Galkina, многупати сум ја видела низ странициве но не знаев која е, прекрасна е, инаку новинарка од Москва. http://ritagalkina.com/ Спојлер
сакам да си прашам нешто, блогеркава си го повлекла блогот или само кај мене не сака да се отвори? http://maytedoll21.blogspot.com/
Ви ја претставувам Викторија (Вики) од Андора. http://www.styleandfashionlover.com/ Можеби нема убава фаца, ама има убаво тело. И што е најважно - добар стил. Единствено ме нервира со тие прада наочарите, па во секој пост ги има бре! Спојлер
http://stylelovely.com/mydailystyle/ Mireia од Барселона, денес случајно ја видов и ептен ми се допаѓа нејзиниот стил. Разиграно шарено весело модерно а сепак со доза на елеганција. Спојлер
Annie Vazquez од Мајами Сум сретнувала нејзини фотки на многу сајтови за мода, а последен пат на refinery29, па од таму и ја најдов. Интересен стил. Доста принтови и бои, некогаш премногу смело за мој вкус, ама вреди да се погледне. Има лошо телце инаку, па некои работи не и стојат сјајно. Спојлер
Гледам сте ја спомнувале Зорана па ми текна на една блогерка која ја одкрив скоро од кај Зорана,мислам дека се другарки или така нешто,Сања. Мене лично ми е многу подобра од Зорана,има опуштен доста спортски,но во исто време многу убав стил. Изгледа е прилично нова зошто многу постови . http://miss-sanya.blogspot.com/ Спојлер Дефинитивно се другарки со Зорана,сега кога ги земав сликите видов дека се заедно на одмор.
Не знам дали ја имате спомнато- Николета! Италијанска девојка. Урбана и тренди. Има шик комбинации. http://www.scentofobsession.com/ Спојлер
Ова е блогот Mi Armario En Ruinas една девојка тинејџерка, со спортско елегантен стил, баш ги комбинира овие два стила во еден. Интересно, кежуал, многу опуштено. Спојлер Oва е блогот TRENDY TASTE на NATALIA CABEZAS. Едноставно, убаво, модерно, шик. Спојлер
Една од поомилените мои блогерки ми ми е Кенза од Шведска, таа води шоу со нејзината најдобра другарка Тара шоуто е познато под името Кенза & Тара . Девојката е преубава а телото и е повеќе од совршено. Кенза ја следам многу одамна, таа е љубител на конверс патиките и овие чевлите на Jeffrey Campbell . Ги има со речиси секоја нејзина комбинација. Најчесто се облекува во црно и има дизајнирано облека ( Jofanma by Kenza ) и накит ( Wildflower by Kenza ). Еве линк од нејзниот блог http://kenzas.se/
Не ги следам блогеркиве ама ич, ама пред некој ден го разгледував lookbook и ја најдов оваа! Според мене има предобар стил , онака кежуал и бум, ќе уфрли некое парче што е така edgy, како рокерско на македонски би дошло. Уф,предобра ми е! Јас лично би се облекувала вака, многу ми се допаѓа. Еве линкче: http://connectedtofashion.creatorsofdesire.com/ А еве и уште една, исто од lookbook ја најдов, ми се допаѓаше онака ама само и го ископирав блогот, не и го погледнав нешто. http://www.nanysklozet.com/
Ова е Ешли,симпатична девојка од Лондон која живее во ЛА.Има интересен стил, тренди и модерно. http://ashley-ringmybell.blogspot.com/ Спојлер
Ова е Карла, калифорниска блогерка и стилист. Ја "открив" денес, иако не е нова во модата со оглед на тоа дека блогот и е основан уште во 2008 година. Според мене, типкава е солидна, но има и некои утки. http://www.karlascloset.com/ а, за тие што сакаат да ја следат на twitter http://twitter.com/#!/karla_deras Спојлер
Мислам дека ја немаме ставено Wendy. Покрај одличниот вкус и шик комбинациите, девојкава има трогателна и инспиративна животна приказна. http://www.wendyslookbook.com/ Претежно има кежуал комбинации, некое опуштено кошулче комбинирано со убави чевли. Не експериментира многу со бои, се држи до некој свој лимит, баш затоа може да послужи како инспирација за секојдневни аутфити. Спојлер
Јас не ги пратам блогерките, ама имам омилена која постојано ја следам. http://intriguemenow.blogspot.com/ Инга има 24год. живее во Лондон и е згодна мама. Прво да кажам дека ми е преубава, совршенство од жена, а и синчето и е преслатко.Има убави комбинации, несекојдневни и баш по мој вкус, затоа и ја следам. Единствено не ми се допаѓа што носи крзно, се надевам дека е вештачко. Се извинувам на големиот број слики ама неможев да се одлучам кои комбинации ми се омилени Спојлер
http://auroramohn.blogg.no/ Еве ја мојата омилена, многу ми е фраерка за нејзините 15 години Инаку од Норвешка е..
Немам долго време објавено некоја блогерка но овие две ги открив пред една недела и се заразив. Едната е http://www.rebelattitudes.com/ и има многу интересен стил. Некако покежуал, похрабро но ептен интересно. Спојлер Другата е http://www.1sillaparamibolsoblog.com/ и има по дамски стил, по класичен но храбар исто така. Многу ми се допаѓаат двете. Спојлер
Е вака, девојкава мислам дека нема блог ама ја најдов на chicisimo пред некое време. сеа ја барам ама не можам никако да ја најдам, незнам ни под кое име да ја барам Ај ако ја препознаете остај те ми линкче. Роси очекувам да ја знаеш, ти си по овие