Шерил Кол најубаво облечена жена Британската поп пејачка и телевизиска ѕвезда, Шерил Кол, според магазинот Glamоur е прогласена за најдобро облечена жена во светот. Кол ја засени минатогодишната победничка Кејт Мос, којa што мораше да се задоволи со второто место. Во последното издание на Glamour, Џо Елвин, инаку уредник на магазинот изјави дека во мината година Кол станала пример за стилски тренд. ,,Таа е величествено убава, одлично средена и секогаш сјае” - додава Елвин. Инаку Шерил Кол беше членка на групата ,,Girls Aloud” и сопруга на англискиот фудбалер Ешли Кол. Шерил Кол е една од најатрактивните поп пејачки во моментов.
Шерил Кол со нејзината восочна фигура во во Лондонскиот музеј на "Мадам Тисо". За восочната фигура бил искористен моделот кој Шерил го носела во 2008 година на Лондонската модна недела. За одбраниот модел виновна е самата Шерил Кол која не можела да се одлучи кој фустан да го даде за да биде искористен за куклата, па откако не се согласила да даде други два фустани кои креаторите на фигурата ги побарале, се решила за овој.
Мене ми е многу убава онака природно убава. Ми се допаѓа како се облекува, скоцкана од глава до пети. Елегантна, отмена,....прекрасна е.
Прекрасна е. И сеуште не можам да поверувам како тој идиотот Ешли Кол можел да ја изневерува неа. Како изгледа само, а тој воопшто не ја ценел. Илјада пати е поубава од него! Уште еднаш, прекрасна е, има преубав глас, многу добра музика, преубав стил на облекување.
офтопик:сеуште ли се разведени со Ешли Кол? онтопик:Шерил ми е прекрасна.Толку убава,нежна и никогаш нападна
Убави комбинации има, кога ја гледам ужасно многу ме потсеќа на Каролина, секако Шерил е поубава. Особено на сликава: Често помислувам дека се двојнички. Фустанот на восочната фигура воопшто не ми се допаѓа, за стилот немам посебно мислење не ја следам не ја ни сметам како многу популарна има стопати попопуларни од неа и така. Косата како на восочната фигура и е најубава.
Далеку е од најдобро облечена, но е солидна, ме бендисува. А е многу убава, да рикне онај мажот и` шо ја измалтретира.
Се согласувам дека не е најдобро облечена, сепак тоа е само прогласување од магазин има многу поубаво облечени од неа, но како што кажа и ти солидна е, а кога на тоа ќе се додае нејзината природност-зрачи женава. Никогаш нападна ма прекрасна е.
Не ја знам добро Шерил Кол. Само Promise This и' ја знам. Ама вака разгледувајќи информации за неа и слики, гледам дека е многу нежна и паметно ги одбира парчињата облека. Забележав дека се фарбала црвена. Good choice! :up: Овде ми е преслатка
Со оглед на можностите просечно е облечена...убава е, не викам не ама не заслужува цела тема, нема ни доволно слики да се најдат.Не важи ниту за некоја модна икона.
Гледано во глобала не ми е ништо посебно нејзиниот стил, просечен е. Но, Шерил ми е многу симпатична, нежна, женствена, едноставно зрачи женава. А за комбинациите има некои кои ми се допаѓаат, но сметам дека може далеку подобро од ова до сега.
Шерил е толку многу убава така што,што и да стави и седи прееееееубаво,толку е симпатишна женствена секси и се најубо,стварно нема ништо грдо на неа НИШТОООООО
Таа како појава е многу харизматична, шармантна и убава но нејзиниот стил не ми остава некаков впечаток.Сосем просечно.
^forum.femina.mk ‹ Убавина и мода ‹ Мода и стил ‹ Слики Не е само во тоа дадеш коментар, туку треба да е поставена и слика верувам. Да бидам искрена стилот почна да ми допаѓа откако заврши со Ешли. Тогаш и почна да станува поактивна. Girls Aloud на мое жалење се распаднаа, а Шерил почна да се пробива. Патем, насловот треба да се преименува во Шерил Твиди. Може и не. Не знам дали го задржа презимето или го остави. Спојлер Овде ми е језива од што е слаба. Многу ми смета килажата која ја држи, особено лошо личи бидејќи е ниска.
Шери навистина си е многу убава,симпатична,женствена итн.Нејзиниот стил е просечен,може да биде и подобар.Но,секогаш може подобро . Така да,таа е убава...што и да облече,прекрасно и стои.