Аууу.... серијава кога прв пат ја емитуваа кај нас бав помалечка и чекав да си легнам моите да си легнат, па цуп цуп скришум по чорапки и пижами да се нацртам пред телевизор и да гледам. Ми беше срам ептен мајка ми да ме начека кај што го гледам, зашто нели се вика филмот SEX and the city, има секс во името, аооооо срамотилаци Кери... (никогаш не ја викам по вистинското име, зашто искрено друг филм кај што глумела не паметам) ми е просто.... бре нема збор да ја опишам. Пред две години манијакално ја гледав серијава на ДВД и кога пишуваше за колумната нешто, паузирав на секое за да запишувам Во лицето ниту мене не ми е убава (не знам која од феминките имаше спомнато), ама телце убаво си има и таква широка насмевка, голема, што просто зрачи.
Серијата не ја гледав многу посветено, а филмовите ги имам гледано...Од тоа што се сеќавам, стилот на Кери во серијата не ми се свиѓаше многу, често беше облечена во многу бои, материјали, принтови...Мене ми е тоа too much... А во филмовите имаше поубава и понормална облека, барем според мене
искрено многу си ја сакам...гардероба, шминка, фризура секогаш средена (малце и позабегано) али мн е јака
Не ме карајте, ама јас стварно не можам да разберам што толку ви се допаѓа во нејзиниот стил. Филмот го немам гледано, така да не можам да зборам за карактер и лик, ама облекава и е скроз без везе. Премногу кичесто, премногу бои, цветови, гломазен накит, чудни работи на глава... Не ми се допаѓа. Никогаш не би облекла ништо од работиве што ги видов тука, ниту посебно, ниту пак заедно. Изгледа единствена сум што го мислам ова
Венчални фустани што ми го стопија срцето покрај оној на првата неуспешна свадба со мр. Биг И дефинитивно најдобриот, морам, морам да го ставам пак Колку беше најјака сцената кога го чекаше Александар "потоната" во својот фустан. Прекраснотии Култната комбинација Ова коа ги враќаа во времето, демек какви биле коа прв пат дошле во Њу Јорк И за крај, мојот омилен. За вечни векови, амин
Епа најверојатно затоа не можеш да не‘ разбереш Си го носи тоа таа на нејзин поебен начин. Сигурно дека јас да го облечам, нема така да изгледа.
Сара да ја гледаш овака е прилично грда. Нема убави црти, нема ниту убави очи, ниту уста, ниту нос, ниту облик онака се на неа е безвезе Али девојкава знае како да се среди и пак да биде убава. Знае да го носи тоа на неа на некој посебен начин. Специфична е. Баш поради серијата ја засакав инаку онака на слики никогаш не ми била нешто посебно. Има харизма некоја чудна Ко створена е за улогава. Мене Сара = Кери
Асиметричната кошулка Фустанот на вечерата кај Петровски Садо-мазо епизодата Капчињата и модните додатоци за коса
Девојката стварно никој никогаш нема да ја заборави. Јас секогаш ќе ја памтам како Кери Бредшо, потешко е како Сара. Убаво си го носи тоа што го облекува. Експериментира, не се плаши и е самоуверена. На самоуверен човек ништо не му стои лошо. Еве некоја комбинација што и јас лично би ја носела. , розевата не таа цветната. , последнава ми е кежуал онака, ама преубава е.
Единствениот пат кога носеше џинс A не носеше и шорцеви ако се сеќавате еве единствена сцена Најпознатите чевлички Кога беа на одмор во Мексико, откако ѕверката ја откажа венчавката Ланчево е сон
Најдобра е. Има прекрасен и уникатен стил и ме нервира кога некој нешто збори лошо за неа. А големиот фустан што го носеше во Парис... аффф (смајли на кое му светкаат очињата)
Јас да си кажам, пошто во претходниот пост не можев. Многу ја почитувам вака како лик. Женава направи револуција во модниот, а и во филмскиот свет. И мислам дека тоа се должи најмногу, секако на стилистката, што ги прави комбинацииве толку смели, екстравагантни и прекрасни во исто време. Од комбинацииве што ги носи, јас не знам дали 2 би облекла, ама сепак во тоа е нејзината умошност, што знае како да ги носи. Затоа пак, чевлите....Ах, чевлите!!! Би украла едно дваесетина пара, заедно со чантите. Овие чевли на пример ми се бонбона.. И овие ми се мњам... Па и овие што ги носеше со весник-фустанот А и златните Лоубутинки Ама овие на пример, никогаш не би ги ставила на себе, макар и не знам која да ги обелече
девојкава не да направи бум ами веднаш очите онака будно ти застануваат на секоја нејзина комбинација едноставно знае да носи све, смело ги носи, да признаееме ми се допаѓа како сето тоа изгледа на неа но дали би имале храброст тоа да го носиме незнаам баш,а чевличките е тука нема што да додада м
Значи Carrie ми е нааај омилена личност во светот...секогаш смело облечена ( секоја чест за Vivienne Westwood) Весели и женствени креации и парчиња облека за многу смели жени , ваква гардероба неможе секој да носи ... ја обожавам А венчаницата е прекрасна и под разно ке сошиам ако не иста слична на таа .... А овој фустан ке го шијам за свадбата на мојата будуќа золва
жената е модна икона, значи како ја средуваат стилистите( зборам за филмот пошто темата е кери бредшо, а не с.ј. паркер) алал да им е , секогаш средена, топ од фустан,кондури, накит, аксесоари......