Бијонсе Жизел Ноулс (англиски: Beyoncé Giselle Knowles), родена на 4 септември, 1981 година, најдобро позната само како Бијонсе, е американска Р&Б пејачка, текстописец, продуцент, актерка и моден дизајнер. Родена и израсната во Хјустон, Тексас, таа била зачленета во различни школи за сценски уметности и уште од мала била изложена на натпревари по пеење и танцување. Ноулс станува славна во доцните ‘90ти како главен вокал на женската група Дестинис Чајлд. Ако случајно постои ваква тема - канта.
Многу ми е, како да кажам кичеста. Ама баш воопшто не се пронаоѓам и не го сакам тој стил што го фура. Иако има некои добри комбинации ама воглавно е се во некои светуљцави роби, трупано и мешано материјали и бои на себе...некако секогаш ми е ту мач. Исто и за косата имам замерка, многу ми е поубава со скроз права и долга коса како во стилот за Крејзи ин Лов, вака со ептен виткана и локни ми изгледа некако постара откако што е. Можам да кажам дека целосно и стајлингот и изгледот во постарите спотови и е даалеку поубав. Сега некако ми се запусти, па уште кога почна да се глупира со Гага стил во некои спотови . Повеќето нејзини комбинации ми вриштат на кич и премногу светково, златно, сребрено... Ужас ми се овие. За пејачки талент - има, секоја чест. Ама стил дефинитивно нема, или пак стилистот и е лош. Далеку подобро изгледа кога е во поедноставни долги фустани или пак ултра кратко, кратки панталончиња итн. Вака, во повеќето прилики не ми се допаѓа како се облекува.
Бијонсе ми е гооолема срцка,многу си ја сакам,ама понекад стварно знае да биде премногу накинѓурена многу е поубава кога е поприродна
Иако ја обожавам, ќе морам да се сложам со БлекСвон дека знае да биде доста ексцентрична и со фризурите и со облеката. Ту мач! Да не пееше така добро и да не зрачеше со таа нејзина енергија, ќе ми беше одвратна. Од друга страна, ми се допаѓа тоа што не ги крие облините туку гордо си ги „шета“ Спојлер I mean, what the hell is this?!
Многу ја почитувам Beyonce бидејќи има најсреден живот од славните, има успешен брак, не ја следат скандали... Тоа е за пофалба! :up: