Да, има утки и тоа ГОЛЕМИ, , ама не го срамувајте девојчето, не е се' така лошо. Ова фустанче и' стои како слеано, ептен добро. Ова исто не е воопшто лошо. Девојчето надвор си фура друг стил, веројатно е уморна од сите премислени комбинации во серијата и стилот на мини-теткиче, нормално модерна.
Модни утки ? Еве примери според мене Двете се хаос. жити наметката Каде со тоа светкаво палто ? Коа ја видов во серијата ми се слоши.
Серена со златното палто е перфектна! За вкус се работи, ама оваа комбинација и е прогласена за една од најдобрите и највпечатливите. Има една комбинација од Блер, не можев да ја најдам, со едни портокалови гумени чевли.....
^ Алкиве не да ми бодат очи, па и фустанот ептен лошо и стои. Црвен кармин тетка! Крш е. Али фаворит ми е она погоре со шаренине хеланки
Тоа е! Не можам да го преболам фактот што има златен лак на ноктите доле, и исти златни алки на двете раце. А и чевливе доста гломазно делуваат со ова фустанче. И шминката е премногу елегантна за ова.... Го хејтам изгледов. Многу! И веќе не мрчам, доста ја чепкав темава денес.
Конечно да најдам истомисленичка тука. Целосно се согласувам за тоа за Serena што го имаш напишано, навистина е грда и гломазна и како што и е ликот во серијата претставен, глупава е. И во вистински живот како Blake се плетка со секој, во последно Леонардо Ди Каприо, само за да биде популарна и да навлекува се повеќе и повеќе внимание на себе. Мислам дека девојката премногу се има соживеано со карактерот од серијата. Иначе за Leighton не сум прочитала никаде негативни коментари. Совршена е во улогата на Blair. Дали имате слушано некои од нејзините песни?
Еве некои од моите омилени комбинации од Blair & Serena. Иако морам да признаам дека Blair ми е по-омилена од Serena, но двете имаат добри комбинации на облека. И да разјаснам нешто, тие не ги избираат сами outfit-ите за серијата, туку за нив ги комбинираат стилисти кои треба добро да ги познаваат ликовите кои тие ги глумат. Овој фустан долу што го носи Серена во последната епизода од трета сезона е достапен и во Македонија, но со малце поинакви детали. Очигледно некој си го нарачал во Ателје Кокев и имаа направено ист ваков. Подолу има слика од македонската верзија.
Јасно ни е тоа Затоа и насловот на темата е според ликовите, а не имињата на глумците. Зашто стиловите на ликовите и нивните стилисти се сосема различно од она што глумците го носат во приватен живот (добро може некаде и се поклопува)
^ мене пак повеќе ми се допаѓаше во блонди-верзија, сега некако не е онаа (мојата) Серена ваква затемнета. Само очите и доаѓаат некако повеќе до израз, ама пак ќе кажам поубава ми беше плава. И да, мнооогу ми е некако ''мутава'' во серијата, меѓутоа некако помила ми е од Блер, која ми е тотално антипатична.
Мене Џени ми беше омилена, ја обожавам. Каква нога има човече Јас некако најмногу се пронаоѓам во нејзниниот стил кој беше поспортски и некако рокерски за разлика од елегантните и преубави фустани на Блер и Серена. Нешто сосема поразлично, потинејџерско можеби Ќе споделам некои нејзини комбинации....не ваљда треба да отворам нова тема за Џени? Ја сакам Џени назааааад Баш ми се свиѓа да има нешто вака поинакво Него што е со овие две на сликава? С ко да пуштила стомаче
Ете фустан од Херв Леџер не им стои на сите, дури и на Серена Meне Џени ме нервираше во глобала иако сакам да ја има зашто правеше сплетки, али бич најголема Од вакво девојче Стана страшна со претерано црна шминка Овде ми е топ! Него може да ставам од господичната Ван Дер Вудсен слики, како се облекувааааа И стил си има, накит секогаш, фризура стално, чанти хермес ова она се стилски. Дури некогаш носи поубави фустани на гала вечерите од Серена и Блер А дека е кучка е Али совршена и е улогава! Ja немаше еден период во серијава зашто беше бремена и се породи
Кога сме веќе кај стилот во Госип Грл, кој може да ја заборави оваа фамозна кошула? Тотална утка, а и подарија дури две епизоди, едната беше концертот на Lincoln Hawk, а другата - не се сеќавам, некоја со фамозните вафли на Руфус. Кој му рекол дека е кул да го облече ова? Ко за белја, во петнаесеттото гледање на Sex&City, забележав дека оној типот на Кери што ќе биде бисексуалец (епизодата со бакнежот со Аланис Морисет на крај) во барот носи ИСТА ВАКВА КОШУЛА со ружичкиве. It's very hot... NOT!
И двете ми се убави и некако ми се дополнуваат меѓусебно.. Тоа што и фали на едната го има другата... Секогаш ми се интересни..секако има и по некоја утка..но сепак се работи за вкус... Неколку фотки каде ми се ептен стилисимо