Џенифер Лин Лопез е позната американска актерка , поп пејачка и танчерка. Родена е на 24 јули 1969 во Бронкс, Њујорк, од родители со порториканско потекло: Гвадалупе Родригез и Дејвид Лопез. Има две сестри, Линда и Лесли. Посетувала католичко средно училиште каде што почнала да се занимава со спорт, а од 16 години започнала да посетува часови по танцување и пеење. Го напуштила школувањето после еден семестар на колеџ и целосно се посветила на танцувањето. Ако има ваква тема - канта.
Баш вчера читав една статија каде беше анализиран нејзиниот стил од почетоците на нејзината кариера, па се‘ до денес. Воглавно ми има оставено впечаток на личност што премногу експериментира со изгледот - 30 години се премногу за да се појавиш со фризура Пипи долгиот чорап, дури и ако се работи за Teen Choice Awards. Последниве неколку години ми е преубава, се заозбили некако и ми се допаѓа како изгледа. Спојлер
Според мене е многу стабилна и нежна жена! А овој нејзиниов дечко Каспер Смарт и баш не ми се допаѓа, не се софпаѓаат. Марк Ентони (поранешниот сопруг) ми е далеку подобар.
Ја обожавам, една од јавните личности со најмногу стил, досега немам утки видено од неа, се што ќе облече на неа блеска!Преубава и шармантна ми е, па какво тело има - БОМБА, е ова е убаво женско тело, со облини и стегнато!Мислиш 20 години има, не 40! Комбинацијата во спотот на Into you ми е врв од нејзе: Исто овој блинк - блинк и е преубав фустан: Креацијата на Захаир Мурад - speechless : Други комбинации од црвени тепих: И за крај кежуал комбинации: Единствена замерка кај неа ми е што носи природно крзно, а вештачките крзна по изглед се исти како природните.
Многу ми се свиѓа нејзиниот стил, а и она е исто преубава... Џенифер Лопез и Бијонсе ми се најубави... Еве каде мене ми беше најубава: мислам дека фустано совршено и прилега
Мене не секогаш ми се допаѓа како е облечена Џенифер Лопез, дури можам да кажам дека почесто не ми се допаѓа. Инаку сето тоа на кое и се воодушевуваме е резултат на вложен огромен труд на десетици професионалци. Баш приметете на сликава каква и е косата, колку мала пунџичка- што значи на сите оние слики каде што има бујна коса, всушност носи надградба. Еве каде ми се допаѓа како е облечена Спојлер А овие нејзини комбинации воопшто не ми се допаѓаат Спојлер И мислам дека не и прилега баш црната боја
Јас неа си ја почитувам, девојката си има неколку таленти и одлично работи на неколку полиња. Е сега за стајлингот е ок, сосема обичен, ни експериментира, ни ништо. Средена е најчесто, ама ретко да ми е се свиѓа посебно. За јас да кажам дека некој има добар стил тогаш треба да се разликува од другите. А Џенифер ми има класичен изглед даден од стилист која само таа го носи и притоа истакнува облини, често со претерување и со премногу светки. Има убава шминка најчесто, тоа ми е кај неа најдоброто, секогаш убава и најчесто нежна шминка, убаво лице има. Косата и е ок, најчесто како што кажа Сеси додатоци за волумен и густина. Мразам јас долго V деколте, да не речам до папок, а таа ептен го носи. Еве ова ми е тотално КИЧ! Ова ми е крш, бунда и сандала Сака и пердуви, јас мразам Ова е нешто побетер кич Тука како матурантка е со фустан од искубана кокошка A фустанов за Оскар од Армани е чудо најгрдо Ужас! Не ми е јасно кој и рекол покрај фустанов и чизми со овој принт да облече, нели се гледа во огледало? Има и убави комбинации, дел се на темава поставени. Ама прави и ужасни кич комбинации на сатени, крзна, пердуви, светки, премногу принт, така да има има стајлинзи best ама има многу и worst.