Сметам дека оваа модна икона заслужува посебно внимание и посебна тема. Сара Џесика Паркер, а.к.а. Кери Бредшо. Шест сезони и две филмски продолженија светот воздивнува по фустаните, аксесоарите и стилот кој го носи оваа дама. Нејзината пасија, чевлите на Manolo Blahnik, станаа уште попознати благодарение на серијата. Венчаниците кои Кери ги проба во првиот дел од филмската сага го одземаат здивот и слободно можеме да констатираме дека нејзиниот лик направи вистинска револуција во модниот свет и стил. Кои се вашите омилени комбинации и фустани кои ги носеше Кери? Најголем впечаток ми остави фустанот кој го носеше во Париз - Фустанот на Оскар Де Ла Рента Една од омилените комбинации И убедливо најубавата комбинација за мене, како љубител на бисери
за темата! Отвори тема за мојот идол, за мојата икона! Ја обожавам Кери, се пронаоѓам себеси во нејзиниот карактер, во нејзините колумни... За нејзината облека веќе имам коментирано, имам постирано и слики, но најмногу ми се допаѓаше во второто продолжение. попрекрасна личност од неа, не сум видела, нема ни да видам!
Овој Ози што го постирала ми е епик!! Баш ми е некако за неа, и дефинитивно ми е од омилените. Друг омилен: Со големиот бел цвет на црниот фустан. Инспирација... Пак со цветче Едноставна бела маичка, со панталони, а делува многу шик! Во Париз ја носеше најпрекрсната ригаста маичка
Еве и јас ќе ставам неколку слики кај што ми се допаѓа како изгледа... - овде е многу нежно облечена и со многу слатки сандалки... Тука косата и е преубава Специфичен стил на облекување има и многу е оригинална...
Бидејќи сте ставиле дел од моите омилени еве уште некои. Ми се допаѓа кај неа што комбинира се со се и знае тоа да го носи. Мене како жена ми е многу грда, но си има став. Инаку најомилена комбинација мие кога носеше машка кошула само со колан на половина мислам, ама не можам слика да најдам.
Мислам дека немам пропуштено епизода на Сексот и градот и нормално омилена Кери. Јас се соживував со неа Ептен ми се допаѓа стилот кој што го фураше Кери. Модна икона на многу генерации. Сара Џесика Паркер на многумина ќе остане само како Кери Бредшо. Не е лепотица, не претеруваше никогаш со шминка, ама затоа експериментираше и се што носеше го носеше со стил бе! Како чекореше по Њујоркот , како потскокнуваше дупки на ископаните улици со Маноло Бланик чевлички. Дури се топев кога ѕверката ја побара за жена со чевлички. Му реков на дечко ми дека може и тој ова да го направи Oва ми е една од фаворитите, чанта Ајфелова Кула и чевличкиве мх мх Или комбинацијава во вториот филм во култната сцена, оригинална е мајкеми Дури и во пижами кога отиде да слави нова година беше убава
^^^ мене па не ми е грда. Баш ми е мила, нема некое слатко лице како Шакира или Џеј Ло ама има нешто во неа што ја прави посебна.. видете ја тука колку е прекрасна! Ама и партнерот не и е лош... воопшто!!!!
A Буба Мара фустанот? Инаку, ја изгледав серијата, можеби по 15-ти пат и видов многу цветни дезени низ епизодите, кои денеска се актуелни , па ми беше инспирација. А дали се сеќавате на овие модни додатоци?
Кери...сите нејзини модни комбинации ги имам добро меморирано. Ми се допаѓаше воопшто целиот лик како беше изграден. Модна икона без сомнение и како Carrie Bradshaw И во приватниот живот. Секој стил беше убав на свој начин, јас ги издвоив овие неколку,
Еве ја мојата најомилена комбинација Фустанчето кое го носеше во Париз кога падна во Диор Да не ги повторувам истите слики од претходните постови, ми се допаѓа нејзиниот стајлинг, уникатен е и неможе да го носи секој One and only Carrie Bradshaw
Уф! Прекрасна е, ја обожавам неа и нејзиниот стил (во серијата). Најмногу ми се допага тоа што на сред бел ден може да облечат некој така "посвечен фустан", плик ташна и високи потпетици. Тука ако така се облечам за сред бел ден, не знам за вечерно излегување што би облекла. Сакам да го живеам нејзиниот живот барем 1 ден
Модна икона, доволно кажано. Овде има најдобар аксесорис - Баришњиков Еве уште неколку Има преубаво тело и што и да облече изгледа беспрекорно. Единствено што ме нервира кај неа се несредените нокти. Рацете и’ изгледаат жилаво и старо, тоа може да помине зашто ете, такви и’ се, но на ноктите би требало да обрнува повеќе внимание. Чудно ми е затоа што кај неа се’ е совршено, освен тоа Посебно во вториот дел од филмското продолжение во неколку сцени јасно беа покажани колку се изгризани (да, забележувам неважни работи ) брррр
за темава! Carrie И ја сум обожавателка на стилот на Кери, многу ја сакам...Уникатна е! Веќе сте ги ставиле моите омилени креации.... Венчаницава што ја носеше во 1 дел ми е врв
Мене ми е многу интересно како серијата е толку стара, а повеќето комбинации делуваат толку сегашни, модерни и свежи. Штета што не може да се најде целосна слика од овој фустан, еден од омилените ми е.
Еве неколку што ми се свиѓаат, повеќето сте ги ставиле па да не се повторувам. Кери е жив доказ дека тоа што го носиш треба да знаеш да го носиш...инаку да ги облече некоја друга девојка овие комбинациии нема така добро да и стојат. За овој немам зборови Еве дел од венчаниците А новиот гардеробер