Да ви се придружам на муабетов за Тамара и Зорана. Зорана едно време имаше многу подобри комбинации во задно време се расипа, ама Тамара се подобра и подобра е. Порано иако немаше толку често совршени комбинации ми беше мила да ја читам, позитивна, незнам некако ме мотивираше да се трудам да си ги исполнувам целите кога и ги читав постовите како успеала од толку мала да се снајде да смени место на живеење, па нели факултет работа и со 24 години да успее толку многу. Али пошо е србинка а на србиве нишо не им поминува само така на видеата на јутуб лом ја напраиле, мајка и и татко и биле а и уште се тешки криминалци и нон стоп ја прозиваа дека во јавност се величи дете на криминалци. Ја откриле како на српски форум има некој профил кај што самата си го фали блогот во смисла девојкава е совршена. И како шлаг на се видете им го заедничкиов блог од порано http://tamarakalinic-zoranajovanovic.bl ... novic.html Која будала е оваа зорана не ми се верува, во еден пост имаше пишано и фала богу после толку време можев на раат да се тиииииииит. Јас останав без зборови. И тамара имало изјавувано предходно како родителите не и обрнуваат доволно внимание и сакала да се самоубие. Како и да е сама не се спонзорира Тамара, на задните постови самата си кажа дека ја плаќаат за да го води блогот, а се шушкаше и нешо дека дечко и ја спонзорирал со оглед на тоа дека е фудбалер во Арсенал, па толку од сликата за совршена девојка, со совршени парчиња облека,со совршен дечко, совршена работа, со совршен живот.http://tamarakalinic-zoranajovanovic.bl ... -sead.html smurffi линк од блогеркава? Да не бидам оф топик еве една http://www.justinmyhandbag.com/ Спојлер
Мене една од омилените ми е Aurora Mohn (инаку братучетка на Ерика Mohn, бидејки видов дека некој ја има спомнато предтоа). Иначе девојчево има 15 години и живее во некое градче во Норвешка мислам дека. Има по спортски стил кој ми се допаѓа и мене искрено ми е преслатка. Спојлер А да.. и прилично сум заљубена во нејзината коса Спојлер И ќе заборавев.. линк од нејзиниот блог: http://auroramohn.blogg.no/
Блогеркава ја открив утрово случајно. Преубава ми е ,многу убаво се облака и убав стил има. http://divineworld.blogspot.com/2013/05 ... day-3.html
Тамара ја следам...и некои од комбинациите и ги крадам т.е. копирам...Носи брендови што е и логично за неа...а додека Зорана ми е некако антипатична..некако премногу е дигнта..ќе ја прашаш нешто во кометар не одговара ..или ќе и најдеш замерка и ќе ти го избрише коментарот... а додека Тамара никогаш ми нема избришено коменар или неодговорено на прашање... како минува времето Тамара станува се подобра и подобра..а Зорана обратно..
Блогеркава се вика Camila Figueiredo Coelho. Објавува видеа на јутјуб во врска со модата, козметиката, продукти за нега на косата...Можете да ја следите на нејзината страна http://supervaidosa.com или на фејсбук https://www.facebook.com/pages/Camila-F ... 8410553702 Поздрав
Мене блогов многу ми се допадна па решив да го постирам тука. Девојкава има впечатливи аутфит постови и мене лично ми е убавка.http://bo4go.blogspot.com/ е нејзиниот блог, а девојкава мислам дека се вика Госја (Gosia), и доаѓа од Полска.
Деновиве барам некако поуникатни блогерки за следење и случајно налетав на Ebba, 18 годишна блогерка од Умеа, Шведска.Највпечатливо на прв поглед кај неа ми е косата, прекрасна и е, а и има некако уникатен изглед,необично убава е.А во однос на стилот, доста различно од повеќето блогерки, и некако уникатно, иако не секоја комбинација ми се свиѓа, има доста интересни.Инаку доста интересно е што е толку млада, а има сопствена колекција на интересни парчиња облека. http://ebbazingmark.devote.se/ Спојлер Исто почнав да ја следам и Pam,22 годишна студентка од Полска, има rock/edgy/casual стил и има неколку комбинации што од глава не можам да ги извадам, ама па некако е blah, нема некој wow фактор по кој би ја памтела. http://disturbed-style.blogspot.com/ Спојлер
И јас постојано ја следам блогеркава и освен што на лик ми е убава не можам да кажам дека има некој претпознатлив стил. Секојдневна и обична ми е.Особено ако и ги загледаш старите комбинации од почетокот на блогирање ке видиш дека има такви утки што ни обичен човек не би ги направил а не па моден блогер и познавач на модата. Се гледа дека има пари ко брод ама џабе.Фали имагинација и уникатност во нејзиниот изглед. Премногу е едноставна и искомерцијализирана. Не се труди да биде впечатлива него напротив единственото нешто што е впечатливо на нејзе е сумата на облеката и познатиот бренд. Мислам дека треба повеке да се потруди...
Девојката е македонка, венчана во Србија и сега мнооогу и е тешко да напише еден пост без граматички грешки на македонски. Мене ми е како типична сељандура, што дошла во допир со малце поскапа гардероба и сега мисли дека е божица на модата. Не знам дали сте и го погледнале накитот што наводно го има дизајнирано. Нема У од уникатност, превземени и се идеите, и веќе видени, исти како нејзиниот стил....
^Мене конкретно не ми сметаат постовите што ги пишува,колу тоа што воопшто не се труди околу изгледот на облеката.Споредено со блогерките тука постирани она мислам дека е на едно најдолно ниво. Не се сметам некој кој знае колкав моден познавач па да мрчам ама како што кажав кога веке има толку пари да вложи во облека мислам дека не се труди доволно. Се е едноставно и еднолично.Повеке е форсиран брендот и името на облеката отколу уникатноста и способноста од ништо да направи нешто. Убава е и на лик има убаво тело,гледам многу лоши и навредливи коментари и оставаат иако не го оправдувам тоа сепак сметам дека треба некој совет да примени од тоа што и се пишува. Имала неколку обиди да измеша стилови не скоро сите биле неуспешни.Чак еднаш на еден пост и оставив коментар дека навистина во моите очи чипкан фустан и КЛОМПИ не идат .Со доза на дрскост ми возврати дека нарочно така искомбинирала затоа што сака да постигне edgy изглед. Епа џабе сестро ти што си сакала да постигнеш кога едно со друго не иде ни на сон. Девојката е доказ за тоа дека џабе парата ако не знаеш како да ја искоистиш т.е немаш имагинација и сенс за комбинирање. Кај нас има многу убави и креативни блогерки кои не носат скапа облека како нејзе па се 10 пати подобри. Би ги издвоила Анабела,Сефора и Росе од форумов а исто така ми се допага многу Анитче (не знам како и се вика блогот) .Анитче зрачи на сите фотограгии мерак ми е кога и ги гледам сликите. Лили напротив делува исфорсирано и вештачко. Како што кажав ке треба многу да се потруди ако сака да се истакне мегу останатите и да остави впечаток.
Има доста познат канал на youtube, така ја дознав. Од Молдавија е, но живее во Америка. Ми се допаѓа што сликите и се доста уникатни и креативни, не е акцентот само на облеката, што мене лично ми е досадно, туку целиот концепт на фотографијата е добро осмислен. http://evelinasfashioncafe.com/