Јас само да се согласам со Роси,у врска со Енди.Ни неа не ја следам веќе а ни Киара..ептен ја префорсираа Блонд Салад ептен!Ми ја згадија веќе и ич не ми е интересна. А Атлантик-пацифик и даље ми е фаворит .Ама ете и неа многу ја следат и е популарна ама ипак не ми е така префорсирана и икомерцијализирана што знам . http://saboskirt.blogspot.com/ Не знам дали некој го има ставено блогов не памтам.Две сестри се,имаат и свој дуќан кој исто така им се вика,и скоро целата облека што ја носат всушност е од таму. Ексцентрични се,чудни...Ама имаат и прекрасни комбинации.Или ќе ги обожавате,или никогаш веќе нема да го отворите нивниот блог Секогаш прво постираат еден заеднички пост,мешавина од двете комбинации,а потоа посебно една по една. Јас си ги сакам ептен Еве доказ за ексцентричноста и смелоста
Слики од вашите омилени чевли (сандали,штикли,на платформа) Еве една малку повозрасна блогерка, а воедно и професионален фотограф. На блогов има преубави слики и од неа и нејзиниот стил и од други познати или помалку познати ликови кои и се пријатели. Плус има слики од убаво уредени домови, од модни ревии, едноставно слика СЕ што е со стил создадено. Самата таа има некој префинет и уникатен винтејџ стил. http://fromme-toyou.tumblr.com/ Спојлер
Мислам дека ја немате објавено девојкава. Од Бостон е. Многу убави и смели комбинации има. Во нејзиниот изглед е застапен колор-блокинг и мешање на принтови. Исто така понекогаш користи големи количини на накит, гломазни и големи ланчиња на пр. http://www.yolathorp.com/ Спојлер
Сите блогерки приметуваме се слаби, згодни, дури некои и преслаби. Па затоа решив малку да истражам и ги најдов најпознатите 2 блогерка со вишок килограми, кои не патат од комплекси и имаат одлични комбинации. Блогерки за почит бидејки многу малку се оние како нив кои ги прикажуваат јавно комбинациите иако немаат нималку совршено тело, но затоа имаат добар вкус. Браво за Сакина и Габи. http://saksinthecity.blogspot.com/ Спојлер http://www.gabifresh.com/ Спојлер
Најсикрено изненадена сум што во Македонија има девојки со ваков стил. Многу ми се допаѓаат, две сестри се, но едната почесто има комбинации. http://insidethebworld.blogspot.com/ Спојлер
Паула е 20 годишна Полјакиња, блогерка околу 1 година модерна и доста елегантна плавушка, без пренатрупување, едноставни убави комбинации. http://beauty-fashion-shopping.blogspot.com/ Спојлер
The fashion fruit е блог на Veronica Ferraro, девојка која живее во модниот град Милано, Италија. Брендирани скапи парчиња носи најчесто. Богато девојка плус ја има на сите значајни модни ивенти. Иако носи убави алишта како тие неа да ја носат, не таа нив, многу ладна ми е некако. И ме нервира што сака крзно http://thefashionfruit.com/ Спојлер
^^ Изузетно антипатична блогерка. Многу, многу лоши црти на лицето. Ја следам, ама секогаш нешто не ми штима кај неа. Estefania од Барселона, ја следам прилично многу долго, мислам дека ја немаме ставено тука. Нема некои многу креативни комбинации, ниту е многу убава. Ептен е рок класика и понекогаш со винтиџ примеси. Многу едноставна и скромна во облекувањето. Ама па затоа и ми се допаѓа. Изгледа супер шик без накит и со едноставни парчиња. Спојлер
Shareen, не знам како би дошло на нашки. Симпатична девојка, со винтиџ стил. Има и своја нет продавница за винтиџ парчиња и има преубави комбинации. И сликите и се доста убави, не знам дали се професионални, ама дефинитивно не се обични. http://www.vintagemavens.blogspot.com/ Спојлер тука носи нездраво јак каиш.
Еве уште една блогерка од мене. Мене ми е ок, не е пренатрупана, има повеќе кежуал комбинации. http://sweetraspberryjam.blogspot.com/ Спојлер Ви претставувам уште една блогерка од жолтата раса. Лично мене, не ми е убава (мислам на изгледот), ама има чик и топ комбинации. http://thefancyteacup.blogspot.com/ Спојлер И уште една... http://outofabook.blogspot.com/ Мене ми е добра, има добри кежуал комбинации со некои винтаџ ноти. Спојлер
Le blog de Betty http://www.leblogdebetty.com/en/ Многу симпатична девојка, со фини кежуал комбинации. Спојлер
Анџелика со нејзиниот блог Mode Junkie, ја пратам одамна но сум заборавила да ја ставам на темава. Кежуал, спортско, елегантно знае да измеша неколку стилови и да изгледа пак интересно. Има и синче, има огромна колекција на чевли, експериментира доста, многу сака кожа и то. http://www.modejunkie.com/ Спојлер Нејзиниот плакар со чевли за крај
Блогеркава ја открив неодамна сосема случајно. Има стил баш оној што јас го преферирам убаво скоцкана без некои наџиџани комбинации, плус тоа е не анорексична како повеќето И фали малку накит според мене ама и вака поминува. Има доста добри стајлинзи и речиси сите и ги крадам http://mariacamilascloset.blogspot.com/ Спојлер Инаку како ставате повеќе од 5 слики м?
Холанѓанката Iris за блогот Fashion Zen, сопственик на винтиџ продавница, а стилот оригинално, уникатно, колоритно, нормално винтиџ Една од моите омилени блогерки, винтиџ блогерки со примеси на модерното трендовско, се мислев дека ја имам ставено на темава, а всушност порано сум ја постирала во темата vintige style, конечно еве ја и тука меѓу блогерките Фешнзен http://fashionzen.blogspot.com Спојлер
^Eптен добра и интересна оваа Роси, ептен ми се допаѓаат смели комбинации, доста разновидна во боја стилови, а и едно што ептен мене ми фати за око, не е преслаба, има малце килцe плус и ептен убаво се носи, на ниедна слика не ми е дебела туку онака крупна женска, но убаво ми делува, се на место. Затоа што релано полесно е да се облекуваш убаво со многу пари и плус 50 кила кога имаш. Кога си малку покрупен и имаш гради и облини треба да се внимава зашто не стои баш се убаво, и да избегнеш за бидеш вугарен или па да испадеш подебел него што си. Ќе си ја пратам сега Ирис, баш е кул, Fashion zen
Не следам блогерки. А и многу е полесно кога едноставно тука можам да ги проверам најдобрите. Сигурно е до вкус но... никоја од блогерките постирани на темава ми нема оставено некој посебен впечаток. Некако... Освеен Maddy C! Единствената за која можев да кажам дека има прекрасен стил. Сите бои многу убаво ги комбинира, многу ми се допаѓа нејзиниот стил, и дефинитивно редовно ќе го проверам нејзиниот блог. Благодарност до росонерка.