http://www.fleurdemode.com/ Христина, живее во Австрија инаку македонка, има прекрасен стил, елегантен и специфичен. http://neginmirsalehi.com/ Негин ми е дефинитивно најнајомилена блогерка. Преубава е, има впечатлив и одличен стил, згодна е и има многу интересни постови. Најголема цел ми е да имам коса како нејзината, и се восхитувам цел живот.
А што и фали на пример на оваа комбинација? Колку поголи ги гледам на пример навечер по дискотекиве. Што знам ја следам редовно и девојкава ми е баш со стил. Никогаш не сум ја видела пренападно облечена. Пример сукњава не е кратка, да има голо стомаче ама затоа нема деколте и маичката е со долги ракави па поради тоа не е ни нападна ни гола. Можеби повеќе и оди како предлог за вечерни излегувања ама поради тоа што 99% од сликите сликани во темница излегуваат ужасни без разлика со каков апарат се сликани затоа е сликана преку ден. Друга работа е што тебе никој не ти брани да облечеш некаво капутче со ова. Повечето блогерки имам забележано дека ретко сликаат комбинации со јакни капути баш поради тоа што ќе се прикрие целата облека која треба да е во преден план. И не ме сфакај погрешно како да те напаѓам, ама од една страна се жалите дека сите биле исти, копии една на друга блогеркиве а од друга страна зошто комбинациите им биле само за сликање. Значи ако сакаш комбинации кои ги носат они секојдневно тоа ке бидат просечни комбинации со фармерки, кожни јакни ( да бидеме реални кои обврски ги имаа они секојдневно за да бидат фул дотерани во штикли и фустни со шминка и фризура па по нешто да се издојуваат од другите? ). Ако сакате да бидат поуникатни ете ќе сликаат нешто што не е нели секојдневен аутфит. Според мене Фросина е подобра од повеќето макдеонски блогерки да не речам и најдобра ( каде каде ми е подобра од оние сестрите). Комбинациите и се баш за нашево подрачје ( ај така да се изразам), значи не се некои комбинции да немаш прилика каде да ги изнесеш. Освен тоа секогаш внимава на шминката, ноктите и се секогаш средени косата исто така.
Еве уште една македонка која не живее во Македонија (си се спасила навреме) Стилов и е баш онака несекојдневен ама ми се допаѓа, сеа малце става фотошоп одпојќе на лицето ама вреди да се спомне.
Јас си кажав дека си ја следам редовно и дека навистина ми се допаѓа блогот па и повеќето комбинации, и комбинацијата како комбинација е убава, но мене лично ми изгледа неприкладна на времево, да беше сликана барем на една слика со капутче или било што, би ми изгледала многу по реално.Да ја сфаќам како моден блогер, дека сакаат на преден план -главниот дел- од комбинацијата да го истакнат, но понекогаш капут или јакничка може да ја истакне уште повеќе комбинацијата.Од друга страна можеби многу ми влијае факторот што носи, ај да ја наречам комбинација за излегување, а сликана е преку ден, па можеби и тоа ми прави да изгледа како да го носела само за сликање, не знам.Во секој случај јасно е дека многу тешко се прават фотографии навечер, и тој дел го сфаќам. Во однос на уникатноста, и во тоа што бара секоја личност кај некој моден блог сепак се работи за личен интерес и вкус.На пример лично, многу повеќе сакам да видам некои пообични парчиња кој се искомбинирани на еден поинаков начин и во тоа ја пронаоѓам уникатноста, отколку комбинација од фустан и штикли, во кој што ретко гледам креативност или уникатност. И бидејќи тргнавме од Фросина, пак ќе споделам нејзина комбинација која иако има вообичаено парче, сепак ми изгледа одлично, и има нешто што ја прави впечатлива.
