Даниел од WeWoreWhat. Многу ми се допаѓа името на блогот, иако потсетува на WhoWhatWear.com што и не е така фино. Наидов на неа летово листајќи Teen Vogue, имаат едиторијал каде ги покажуваат становите на познатите блогерки. Од прва ја одминав, односно не и влегов на блогот, само и се воодушевував за преубавото станче. Потоа се навратив, го прелистав цел и сега редовно ја пратам. Стилот и е тешко впивлив од прва, дефинитивно не е за ограничени. Спојлер http://weworewhat.blogspot.com/
Една од најомилените блогерки ми е Annabelle Fleur од Лос Анџелес е девојкава и преубаво ми се облака. Многу ми е елеганта и убава, баш онака има стил на деловна жена. Големо браво за девојкава може да ја цирнете тука http://vivaluxury.blogspot.com/
^ Оваа актерка да не е? Ми се чини ја имам гледано по серииве, само не ми текнува во која. Инаку, многу е убава, не ја знаев претходно како блогерка.
^^ Не, не е актерка и веќе е постирана наназад. Мене ми беше многу симпатична на почетокот и сеуште ја пратам ама некако не ми прави мерак тоа што постојано е во подарени парчиња гардероба, а тоа не го прави стилот. Можеби сум ситничарка па забележувам детали и тврдам дека блогот и е само за заработка. Ако подетално ги разгледате сликите ќе видите дека во редослед неколку поста и се слични (а има разлика од неколку дена), светлината, косата, шминката, бојата на ноктите... што ме тера да мислам дека се фотка ист ден во различни парчиња само да се покаже и изрекламира подароците. Не негирам дека секогаш е добро скоцкана, но преферирам блогерки кои внесуваат повеќе труд и дел од себеси во блогот отколку само пластичен приказ на добри парчиња гардероба. Истото го мислам и за Џесика http://www.hapatime.com/ Американкиве се некако премногу стерилни за да ми бидат меѓу фаворитите.
Точно. Скроз истото сакав и јас да го прокоментирам, ама викам ај да не мрчам само, а и ме мрзеше да се расплинувам со понатамошни коментари, затоа што знаат очи да ти извадат некогаш ако прокоментираш нешто контра или лошо за ,,нивната'' блогерка Јас ја пратам оваа прилично кратко време, ама што знам, некако не ме фасцинира и ме нема се`уште освоено како што знаат други. Се ми е некако плитко, површно кај неа. Дефинитивно не ја ставам во редот на омилените блогерки. Инаку, нашиве блогерки од Битола, Марија и Мартина, ги следам веќе долго време, ама во последниов период премногу станаа пасивни. Апел до нив да се активираат, затоа што не знам која е причината за неактивноста - ама ако сакаат да си го одржуваат успешен блогот, ќе мораат да го стават повторно во живот. А баш штета, ми се допаѓаат многу .
^ Јас мислам дека нема кој било да се лути за што било напишано. И не, јас не мислам дека мрчиш, напротив си кажуваш свое мислење и од мене имаш почит за тоа. Особено во оваа тема не смее да има лутење. Ајде во другите Спојлер Модни Критики, пример , можат да се лутат колку сакаат, ама оваа тема е чисто прашање на вкус на една личност. Зошто? Епа, едноставно е. Сите имаме различен стил, често сличен на некоја од блогерките постирани тука. Па ако некоја од нив не ни се допаѓа и тоа јасно го кажеме, само даваме до знаење за тоа дека си имаме свој став за стилот кој го имаме лично ние и стилот кој не ни се допаѓа или не го поддржуваме. Пример, јас не ја сакам Kayture и што сега? Треба да се карам со некого затоа што нив им се допаѓа? Нема бре, не ја сакам и готово. Никој нема да ми го смени мислењето. Инаку, се согласувам за Марија и Мартина. Го посетив блогот пред неколку дена, ама се разочарав, од ноември ништо ново немаат. А, баш ми се допаѓаат нивните комбинации, светски изгледаат самите тие, нивниот блог, а тоа е особено истакнато преку квалитетните фотографии. Кога го започнав блогот на WordPress, девојкава беше една од првите кои ме следеа, а воедно и ми коментираше на првиот пост, преку кој дознав која е. Интересно ми беше тоа што е македонка по потекло, но родена во Шведска. Цел живот живеела таму, се додека не се преселила во Лондон пред две години, каде моментално живее со нејзиното момче и работи како стилист. Студирала мода, моден дизајн и новинарство, па сега успешно се провлекува низ тие води во Лондон. Се одлучила да почне моден блог, бидејќи така сметала дека повеќе ќе биде упатена во модата, повеќе ќе открие за својот личен стил и воедно ќе го развива, а исто така дека тоа ќе и помогне во кариерата. Се вика Марија Филипова, има 22 години. Има многу интересен и различен стил, тешко впивлив за повеќето нашинци, но дефинитивно одличен за личност која живее во Лондон. Не е нешто посебно убава, но сепак ми се допаѓа како ги комбинира парчињата облека, а тоа е најважно. Поседува некој чуден и интересен талент да направи една комбинација да изгледа како совршен микс на облека од осумдесетите и деведесетите. Со тоа јасно кажува дека има личен и сопствен стил. Се има изјаснато дека црната и е омилена боја и затоа е најприсутна во нејзините комбинации. Ви приложувам неколку нејзини фотографии и линк до нејзиниот блог. Спојлер http://theblackcape.wordpress.com
Јас на погрешно место изгледа испишав за блогерката која ја следам. Додуше порано многу ја следев. Сега поретко, не дека е неинтересна, ама јас имам недостаток на време за такви работи во денот. Инаку ептен ми се допаѓа нејзиниот стил на облекување и педантноста. http://www.annasaccone.com/ Од Анна ми останаа многу убави совети околу диплење, сортирање на алиштата и модниот аксесоар. Секогаш била педантна и средена и тоа ептен ми се допаѓа.
