Леле колку е здебелена. Инаку за стилот, кога го немав гледано нејзиното реалити шоу, не знаев како се облекува. Ретко да отворам статија за неа, кога гледав на интернет. Има добри парчиња, повеќето ми се допаѓа како ги комбинира. Ама исто има и толку големи утки, стегнување во фустани кои никако не и стојат на телото итн. Од неа повеќе ми се допаѓаат секојдневните комбинации. Вака нешто . Не ми е нешто ни посебно убава, мислам не е мој тип на жена. Прејаки црти има некако, а и ми пречи што речиси секогаш е со пренападна шминка.
Колку е дебела чоечеееееееееееееее! Кој бут, свински бут. Ал барем има сеа тешење, трудна е не и се важи Оваа ќе ја јаде и Џесика Симсон со накачени килограми за време на бременост.
Ким секако си беше дебела, баталете фотошоп и триста глупости, универзално правило е дека на метро и жилет 60 кг. му се многу. Од другата страна пак Бијонсе, може да се пофали со облина.
Добро бе што сте се фатиле за дебелината? Па и Адел е дебела па никој не ја вреѓа. Дека женава има добри комбинации има, и дека е дебела е, ама па зарем е тоа толку страшно? Ене во темата омилени блогерки има ставано слики од покрупни жени па никој не искоментира таму нешто. Сите имаме утки ама па не мора одма да се хејта пошто е дебела. Него во врска со бременоста, вчера прочитав дека немало врска тоа, не била бремена.
Де де, не ја хејтаме што е дебела, туку што тврди дека има облини...или ако не тврди, во тој случај ги хејтаме тие што тврдат И кога Ким ќе пее како Адел, наместо да се шири наоколу за внимание и публицитет, ќе и ги простиме и облините и целулитот и ноктето на малото прсте.
Па има облини. Многу поглупо и смешно е кога ќе напишат облините на Ирина Шаек кои се во најмала рака фиктивни. Ова е дебело. А гради, струк и колк/задник не знам точно кога почнаа да спаѓаат во дебелина ама добро (не зборувам за во моментов и бременоста.)
Од секогаш ми се допаѓал нејзиниот стил; комбинациите едноставно и се прекрасни. И дефинитивно има прекрасно тело, со облини, а тоа не е дебелина. Не и се познава целулит во големи количини или пак спојлерчиња или слични такви работи кои укажуваат на дебелина. Единствено што не ми се допаѓа кај неа е начинот на кој се прослави. Гледав снимка од една емисија каде што гостување со мајка и и сестрите и водителката убаво и кажа: „Каков талент имате? Ниту пеете, ниту глумите, ниту играте? Што е она што ве прави славни?“ Според мене е многу во право, затоа што да не беше оној нејзин фамозен „филм“ никој денес немаше ниту да го гледа шоуто, ниту пак ќе имаше слушнато за нејзиното име.
Омг разликата во облините во претпоследната и последната слика аплата на последната е истанчена а што е јака јака е бре жена и пол е
Не сум затрескана по Ким, бидејќи е една таква глупача најголема на свет, ама затоа е многу убава и секси! Многу ми се допаѓаат нејзините комбинации, ама ште е е, понекогаш такви утки знае да прави! Еве некои убави комбинации :
Настрана тоа која е што е, колку е интелегентна и така натаму, ми се допаѓа како се облекува ама ова морав да го споделам, ме насмеа од срце