Стилот на Blair Waldorf Баш розовото на црвениот фустан ја прави комбинацијата посебна и преубава. И мене повеќе ми се допаѓа како ја облекуваат Серина, ама таа е едноставно модерна, ја облекуваат во различни стилови и нема еден посебен, додека кај Блер може да се зборува за стил, како кај Кери Бредшо. Има личен печат, како хулахопките, додатоците за коса, винтиџ гардероба, мешање на принтови, stalkings...
Стилот на Blair Waldorf Премногу ми се допага стилот во оваа серија а најубаво ги облекуваат Блер,Серина и Чак (нека учат машките од него).За стилот на Блер само можам да кажам дека како и да ја облечат ми се допага едноставно ја обожавам.Инаку премногу ги обожавам венчињата кои ги носи. Еве неколку слики кои мислам дека не се ставени претходно
Стилот на Blair Waldorf Ја почитувам зошто е уникатна и затоа што има изграден свој стил. Се носи премногу специфично и натрупано за мојот вкус, ама сепак тоа ја прави посебна. Јас сум Серена фан, нема утка кај неа, ама затоа што оди на сигурни комбинации, додека Блер знае да ја премине линијата на екстравагантно. Меша класични парчиња со некои нови модернистички, а во исто време изгледа како кукла со панделките на глава. Надвор од серијата, Блер ми е промашај, тоталка! Известете ме ако ја додадеме и Серена во темава
Стилот на Blair Waldorf Девојкава ми е класика Премногу сериозно ми ја облакаат некако,али во секој случај има убави парчиња. Не знам дали е и за Серена темава али ќе прокоментирам. Поинтересни комбинации има, младелачки се и никогаш не е пренатрупана за разлика од Блер. Али изглеа тоа е и поентата
Епа ајде тогаш, напаѓаме Овој ми е еден од најдобрите - A овој ми е најнеубавиот што го носела (ај да не барам слика каде што се гледа подобро, знаете за кој зборувам). Типкава е неверојатно згодна, стварно, и преубави фустани носи во серијата. За разлика од Литон, и приватно убаво се облекува. Уште да имаше убава фаца, совршена ќе беше
Ова е најубавиот фустан од серијата. Решена сум да го шијам само да ми се појави прилика каде да го носам
Ви текнува на ова? А чевлите, ах А за Серина одбивам да коментирам, мене ми е премногу антипатична, можеби ја облекуваат убаво, ама ми е висока и гломазна, па уште и со високи потпетици. А фацата, посебна приказна.
Инаку комбинација која мене најмногу ми влегла во очи е оваа Од фустаните неможам да издвојам кој е попрекрасен
Мене инаку Блер ми влезе во око уште од првата епизода. Зошто? Ми дојде онака кучкеста и даркерска во фустанов ^^^ и паѓам на таков шарм.
Не верувам дека има некој што не го обожава, ама овој фустан не ми се допадна. Еј може да се преименува темава во Стилот во Gossip Girl ? Зашто и Лили би ја постирала, преубав накит и облека има
Баш сакав да предложам да ја преименувате и Серена да биде вклучена ама глеам сте го напраиле тоа јас сум фан на двете, иако повеќе на Блер. http://i462.photobucket.com/albums/qq34 ... p_Girl.jpg
Ooooo сте ја додале и Серена. Јес да Серена не ја сакам во серијава, сепак секое парче облека го посакувам. Таа не знае да ја носи облеката, во глобала е само една закачалка. Уф да беше друга девојка, друга актерка можеше со стилот на Серена да распали и да е новата Кери Бредшо. А во реалноста Блејк Лавли се облекува убаво, за разлика од колешка и Се сеќавате на фустанот со маската Во Парис имаше супер комбинации меѓу кои и оваа A и нова муза му е на маестрово И нога уф...
Оваа Блер нема врска надвор од филмот. И многу ми е некако малечка, фрустирана, љубоморна... А Серена ти е друга. Висока и згодна. И нормално дека се поубаво ќе и стои.
Мене премногу ми се допаѓа сивиот чипкаст фустан на Elie Saab. Беше тоа љубов на прв поглед. Ма се што носат девојкиве и серијава ми се допаѓа. И не се согласувам со Росоњерка дека Серена не знаела да ја носи облеката. Баш напротив, облекава без неа ништо не вреди. Претерано е згодна и има страшно добро деколте, и што и да облече нема утка. Особено ми се допаѓа како и стојат деколтирани фустани во какви што ја имаме видено многу пати.
^ Серена не да е згодна како фигура, презгодна е, ама јас мислам дека она е една убава закачалка Ич ми нема шармантност. Кога ќе се сетам како Кери Бредшо чекореше низ Њујорк со тие високи чевлички, сеедно дал носеше фустан дал пижами. Серена ништо нема од тоа. Има облека преубава, која вреди и без неа и со неа. Таа облека вреди кој и да ја носи верувај, се е дизајнирано премногу скапо и премногу посакувано Многу ми е поубава надвор од филмот, кога ја гледам на црвениот килим. Како актерка ич не ме воодушевува. Кога ќе почне да се клати и да се подгрбавува и да прави фацки во тие фустани од милион долари. Блер има став, Серена има само убава облека. Уште да не се облекуваше убаво никој немаше да ја сака Иначе ќе ја спомнам Рејна Торп. Згодноча! Сакам да ја гледам и во следната сезона. Зрачи девојката. Грациозност, eлегантност, шарм, од...