Jaс веќе одамна престанав да пратам голем дел од болегерките, сите ми стана слични, да не речам исти, прекасни фотографии од фотографски аспект, а не од моден. Ако сакам да гледам манекенки кои друг ги облекува со брендови кои чинат колку една кола нема нив да ви отворам, ќе си земам Вог и чао пријатно. Јас ја обожавав Енди, ама последната година ми се блуе од неа. Ја отворив баш пред некој ден, мислам дека 50 посто од девојките кај нас во модни што постираат се 100 пати подобро и со поинтересни комбинации од неа. И почнаа да снимааат реклами, да станауваат заштитени лица на модниве куќи и стилот драстично им се разликува, почнаа да носат паричња само за реклама итн, итн. БлондСалад не ја коментирам, еден ден во прекрасна комбинација ќе ја видиш, 3 поста подоле најглема утка што можеш да замислиш. Ретко која ми е контирурирана во стил, и доследна. Оваа Кетура или како и да е, малечка што на ја сака, мене ми е пример убава, ама јас кога прочирав дека има 19 години се шокирав. Како 30годишна е на некои слики, добро претерав ама барем 25-26. Што не иде не иде. Уште си ја пратам од време на време ЛавлиПепа, и покрај некои исклучоци кои не ми се допаѓаат, според мене е горе доле доследна. Голем дел од облеката и е од нормалниве брендови, а и не и се сликите како за на насловна страна со пози за на благ-порнич Новиве ми се бетер, сити исти копија, со слики од добар никон или канон и некоја сексипилна поза. Не се манекенки, ама изгледа сакаат да бидат.
Ја најдов! LydiaEliseMillen, лична стилистка и модна блогерка.Колку што можам да забележам,во тек е со модните трендови и да, многу ми се допаѓа нејзиниот стил! Мене лично ми е преубава, и фаца и тело . http://www.lydiaelisemillen.com/ =)
http://kenzas.se/ Дефинитивно една од најубавите. Ја следам долго време и нема комбинација која не ми се допаѓа.
Еве една блогерка со интересен, женствен стил на облекување. Ми се допаѓа накитот што го носи. http://chicfashionworld.blogspot.com/
Блогеркава ја открив неодамна и ме привлече со нејзиниот секојдневен стил и пријатен изглед. Германка, се вика Мариа и има 22 години. http://vanillajungle.wordpress.com Спојлер
http://www.stylepantry.com/ http://www.facebook.com/StylePantrycom?fref=ts Прекрасен стил има. На фб страната освен нејзини слики,постира и слики од последна мода и случувања,совети,обавезно има дневно советче/мудрост. Еве слики Спојлер
Какви кежуал комбинации има секоја и чест обожавам вакви блогерки со кожните црни пантолони колку комбинации има направено и све е прекрасно бравос девојката ме воодушеви прекрасна е и прекрасни комбинации лежарни има
Во последно време оваа блогерка ја следам и ми има доста интересни комбинации блики на мојот стил. http://www.ontomywardrobe.com/
омилена http://www.bloglovin.com/en/blog/1935799/lovely-pepa има мошне интересни комбинации баш по мој стил
http://kertiii.blogspot.com/ 22 годишна студентка на моден дизајн,од Естонија.Мене ми е преслатка, стилот и е прилично интересен,нежен е и малку влече накај винтејџ, а фотографиите се неверојатни! Спојлер