Мене лично Фросина ми е за нашиве простори најдобра модна блогерка во секој поглед. Од облека,начин на комбинирање,квалитет на слики ...Се и е цакум пакум. Се гледа дека се труди и навистина се надевам дека ке успее во блогирањето бидејки заслужува. Најбитно од се сите комбинации и се носливи без разлика дали се дневни или вечерни и лесно достапни како идеа за секој. Особено ми се допаѓа што не глуми лудило со некои ванземански споеви на облека кои само добро изгледаат на слика а во реалноста ни на сон никој да не ги облече. Исто така комбинира доста приступачни брендови од типот на Бершка,Зара,Страдивариус а сепак изгледа уникатно и модерно. Едино ноктите не можам да и ги сварам, бидејки мене лично тој тренд на канџа никад не ми се допаѓал.Од мене Фросина има едно големо браво за блогот уште од првиот момент кога ја забележав. Во поглед на сестриве од Inside The B World исто морам да признаам дека поновиве комбинации им се драстично подобри него тие од порано. Се трудат и доста интересни ауфити вадат. Но,морам да забележам постарата сестра толку ми е антипатична без никаква харизма на сликите што дури коа ке ја видам со таа смрштена гримаса цел оутфит ми иде во вода, во споредба со Фросина или Анитче кои што зрачат на сликите. Едноставно девојката мора малце да поработи и на тоа не само на облеката бидејки сепак човекот ја носи облеката а не обратно. Ако не се смета за фотогенична или не и прија објективот на апаратот нека препушти на сестра и која е каде -каде посимпатична и похаризматична пред фотообјективот. Исто и Лили ке ја пофалам.Конечно почна да гради некаков стил и да вади добри комбинации кои нема да бидат впечатливи само по брендот и цената на истите.
И мене од нашите блогови најмногу ми се допаѓа тој на Фросина, а и таа е убава и згодна девојка. Во однос на комбинациите не е мој стил, но ми се допаѓа. Двои во секој поглед од другите блогови. Е сега и јас имам замерка на пример за голи нозе на ова време или кога се појави знам дека беше прилично ладно, а таа се сликаше со сандали. Но кога може една Зорана да го прави тоа (ја земав неа за споредба заради тоа што сме на исти температури) и во еден ден да кажува дека слика по неколку комбинации, зошто па и нашиве да не го прават тоа. Мене кај Зорана ми се допаѓа тоа што си кажува дека тоа е сликано за на блог, дека не ги носела тие чевли, комбинацијата и е од пред недела, 10 дена... Можеби кога и нашите блогерки би го правеле тоа би било многу пофино за оние кои ги следат. Ги следам двете групи на блогери кај нас и искрено некако застанаа во место. Порано почесто имаше постови, некако како сите да се трудеа, а сега само неколку останаа и тие не се редовни.
Еве една македонка која ја открив неодамна, штета што не е многу експонирана навистина девојката е преубава и има вкус, ја додавам во моите омилени. http://www.frosinna.com/
http://instagram.com/marianna_hewitt/ http://instagram.com/styleandblog http://instagram.com/ninzeey СОВРШЕНИ!
http://soffisinglesstyle.blogspot.com/ Блог на девојка од Хрватска, има убави casual/girlie комбинации, едоставен стил има ама скоро сите комбинации и се допадливи и добри за инспирација. Спојлер http://maritsa.co/ Meric Kucuk, 25 годишна девојка од Турција која е многу успешна во модниoт бизнис, има одличен стил, префинет, classy, chic. Спојлер
http://coco-mocco.blogspot.com/ Блогот на Patricia Bajtošova, 18годишна девојка од Словачка која што моментално живее во Лондон, Англија. Не е активна веќе неколку месеци, но има добри секојдневни комбинации. Спојлер: Комбинации
Ако е така тогаш всушност сите се копираат едни од други, а уствари најповеќе ги копираат познатите.. но тие се трендовите сега, ретко кои блогерка тераат свој стил кој е надвор од трендовите.. мене ми е супер девојката, можам да кажам дека е и моментално најдобра македонска блогерка само што некако не е многу позната.. Би требало да се експонира повеќе на странските сајтови, да видат дека и Македонија може да се пофали со трендсетерки.
На неколку сајти ми искачаат сликиве од девојкава ама не можам да најдам ништо, ни блог, ни инстаграм, ни пинтерест, ни тамблр. Ништо Знае некој која е????????