Ја обожавам! Стилот и е толку неедноставен, необичен, единствена е. Спојлер Мајка ми ми вели дека личам на неа.
Бидејќи повеќето комбинации сте ги ставиле, јас само ќе додадам неколку.. Само не можев да најдам една ептен добра комбинација што ја носеше во првиот филм.. Имаше жолти штикли, тегетна блузичка и виолетово џемперче мислам..( колку што ме служи меморијата) Преубава ми беше така.. Не е некоја расна лепотица ама затоа е Carrie Bradshaw!
Мене па нејзиниот стил најмалку ми се допаѓаше...што знам,некако многу утки м имаше,посебн пред некој ден кога гледав,во некоја епизода од 3 сезона беше,со чорапи дебели,до коленици опегнати,со коцкички или незнам какви беа,јас знам дека у 2000 беше друга мода,ама ова страшно беше...ретко некоја комбнација да ми се допадне од неа,највеќе ми се допаѓаше стилот на Шарлот и саманта (кога не е со тие нејзините блузички)...и фустанот на Шарлот во 1 сезона беше мислам кога испадна на вечера во некој ресторан или како беше,ме остави без зборови,прекрасен беше,еве слика,не изгледа баш убаво на сликава,ама веројатно се сеќавате на фустанов А од Кери досега ова највеќе ми се допадна. Еве баш гледам сега Сефора напишала,баш за оваа комбинација зборував погоре,воопшто не ми се допадна А еве и нешто друго,мислам дека го носеше во последната епизода од 3 сезона,ми се допадна многу фустанов и начинот на кој го носеше
И според мене Шарлот има најубав стил. Не би ставала слики затоа што не е за неа темата ама сите парчиња и се совршени. Многу префинето, елегантно и женствено се облекува. Можеби нема некои необични комбинации ама секогаш ми е преубаво средена. Било со некои убави фустани или секојдневна комбинација, едноставно ми се допаѓа стилот. А Кери. Едино ја вади тоа што има некој чуден шарм и убаво ја носи облеката иако вака не е некоја лепотица, ептен далеку од тоа. Ама облеката оделно, поголемиот дел од неа според мене ужас. Јас никогаш не би носила добар дел од комбинациите кои таа ги носи. Премногу шаренило, парчиња кои според мене не одат воопшто едни со други, не ми се допаѓаат и тие некои гломазни ѓердани со машни кои ги носи. Па и чевлите не ме нешто посебно импресионираат, со исклучок на некои. Разбирам дека во тој период кога е снимана серијата биле во мода некои работи ама не ми се допаѓа. Но велам, таа некако многу убаво ја носи облеката, со голема самодоверба, што и да има на неа. Верувам дека некој друг би изгледал смешно со тие парчиња. Еве некои од ретките комбинации кои ми се допаднале. Оваа од Париз ми е најомилена, дали оти сакам вакви смирени и елегантни комбинации. И секако класика.
Плавото капутче што го носеше во Париз е врв! Белото фустанче - колку едноставно а елегантно кога таа го носи! Ова цветново мантилче ми е прекрасно!
Морав да го постирам модниов промашај,не ми се веруваше дека овоа е всушност ташна,т.е дали е воопшто? се мислам дали е легално да направиш оваква утка
Пред една седмица почнав да ги гледам сериите од почеток и останав вџашена и изненадена од стилот на Кери во првата сезона. Како права уличарка ми се облекува, преразголено, без вкус, само со скапите штикли на неа. И добро бе, мајко му стара, што е со неносењево градник?! Стоп за градниците - слобода за градите?!?!