Aнглиски модел. Позната пред се по својот контроверзен приватен живот, дрогата. Откриена во 1998 година на возраст од 14 години, нејзината кариера започнала во првите црно-бели фотографии сликани тогаш за британскиот магазин The Face, но иако ја дефинирале како анти-супер модел на 90-тите, таа дошла до моментот кога била споредувана со Синди Крафорд, Наоми Кембел, Клаудија Шифер. Мос била изгласана 9-та во списанието Maxim како една од "50 најсекси жени во 1999-та година" и 22-та во списанието FHM како една од "100 најсекси жени на 1995-та година ". Со своето прво појавување во Sinday Times Rick List во 2007-та година, нејзиното богатство се проценило на вредност од 45.000.000 £. Во јули 2007-та година, заработувајќи околу 9.000.000 $ во изминатите 12 месеци, магазинот Forbes ја именувал како 2-та на листата на 15 светски топ-модели. Што се однесува до нејзиниот изглед/стил се смета дека Мос е таа која го довела хероин шик изглед уште во 1993-та година со предизвикувајки разни шпекулации околу нејзината тежина. Без разлика на тогашните изјави дека не се работи за анорексичност таа денеска сепак е позната како меѓународна модна икона. Има собрано многу награди за нејзиниот стил, вклучувајќи ја и Council of Fashion Designers of America's fashion influence и место на листата за мегународни најдобро облечени лица од страна на Vanity Fair. Во почетокот на 21 век, таа , заедно со актерката Сиена Милер, се смета една од главните предводници на Боем изгледот. Но сепак во 2008-та година, Мос била додадена листата на ПЕТА како најлошо облечени "Личности од 2008" поради честата употреба на крзно. Како ви се допага нејзиниот стил? Кејт со својата колекција на чанти
Mногу ми е грда, антипатична и никаква! без шминка е наркоманка! за мене не е стил, кога некој се облака со мртви животни! одвратно,да му се згади на човек од нејзиниот крзнен стил
Не ми е модна икона во никој случај ако лансирала сопствена колекција. Без шминка е хорор, со шишки е стопати поасална отколку без. Што е со мрежастите искинати хулахопки ? Или фустанот на првата слика со реден број 6 ? Ццц.
Ја никогаш не сфатив што некој гледа во неа. Нема бог знае какво тело и има ужасно лице. Имам гледано и емисија за неа, и не знаеше ни да зборува нормално. За мене таа и воопшто нема стил, го облекува тоа што и стои прво на закачалка.
Не ја сакам. Таа ми е узор модел како што не треба девојките манекенки да се однесуваат. Не знам што гледаат кај нејзе дизајнерите? Мала е, ниска е, грдичка е, наркоманка е, лош идол на младите. Многупати и имаат раскинувано договори заради таа дрога, последен пат нели беше сликана како конзумира кокаин и по 100 рехабилитации таа пак и пак едно исто прави, али Кејт Мос си е пак Кејт Мос. Си пафка, си шмрка, си шета издрогирана на писта и си заработува милиони. Неможам на ваква жена да и се воодушевувам, а уште помалку да ми е пример модна икона.
Леле Росоњерка аууу ме наежи со сликиве колку е гадна! Ај првата ја имав видено и ич не ми текна, втората не Се што кажа за однесувањето посебно дрогата, лицето (нефотошопирано и ненашминкано) и е гадно ама баш ГАДНО, телото и е просечно има многу поубави. Не знам што ги привлекува и предизвикува да склучуваат договори со неа, можеби затоа што е баш таква единствен модел толку безобразно контроверзен
Дури и направиле статуа од злато, употребиле злато колку тежи и таа самата (50 и нешто ) Толку што е "убава" . И се восхитувам на тоа што ја доби битката со дрогата, и пак се бава со моделство. ( да не направив некоја грешка? ) Онтопик, не ми се допаѓа нејзиниот стил. own:
нејзиниот живот нема да го коментирам , се сложувам со вас, ама дека има стил има-и мене ми се допаѓа
На страна приватниот живот, пороците и проблемите, јас ја сакам како модел. Мислам дека фантастично си ја врши работата. Што се донесува за нејзиниот стил, не ме фасцинира многу, не е уникатна и посебно интересна. Меѓутоа ми се допаѓаат неколкуте колекции кои ги има креирано и последната колекција на чанти. Фаворити ми се овие два од нејзината осма колекција за топшоп, а од колекцијата за чанти ми се допаѓаат речиси сите чанти. Во приватен живот, како што кажав, ми е сосема обична.
кога веке постои темата да ја докомплетирам со свадбата, фустанот ми е убав ама оделцето на типот ми е -без коментар
Кејт има лице кое многу лесно се трансформира, со секоја шминка изгледа различно. Тоа е посебното што ја прави одличен модел. Мене ми е убава (настрана дрогата и пијанките). Специфична, несекојдневна и со вродена елеганција, и баш ми се допаѓа тоа што нема совршено лице кое секој би го сметал за убаво. На свадбата блесна во прекрасниот фустан, многу природно и лежерно го носи. Ми се допаѓа нејзиниот секојдневен стил, што и да облече беспрекорно знае да го износи без многу напор и посебно стилизирање. Нејзините комбинации во црно ми се фаворити.
Kate Moss ја вбројувам во личности кај кои ми се допаѓа стилот. Lauren Conrad, Kate Moss, Sienna Miller, Posh, Palermo & двете Олсенки ми се фаворити. Да преминам на Мос. Не само што ја почитувам премногу како модел, ми се допаѓа линијата која ја креира, туку и според мене е модна икона. За разлика од многу други самопрогласени икони на дешеницава. Проблемите со дрогата ги занемарувам затоа што темата е за нејзиниот стил сепак, а не за тоа дали се дрогирала и колку таа се пијанчи.
Ја обожавам. Прекрасна ми е. Нема специфична и посебна убавина но ја поседува онаа класична убавина. Професионална си е во работата. За дрогата и нејзините пороци немам коментар. Битно е дека кога ќе искочи на писта е во полн сјај. Има некоја харизма и привлечност. Стилот исто и е беспрекорен. Ми се допаѓа скоро се што носи и нејзините колекции секако. Да не ја биваше немаше да е таму каде што е сега.
Kate Moss според мене е жена со прекрасен ултра модерен стил на облекување Кежуал стилот скоро секогаш и се состои од фармерки и сако,а тој стил и најмногу ми се допаѓа
е оваа жена ако нема стил не знам кој има. неа ја сметам ја права модна икона (и Сиена Милер). убава ми е, професионалец во тоа што го работи, глупости правела кога била млада (кој не?). има многу необична фацка што ја прави поразлична од другите, и мислам дека баш поради тоа и се издвојувала некако секогаш од останатите стандард модели. знам дека била најниска манекенка на времето. и реално да бидеш заштитно лице на Гучи толку години не е за џабе. Спојлер
Како што ги разгледав сликите на нет, нејзиниот стил е префинет. На моементи знае да киксне ама сепак во глобала гледано, одлично се облекува.