Ништо јас тебе не те учам драга, немој ни ти мене. Ако ти си дозволуваш да ми пишиш да се свестам ќе ти пишам и јас тебе Благодарам за објаснувањето драга оти јас неписмена сум, немам основно завршено и твојот пост (кој не го ни прочитав во делот со објансувањето) ми беше од животна важност. Ким за мене ќе остани ТОРТА и жена без вкус, затоа што жена со вкус не го вади задникот со целулит во проѕирна сукња итн. И Малечка никој не ти вели да не ја сакаш, сакај си ја, нека ти се допаѓа, ама немој да наметнуваш мислење, исто како што јас тебе не ти го наметнувам моето. За вкусови не се дискутира и жалам, но не успеа да ми го смениш мислењето, како што кажа и Хипица, ти што сакаш прави пак ќе има луѓе кои ќе мислат дека изгледа како торта Ах да...не е хејтање ако не ми се допаѓа нешто. Едноставно не можи СЕ И СИТЕ да ни се допаѓаат.
Стигнавте и за Ким Курдашијан да се прeупукувате? Абре не сте нормални мајке ми Малечка абре разбирам се, ама како ја браниш па научно анатомски сеа ќе и го разгледувам телото, што вика хипица ај крвна слика да и прегледаме, ебати. Не може на сите се да им се свија, тоа e факт. Дека е божество не е, имала многу утки , ама па има и многу убави комбинации. До некаде ми се свија што не ископлексирана со излгедот, ама некогаш претерува со нагласување на дотичните облини. Што е многу, многу е. Али ова вашето па бетер. Да се препукувате на основа за дотичнава па и по лични пораки? Ценете си го времето и нервите, сакапоцени се.
^А што е уствари оваа па толку се замарате? Дека има стил некој си, ај, при толку пари како нема да се облекува убаво, има убави комбинации, знае да ги вклопи работите ама има и големи утки. Знаеме дека има бутови, немора секад да ги преистакнува, како што некој веќе спомна тоа огромното газиште во прозирна сукња на пример. Треба да го носи тоа што и личи. Инаку знае да среди и коса и да се нашминка и се, и свака и част. Ама неможе баш да се споредува со Бијонсе и останатите, бидејќи колку што знам јас, се прослави со порно клип.
Тенка половина и голем задник за мене е многу секси, и зошто да не го истакнува, како инаку ќе си ја одржува популарноста, со играње, пеење, пишување?? Задникот е нејзин заштитен знак и ни се допаѓа нас или не ете преку него стана светски позната личност а не е прва што снимила порно...и што ќе се бунам јас за површноста нејзина, кога од чисти глупости прави пари и гајле и е, не секој го може тоа... Ги гледам чат пат на тв али не верувам во реални шоуа, посебно не американски, знам дека се е снимано по добро смислени сценарија, па ако во шоуто ви се гледаат глупави, помножете по 10 и ете ви какви се приватно без сценарио А стилот нејзин...фин, елегантен, дамски, секако сама не се облекува па да кажам дали правилно одбира или не но во целина ок е, ниту ми е одвратна нити нешто посебно убава, но дека привлекува внимание-привлекува, иако не можам да си одгатнам зошто, дури и сама не можам да си одговорам зошто понекогаш го гледам нивното шоу Едит Упс, ова за слики било, еве да не сум офтопик
Многу ја сакам Ким и можеби и ја копирам малку во тоа стилот,знае преубаво да се облече,но она што го носела на нова година и е стварно промашено , ме разочара овојпат
Ми се допаѓа тоа што го носи.. А повеќето парчиња добро и стојат.. Но како и секој човек си дозволува да направи престапи нели !! Сепак во повеќето ситуации изгледа како божица Спојлер Особено ова прекрасна е
Тогаш не сакав да се расправам...али нема ни да молчам ....епа и ние сме свесни,начитани и паметните не си само ти... ние ни пак те учиме ни пак те поправаме ..туку ти нас не поправаш т.е. даваш коментари ако има нешто негативно напишано за ким...па побогу не си и мајка нит па нешто во нејзиниот живот и нема потреба да се караш за некој што незнае дека ти постоиш...никој ништо не кажа за нејзините коски туку дека во тој фустан е како свадбена торта што е и точно.... ...да облечела нешто друго поубаво ќе и стоело..на пример во други фустани е многу поубава ..тааа овде не си ги прикрила недостатоците него си истакнала... ..и многу лошо и стое...јас не ја мразам пошто немам причина за тоа ... а неа не вреди ни да ја споредуваш со Бејонсе и другите пошто таа се прослави преку порно видео...има ТВ емисија која нема никаква тема,идеја смисла а мотивот на емисијата е да се пере пари на најлесен можен начин..дизајнерка е да има вишок слободно време....таква емисија може да има секој кој ќе посака...и гледаш или кога ке собереш 2+2 женава е мајстор за собирање(перење) пари на најлесен начин.. Да убаво се овлекува не викам не..али стилот го прават парите што кога 100 дизајнери ја облекуваат ..и тоа чиј стил е нејзин или на тие што ја облекуваат....То љубовта кон ким мозокот ти го поматила...
Многу ми се допаѓа нејзиниот стил, а мојата братучеда многу ме потсеќа на нејзе. Сите и велиме дека личи на Ким и дека го има нејзиниот стил.
Најмногу, ми се допаѓа кај Ким што секое парче облека знае како да го искористи, а исто така и прекрасно и стои.
абре луѓе што толку се замарате,дебела била,пластична операција имала незнам што,па таа не се замара дали им се допаѓа на другите или не,има пари,има се што ќе посака во животот,славна е,ного ја боли.Тоа што е убава,убава е,барем за мене.Стилот и е чиста 10-ка,и јас да имав толку пари,така ќе се облекував и ќе се лигавев.Ако го гледате реалното шоу,сигурно сте забележиле дека многу се размазени,ама ете,што не прават парите.
еех што се замарате. Темава постои некој да коментира, така се забавуваме а не се замараме, не е напорно Некој ќе каже дека не му е убава и дека не ја сака одма, што се замарате, таа има пари, гајле и е, мислите па за вас што ја величате тука многу и е гајле.
Фустанов многу и го сакам а сликава ми беше интересна-колку е тешко да имаш добар стил и многу пари сепак и ова убаво и стои
На 3тата фотографија ми е преубава,вака типката што има стил има но проблемот според мене е што килажата на многу парчиња облека не и одговара и понекогаш изгледа прегрубо и пренападно тоа е проблемот инаку алишта има преубави би сакала еден цел ден да поминав во нејзиниот плакар
Колку и убаво да се облекува кога ја видов сликава ми се згрози,ипи претерале со брнзениот ефект/боја/тен што и да е, или стварно вака грозно ми делува. А дека убаво се облекува, да. Али и ние кога би имале пари,професионални личности стилисти околу себе би биле средени секогаш тип топ Понекогаш побитно е со малку пари да умееш сам да се средиш, џабе таа има пари кога нема дарба да си се среди сама, па џитка пари по стилисти.