Ја обожавам! Не можам да ви изнакажам колку ја обожавам хахах Првиот дел од филмот го имам гледано може едно 30 пати (ама сериозно ) а вториот 5-6 пати Серијата ја немам гледано цела, но во скоро време ќе се потрудам да го променам тоа хахах Се надевам не ставив премногу слики. Уживајте Сезона 6 Сезона 5 Sex and the City 2 Sex and the City 1
Мислам дека луѓето не ја ценат Кери и нејзиниот стил само поради добрите парчиња облека и комбинации кои таа ги носи, туку затоа што на некој начин и општеството така налага. Мене така ми изгледа можеби затоа што кога Лејди Гага ќе се појави со некоја необична комбинација веднаш е исвркана. Според мене лично една од најубавите комбинации, затоа и ја постирам по втор пат и комбинацијата каде носи чорапчиња до коленици со баклави ме оставија без збор.
Мислам дека многу убаво и стои бубамарава фустан Оваа комбинација исто така многу и ја сакам Во Париз беше совршена Ептен се заљубив во овие штикли A ми се допаѓаше и овој фустан
А дали се сеќавате на онаа комбинација- облече бела кошула од Ѕверка и неговиот црн каиш заради тоа што паднаа во езерце со патки и си го изводени фустанот?? не знам дали ќе најдам слика И така си дојде дома типката... Единствена е!
Сара Џесика Паркер како лик не ми е воопшто симпатична,дури едно време ја прогласија за нај не-секси жена меѓу славните,но ликот на Кери го направи препознатлив по уникатноста.Инаку Кендас Бушнел,авторката на Сексот и Градот претходно била колумнистка,па така ликот на Кери е во некои делови нејзина автобиографија.И таа имала некој бизнисмен,од кого е инспириран ликот на Ѕверката,со кого имала долга,бурна но неуспешна врска. За стилот само Браво.Но тука да не ја заборавиме Патриша Филд,која е главен виновник за стилот и начинот на облекување.Ноебични и вонвременски комбинации. Спојлер Ви ја препорачувам да ја прочитате и 5-та авенија,исто од К.Бушнел,за Менхетен и жените,супер е.
Преслатка е! Шармантна и заводлива.Секогаш! Посебно ми се допаѓаше како си играше со својата коса,фризурите ги менуваше од епизода во епизода. Ете неколку фотки каде што мене ми е прекрасна.
Ах бе Кери колку ти завидувам само да си знаеш ...... Инаку да ве додепримирам паметнава си ја задржала 70 % од гардеробава
Стилот на Carrie ми е интересен, забавен, свеж, но од практична гледна точка и носивост??? Еве нешто од Сара Ј. Паркер (иако темава ја сфаќам дека се однесува на Carrie како филмски лик). Едноставни, секојдневни комбинации кои секако ги носи со стил. А мене лично ова ми се допаѓа многу повеќе.
Стилот на КЕри е единствен според мене и нејзин сопстевн, иако на повекето му е Чуден мене сепак за неа ми е совршен и можи не е кој знај колку уба ама има некој шарм и ѕвезда мој омилени комбинации
Колку е само оригинална прекраснааа уфф ја сакам сори фор офтопик ама морав да си ки изказам емоциите се познава дека си има изградено стил безразлика сто зад неа стојат стилисти,самиот начин на кој таа ја носи облеката казува дека САМОУВЕРЕНОСТА не прави посебни а нејзе ја прави да зрачи па сто и да облече ке биде убаво,многу од овие комбинации не би ги облекла но искрено ме мотивира да се дрзам до мојот стил,бидете аутентични