Serena, не знам како е можно сите долги лелеави фистани да и стојат толку добро и така да ги носи. И мојот омилен.
Оваа Блејк Лајвли не е воопшто фотогенична или премногу се труди да заземе совршена поза па испаѓа вештачки на сликите. Еве некои комбинации на Лејтон и немој да ја оцрнувате и во приватниот живот се облекува доста добро .
Blair толку ми е перфектна во стилот....серијата ја гледам само заради неа. Плус така е малечка и слатка баш и одговара улогата. Серена во фацата ми е мн грда и изгледа старо за да глуми во таква тинејџерска серија. Стилот не и е лош ама некако незнае да оди исправено и елегантно
Извини,ама морва да се спротиставам на мислењето,извини Серина изгледа староооо?НЕма шанса...А и серијата не е воопшто тинејџерска мислам сега ако не па веке втора година на факс се....ако ти си застаната до првата сезона...Серина ако не оди елегантно и исправено,немаше да да биди прво лице во Шанел...
Ја изгледав втората сезона сега чекам 3 да ми ја донесат. И за овие 2 што ги изгледав изгледа старо, мислам за 18 и 19-годишна девојка, па и поради висината некако гломазно ми делува. И серијата е тинејџерска „Gossip Girl is an American teen drama television series based on the book series of the same name written by Cecily von Ziegesar.“ - копирано од Википедија
Па според мене Серина не изгледа старо но некако нема шарм а и во фацата не ми е убава,само едни нозе што има.Блер е стопати поубава од неа и има шарм,харизма,добро ја носи облеката додека Серина колку и добро да ја облечат некако ми е безвезе а и превисока е па уште кога ќе облече штикли. Да не бидам офтопик еве неколку парчиња од Блер кои ми оставија најголем впечаток Капутите
Значи Серена ама ич не ја бендисувам во колоритни фустани.Ама затоа морам да признаам дека фармерки,панталони и куси панталонки и стоат преубаво,нога има тоа и го признавам. Слушнав негативни критики но мене оваа комбинација ми е една од поубавите
Квин Би. Серена и официјално не можам да ја слушам кај шо шушка у зборењето и се преправа ама од земја трескање, ако знае оваа да глуми јас глава сечам. Али продава и е одлична за у шоу-биз индурстрија, така што... Не знам зашо е секогаш побитна од Блејк, на мало прсте не може за лепота да ѝ се фати. Груба и гломазна ми е. Блер е убедливо најубава во новава сезона. А оваа па. Одвратна! Цела серија ја мразам.
Ја обожавам Блер и нејзиниот стил. Серена ми е некако обична. А аутфитите за школо Моментот кога ги засакав Блер и Чак Спојлер
Предност и давам на Серена. Одлична висина и нога а,тоа значи дека обожавам да ја гледам во фармерки,шорцеви,здолништа.Совршена е и во фустани,особено долги. Блер мене лично ми е одбивна со нејзините венчиња а и начинот на кој ги носи,за разлика од сите вас но,доста храбар избор на облека,некои чудни парчиња кои убаво и стојат П-р-е-к-р-а-с-н-а е во фустанов! Колку и го сакам фустанов... Их,совршен пар ми се!