во оваа комбинација со кожното здолниште ми е убава но се гледа дека е и мн.послаба погоре на фотографијата ме разочака како балон подуен ми е кошулата како од дечкои да ја позајмила голема му е се гледа по ракавите и не е за ваква комбинација ужасна утка направила овде,само сандалите ке му ги пофалам прекрасни се спод ова со го гледам треба да обрни малку внимание на килажата дефинитивно (но со Кание само по ресторани се што да прави)
Каква е смешна со наочариве Ми личи на лик од Пауер Ренџерс. Или пак некој интергалактички патувач... Ма кој ја знае
А еве го целиот аутфит. Изгледа толку евтино и лошо, стварно се чудам како си дозволила вака да излезе. Бутот и е во вонсериски размери! И ова на ништо не личи!
Леле Старфиш ме претрка, само што сакав да ја постирам комбинацијава: Покичесто нешто не сум видела во последнава година. Еве некоја комбинација, реееетки комбинации што ме бендисале од нејзе со Кање, ова е нешто што го носи кога не носи кожни сукњи и панталони. Мене тие кежуал комбинации од нејзе ми се омилени, овие експерименти и бучкуруш комбинации што ги прави во последно време ми се . Џемперот и ташната се сон.
ТОРТА. Ова на ништо не ми личи мене, а посебно не на жена со стил и вкус...ТОЛКАВА Е. Огромна ко свадбарска торта и тоа од оние кичестите и големи. Задникот и така не и е убав уште па да не носи ништо се да и се гледа...Ужасна ми е стварно... Морам да кажам дека има неколку убави парчиња од тоа што го видов во темава, ама не можам да ја наречам жена со стил, затоа што го нема.
Убаво кажано баш торта жена со облини да ,ама со убави тонирани и затегнати бутови, не вака се се тресе
на сите фотографии ми е убава во комбинациите незнам тука што е грозно а на првата фотографија фустанот ми е прејак посебно во шлицот многу ми е секси...
Совршена и преубави комбинаци има ( некогаш знае во облкувањето големи утки да направи ) Ама не можам да сватам како олку славна стана ....
Овде е ко свадбена торта... Овде пак од 1-10 0 оценка..до сега од најголемите најголена утка и еее....
На E!Entertaiment има емисија "Keeping out with the Kardashians" и од кога ја гледам таа емисија некако Ким ми стана идол.Многу убаво се облекува и онака си е убава.Незаменлива.
и јас ја гледам и тоа редовно и мн.ми се интереси ким мислев дека е поинаква но во шоуто покажа дека е подобар човек за убава преубава е и во шоуто секогаш ми е топ буквално средена сега има некогаш утки ама за мене тие се мн.ретки иако од килажата мислам дека треба некое кило да намали...
и јас откако почнав да ги гледам никако да се откинам од телевизорот многу ми се интересни, забавни се,а и се заљубив во Ким, посебно нејзините очи ауф . Совршена е
За облекување многу убаво се облекува, дури и се восхитувам.. А вака ми изгледа како личност изгорена за пари.. Парите и се на прво место. И го гледам шоуто затоа вака ја коментирам.
Реално,женава не знам ни зошто е позната,нема некоја специјална причина.За убава-убава е,и добро се облекува,меѓутоа некогаш прави такви утки... Јас лично не ја сакам,меѓутоа немам ништо против неа.
го има стилот не викам не. ми се свига секогаш е средена за било кај и да се појави. малце напнува со газот толку што си го експонира демек облини , коа ке земеш у предвид дека и лопез и бијонси се јаки па не се експонираат толку. сепак на крај краева све е за пари денес...