Насловот на темата е Стилот на Ким Кардашијан, а не Дали сметате дека Ким е убава. Зошто не дочитувате? Да не бидам офтопик, јас навистина сметам дека женава треба да научи што и стои, а што не. Она што е погоре постирано каде носи бела сукња со пердуви, ни малку не и стои на фигурата, ниту пак умее да го носи. Овде на пример е на место. Софистицираност до максимум, со можеби малку погрешен избор на чевли.
Убаво се облекува али во овој фустан кога ја видов на фотографијата ме асоцира на оваа птницата Си има испади и она во облекувањето
Според мене Ким е преубава. Многу е згодна, не е слаба исушена и многу убаво се облекува. Има исклучоци, понекогаш не ми се свиѓа како е облечена, ама многу често е прекрасна.
Леле добро ај буква по буква под убава јас разбирам и убав стил на облекување вака може ? Што и да облече според мене не ја прави убава. Ама реков јас дека одма ќе цитирате само колку да паметувате
Абе се на светов има и добра и лоша страна, па така и таа купува многу работи честопати и стилисти ја облекуваат, таа е една од оние кој ја диктираат модата,а дефиниција за мода знаете каква е?? еве ја Мода е начин наоблекување кој моменталниот е нормален-кул, поранешниот(изминатиот) е смешен, а идниот е апстрактен затоа и таа ни е апстрактна понекогаш
Јас мислам дека дечкои премногу почна да меша прсти во нејзиниот стил на облекување ок да да де совет или да смени нешто ама овај ја претера буквално све исфрли од нејзиниот плакар и му ја смени стилиската т.е неговата стилиска е сега и на Ким што според мене е претеризам сепак таја има 30 и нешто години до сега имаше изградено стил и има оставено печат во јавниот живот и на црвениот тепих па треба да има повеќе свое јас не Кание ми рече да не носам лажни трепки не носам Кание ми рече да ја носам вака косата така ќе ја носам Кание ми вели неговите обувки да ги носам и така ќе биде пссссс глупости не е интересна повеќе...
Па тоа уметоците и екстензиите на глава и трепките арно што ги извади, редно време беше, од авион се гледаше дека е сето вештачко. Лепота е сеа кој шо сака може да рече, со/без корекции, шминки, трепаивици ватевр, убава е многу. Дебелата веѓа највеќе и ја поштувам.
А на сликава да не е Никол? - Бидејќи устата не и е таква на Ким туку на Никол затоа, многу ми се слични ама и двете се преубави стварно.