гледам никој нема постирано слика од фустанот што го носеше во Абу Даби од второто продолжение на филмот, тогаш кога беше на вечера со бившиот ако некој најде слика може да ја стави овде
Колку сум го барала тој фустан, леле... Очекував пар хиљади и потпишан од богзнакој, но испадна "само" 400 долари, Faviana 6700 е моделот. Перфекција од хаљина. Останатите парталчиња од двојката... Иначе јас очајно се надевам на трет дел, ич гајле не ми е би ги гледала четириве до бесвест. Под услов да не биде она исчупаната Хана Монтана Кери у младоста, идам у продукција и покољ. Сакала Сара Џесика Паркер да снима и трет дел, и имаше изјава демек, не потценувам никој, но ниедна друга актерка нема да знае да ја одглуми Кери како мене. Има бе ѕвезда жената. Го испустија филмов, освен гејови и последната висока мода од сезоната немало ништо. Уво ме боли, јас си ги сакам. Саманта шо нокти држеше во филмов, омг. И уште еден фустан во кој се заљубив, во последната сцена зелениот... Шит се боиве овде, темно зелен е, Kukso Koo. Преубав е!
Сара Џесика Паркер или откачената заљубена „помодарка“, Кери Бредшо е вистинска во права смисла на зборот модна икона во денешно време како што во минатото биле Мерлин Монро и Одри Хеберн. Иако за улогата на Кери се грижат стилисти сепак џабе би биле тие луѓе доколку личноста не знае да ја носи облеката. Токму тоа одлично го прави Кери, она ја носи облеката, а не облеката неа. Ма жената сјае на секое парче облека, на секое парче аксесоар што ги носи им дава душа. Тоа што ќе го облече знае да го носи и максимум да ги испрезентира парчињата облека што ги носи, а кои можеби ние никогаш не би ги ни забележале. Спојлер Иако нејзин заштитен знак е плавата коса, лично мене повеќе ми се допаѓа со кафена како во првиот дел на филмот кога помошничката не ја позна во кафичот. Некако помладо и посекси ми изгледа со потемна боја на коса или со потемно плава. Спојлер Многу и го сакам аутфитов со едноставна маичка и сукњичка. Е тука немам зборови БЛЕСКА а и целата слика изгледа како бајка. Една и единствена Кери Бредшо! Има нешто во неа што ја прави посебна.
Многу ми е посебна. Не е стандардна убавина, туку напротив - посебна убавина. И се што носи, носи со стил.
Имаше еден период лани кога ликот на Кери го величев до бескрајност, тоа дојде како пост-ефект од гледањето на двата филма, и одново купот епизоди од сериите . Една и единствена, култна икона како и фразата „I Couldn't Help but Wonder...“. . Сите комбинации кои ги обожавам се веќе постирани. И останува само да кажам дека Кери имаше/ има major style.
Има уште еден што многу ми се допаѓа, ама не можев да најдам слика .. Сепак овој ми е еден од поомилените
Јас си потврдив дека сум заљубена во женава кога во една прилика, во постарите сезони, ваљда трета... Во една сцена збореше со Биг по телефон и буричкаше во една натрупана, шугава продавница...-What are you doing? -Nothing much, just looking for a 7$ dress to go with my 200$ shoes. Истото го правам цел живот, многу ја сакам!
Ја обожавам, целата серија, сите сезони ми се излгедани по неколку пати и мислам дека не се споредуваат со филмовите, ни 1 ни 2 дел! Сите ги сакам, посебно Carrie & Samantha!
самоуверена ,уникатна дефинитивно е без конкуренција http://www.harpersbazaar.com/cm/harpersbazaar/images/wI/SarahJessica-de.jpg[img] [img]http://www.wildsound-filmmaking-feedback-events.com/images/sex_and_the_city_movie_carrie.jpg
Јас навистина не разбирам што гледате убаво во овие кловновски комбинации.Не ми се допаѓа ни ликот на Кери Бредшо ни пак актерката која ја глуми.
Jа обожавам серијава, ја обожавам Кери. Значи Кери, не С.Џ.Паркер. Имам неколку омилени комбинации од Кери, што сум ги фатила во серијата, али на google ги нема, но еве од тие што ги има: За НГ, неверојатна е бре: