Ева Жаклин Лонгорија (Eva Jacqueline Longoria) е американска актерка, продуцент и модел. Нејзината кариера започнала во 2000 година. Има глумено во многу филмови, но стана позната во целиот свет благодарение на тв. серијата "Очајни домаќинки" (2004), каде што игра улогата на богата и убава домакинка "Габриел Солис". Btw мојата омилена ''очајна домакинка''. Според мене една од најдобро облечените славни личности. Знае да си ги прикрие недостатоците, а да ги истакне убавите делови на телото. Типката е навистина мала џепна Венера. Кога е нашминкана стварно е многу слатка, ама без шминка е само еден обичен просек, нормално никој не е совршен. Сексапил, елеганција, грациозност и што ли уште не… Погледнете и сами како изгледа Ева Лонгориа
Ај за секоја позната личност да правиме нова тема. Не секоја е модна икона ако е позната. Ништо посебно стилот, колку што знам јас не и го ни следат многу. Има убави комбинации Вака слично и јас се облекувам, сакам да кажам вакво фустанче и јас можам да си дозволам и многу девојки за малку пари, а и се наоѓа вакво. Сличен фустан и имав купено на мајка ми, виолетов и не и се свиѓаше, мене ми е ок. Е ова е више јако, исти салонки иаме, добро освен што нејзините се многупати поскапи од моите,де. И тука е многу јака. Колку просечен фустан. Е тука ме асоцира на школка де. Оф, не. Убаво и необично. Убав фустанов! Мразам ваква комбинација, тренерки со вакви чизми. УФ! Преубав е фустанот. Најлошото што го видов досега.
Мене Ева ми е преубава и кога не е средена и кога е без шминка. Преслатка ми е во такво издание кога знам дека си шетка нормално и не се преоптоварува. Кога е на црвениот килим просто блеска. Според мене има извондреден стил.Мала,но секаде привлекува внимание. Еве неколку фотки каде ми е супер. Спојлер
Кој шо сака нека каже ама Ева мене ми е секогаш скоцкана. И тоа добро скоцкана. Си знае каде што треба да носи. И многу ми се допаѓаат нејзините casual комбинации
мене ми е секогаш со стил, средена, утки скоро и воопшто да нема направено, едноставно перфектна ми е
На оваа ко шо ѝ стојат тоалети, на ниедна друга. Многу ја сакам, па и Габриел ми е најака у серијата. И у клошарско издание без шминка ми е убава. Плус мнооогу убаво тело има, многу пропороционално. Ем на Лореал е заштитно лице, не може лоша да е. Ептен сакам Латиноамериканки, оваа ми е меѓу поубавите. ( пр. Ева Мендез ми е ко трансвестит. ) Колку најубаво ѝ стои виткана кратка, леле!
Експериментира со стилови, знае да го носи тоа што ќе го облече...и згодна е бре се и стои ... Спојлер
Eлегантна,средена,убава ми се допаѓа облеката и е убава сега кога ќе ја најдат камерите во „лежерно издание“ сега не може да виси цело време во фустани како што беше тоа со тренерките и чизмите. Ми се допаѓа што стилот и е едноставен,но елегантен мене ми е прекрасна,а воедно е одлична актерка.
Убавка е многу, мал сладок пинцур со огромни штикли Ама нешто wow да ми е, тоа дефинитивно не. Тоа што го носи го носи преубаво, али се е скапа модерна гардароба од последните колекции на дизајнерите. Она не експериментира баш никогаш. Ева се облекува како и секоја друга богата позната цура Класичен хуливидски стил. Никогаш нешто ново, никогаш нешто поинаку, иде на секогаш на проверена облека црно-бела, крем, црвено, така да за стил да ја пратам и модна икона мене не ми е воопшто. Но затоа па од друга страна ретко прави утки, дури да не речам и преретко. И дефинитивно е убавка без шминка што е за почит, ретко некоја ѕвезда се појавува без шминка. Иначе е висока само 152 цм. Прениска е. Може да ја видиш во град а да не ја забележиш од што е толку мала Јас толку висока бев во 3то одделение
Мало ситно човече што значи со шарм и елеганција. Нема некој препознатлив стил по кој би се одвојувала од другите. Јас многу си ја сакам, омилена домаќинка btw Спојлер Овде во која група треба да ја ставиме?
На црвениот килим е прекрасна... Секогаш зрачи со позитивна енергија и супер е облечена... А сasual комбинациите и се исто така добри, како на секоја просечна девојка.
аууууу прекрасна жена! ми се свиѓа во секој поглед. изглед. стил. глума. водителство. шоу емисии. за се ја бива. омилени проекти Очајни домаќинки фала богу и ова новото кулинарско шоу што и е. и не е нешто скандалозна во споредба со другиве фацки. а тоа што била ниска, каква врска има тоа, кога има прекрасна градба на тело и е позгодна од многу други што се повисоки од неа. мене Eva ми е 10/10
Многу ми е едноставна и природна, зрачи на сликите и се гледа дека ужива во животот, особено откак се разведе од оној Паркер, не знам зашто и требаше, не беше ни згоден и убав дури Еве слики надвор од црвен тепих
Mногу ми е природна,убава,нежна и средена женава.Нејзиниот стил е поедноставен и никогаш ја немам видено во некоја кич комбинација.Зрачи со елеганција,безразлика дали е тоа кежуал варијанта или ред карпет фустан.
Многу си ја сакам, срцка ми е. Многу е слатка, харизматична, убава, и најважно згодна бе. И како глумица ми е извонредна, омилена „домаќинка“ ми е. Нема ни скандали, ни да изведува пејачка, жена на место. Комбинациите и се убави, ретко има утки, ама иде на сигурна варијанта. Еве и кежуал варијанти: